Она што Вејд му го направи на Коби не беше обично пуштање крв, туку КРШЕЊЕ нос и потрес на мозок.
После удесувањето на Рондо во ланскиот плејоф (му го исчаши рамото), сега Вејд си ја покажа темната страна насред Олстар утакмица. Фаулот над Коби беше непотребен и неумесен. Особено што исто ко на Рондо лани, не му се ни извини. Џабе му е и трипл-дабл и све. Ваков гнасен потег (па уште од позади, коа Коби не ни очекуваше) му го одзема целиот кредибилитет во очите на фановите. Среќа што ова му го направи на Коби кој има стабилна база на хејтери, а не на Џереми Лин или Дурент или некој друг миленик на фановите низ светот, пошто тек тогаш ќе беше големата.
Но Коби е јак дечко, па ни скршен нос не го спречи од играње добра утакмица. Потресот на мозок го спречил од дружење со медиумите и забављање, но тоа и не е така голема работа.
Кога сме кај Коби – денес проструи шпекулација дека болките во коленото и скочниот зглоб летоска, пред експерименталниот тертман во Германија му биле толку големи, што дури планирал да се пензионира! Да се потсетиме, заради повредите Коби минатата сезона играше многу малку, скоро и да не тренираше, и имаше ниски бројки. Оваа година, залечен (иако го мачеше зглобот на раката), и мотивиран после разводот кој го кошта пола богатство, Коби делува подмладено и оди храбро кон нови достигнувања – го пројде Шек по број на поени, а ете и Џордан како најдобар стрелец во историјата на Олстар натпреварите.
Она што го очекувам лично во следните неколку натпревари е љута и накурчена Мамба со маска ко Рип Хамилтон. Особено ќе биде интересно кога на четврти март Лејкерси ќе гостуваат во Саут Бич, па можеби Коби ќе го почасти Вејд со некое пеесче или постерче.





