Технички проблеми не спречија да ја опееме неделната Олстар бајка која и не беше толку бајкеста
Posted by Shepard Under Aмар-корд, All-Star 2009, Играчи, Кобиџилница, Лебронџилница, Трејд муабети, Шек Бургер on Tuesday Feb 17, 2009Проблем со серверите не оддалечи од терените едно 2-3 дена.
Веројатно сите го изглеавте Олстарот, а до сеа кој не го изгледа во живо, сто посто го фати репризно, или па глеал хајлајтс онлајн.
Не беше баш најинтересниот Олстар у питање, иако вака навидум, фино беше све..
Во моментов немам време а и инспирација поради терсенето сервери, а сакав да напишам една песничка за обединувањето на Коби и Шек, кое за мене беше како во бајка (фалеше коа им го даваа трофејот онака виножито, водопади, еднорози да почнат да шетаат). Во секој случај, местено или не (а факат чим ја тврдам дека е местено, значи стварно е), Штерн си направи убава реклама, а Шек и Коби си додоа уште една графа во биографиите.
Што се тиче самата утакмица – она што го спомнав уште во постот за изборот на резервите, а и после тоа коа Бош се повреди – дека Истокот нема висина, допринесе да се дешава разврат во нивниот рекет (затоа и Шек потсети на старите денови, коа го чуваше Рашард Луис).
Друга ствар; иако сум најголем Коби фан, не можам и да не му замерам на Мамбата дека апла се гледаше дека е дојден да се докажува. Ама го разбирам, па чак можда и да го оправдувам до негде. Факт е дека уште долго нема да го надмине Шек комплексот. Самото присуство на Шек му направи да се осеќа потишетно веројатно, и му роди желба да се докажува. Анксиозноста на Брајант можеше да се примети и по интервјуата и снимките и све што се случуваше. После фристајлот од летоска, коа Шек пееше “Kobe can’t do it without me” и нешо со “Kobe in my ass” или сл., малце почнаа да им се мењаат улогите. Ако Шекил беше “жртвата” на ароганцијата на Коби, сега Шек е баш злоставувач, шо му се сити на слабите моменти. Со неколкуте изјави дека Коби е најдобар, дека многу го почитува и со “The Big Legendaries” Дизелот проба да се искупи, ама тешко.. На пример, целиот муабет со тоа дека Коби му дозволил на Шек да го земе трофејот да им го покаже на децата дома, ја не глеам гест на доброќудност, туку гест “нејќам да иам ништо со тебе”. Самата изјава дека ова било Олстар ко Олстар, си поиграле, се забавувале и нема сеа да стануваат носталгични, кажува многу за ставот на Коби према работите.
Некои злобници коментираат дека и Шек имал мотив да се докажува, пошто можно е да биде трампан. Истото важи и за Амари, кој веројатно ќе заврши во Чикаго за Тајрус Томас и некоја боранија.
На Истокот, тазешишаниот старец Ајверсон имаше слаба минутажа, ама затоа се изнаиграа Ален и Луис. Дебито на Мо Вилијамс не беше ништо спектакуларно, уствари ништо немаше спектакуларно воопшто. ЛеБрон нешто се дивеше, ама ЛеБрон секогаш е здивен
И така, уствари ај доста за Олстарот, да нафрлиме само неколку трејд муабети:
- Чендлер трампан за Џо Смит и Крис Вилкокс во Оклахома (Џо Смит ќе биде првиот играч што играл за сите НБА тимови). Чендер даваше 8 кома нешто поени по натпревар, од кои по 6 беа од цепелини на асистенции од Крис Пол. Сега ваљда Вилкокс ќе се опроба?
- Сем Е.Т. Кесел трампан у Сакраменто за некој пик. Не дека ќе заигра.
- Картер можно е да му се приклучи на братучед му у Хјустон, у трампа у која би бил уклучен Рон Артест. Картер го бара и Сан Антонио, и тоа за него го нуди БРУС БОУЕН и Роџер Мејсон, кој е Џуниор. Го бара и Портланд.
- Кливленд сака да го донесе Ентоан Џејмисон. Го дава Шчербијак (и ја би го дал, ама не би го зел).
- Марк Кјубан е заинтересиран за сите.
- Се вртат имињата на Реф ЛаФренц, Бред Милер, Малик Роуз.. испукани куршуми..
И така, се надевам не ве избедира тоа што падна блогов у најинтересното..











