Ол-стар тапети

Posted by Karakash Under All Star 2011, Грифиндор on Thursday Mar 3, 2011

Иако Ол-старот се случи пред скоро две недели, ми останаа некои топ фотки кои би било штета да не ги поделам со вас. Како на пример овие две, кои можете слободно да си ги закачите на десктоп. Има уште понекоја која ќе гледам да ја постирам деновиве.

ADD COMMENTS

NY bound?

Posted by Karakash Under Aмар-корд, All Star 2011 on Monday Feb 21, 2011

Амари: Мело, кажи кај да искочиме после текмата со Кливленд во петок.

* * * * * *

Многу лесно може да се случи Ол-Старот да биде последен пат како Мело и Амари играа еден против друг. Гледав многу-многу МакНБА да не се занимава со целава оваа Мело-драма, колку тоа беше можно, а најдобро е тоа што таа може да трае најдолго до четврток.

После тоа Мело или ќе го носи дресот на Никси или тој на Нетси. Отворено останува и останувањето во Денвер, но не верувам дека Нагетси ќе дозволат да не добијат ништо на него на лето.

Нагетси, кои btw, ќе видиме дали се добри или лоши блефери. Покрај пакетот од Галинари, Фелтон, Чендлер и пик од 1. рунда, сега као го сакаат и Мозгов за Мело, Билапс и нешто ситно. Тука Никси мораат да подвлечат линија и да им дадат задња понуда. Без Мозгов.

PS: Во муабетов има место и за шизикот Прокхоров, и за човекот од сенка – Ајзеа Томас и некои други работи, ама за да не тумачиме нешто што не се десило, ај да видиме прво како ќе се одвиваат работите до четврток.

ADD COMMENTS

Амари (heart) Коби

Posted by Karakash Under Aмар-корд, All Star 2011, Кобиџилница on Monday Feb 21, 2011

You can tell he wanted to get the MVP. He wasn’t passing the ball at all. That’s Kobe” – Амари.

Стадемаер и кога беа заедно во тимот на Западот не го сакаше многу Коби.

ADD COMMENTS

Кога Шеп вика дека Коби е најбољи и дека нема муабет на таа тема, кој сум јас да кажам дека не е така… :)

Шега на страна, Коби си го освои четвртиот ол-стар МВП трофеј со што се изедначи на врвот со Боб Петит. Со оглед на тоа дека ќе игра уште, ништо чудно младиве момци да го остават да биде МВП повторно и со тоа да стане апсолутен рекордер. Рекорд кој во основа нема никакво значење.

Реално, Коби синоќа заслужи да биде МВП, иако јас би му дал со-МВП заедно со Дурент. Доколку Истокот го комлетираше камбекот, веројатно ќе мораа да му го дадат на Леброн, кој го имаше вториот трипл-дабл, многу поимпресивен од првиот на МЈ.

Синоќа твитнав за его-трипот на Коби во еден период од текмата, кога ликот играше како никој друг да нема на теренот. Но, тоа од него и можеше да се очекува. На крајот, ликот сепак играше во својата арена и беше еден од најискусните во младиот тим на Западот. И да не сакаа да го играат на моменти, а сигурно не сакаа со оглед на менталитетот “црна дупка“ во еден период. младите момци не смееја ни да помислат на такво нешто.

Слични ситуации имаше порано и со Мајкл, така да ова не е ништо ново кога е Ол-Старот во прашање. Но, не ми се свиѓало тогаш и не ми се свиѓа ни сега. Посебно кога имаме 24 НБА ѕвезди на теренот. Но, и во такво опкружување има што да се докажува, по се изгледа.

Нема врска, ко што реков Кобстерот си го0 заслужи МВП трофејот и тоа е најбитно на крајот.

Исто како и податокот дека тоа ќе му биде најлесно добиениот трофеј оваа сезона. За се останато ќе мора екстра да се намачи, но и да ја има помошта од соиграчите. Од овој момент Лејкерси треба да заборават на Ол-Старот и да се фокусираат на враќање во ритам. Како и објаснување на самите себеси како дозволија да изгубат од Шарлот и од Кливченд.

Ова не е ругање на Коби и Лејкерси, само е реален поглед на работите, затоа што ќе им биде тешко на Западот, а и ако го поминат, нема да има така млак третман во евентуалното финале со тимот на Док Риверс или пак тој на Лебронтије и Вејд.

Од тука патот станува потежок, а добро за фановите на Лејкерси е што Коби делува дека многу добро го знае тоа.

Можеби затоа и беше онаа партија  синоќа, да им покаже на младите момци дека се уште може да биде The Black Mamba.

1 COMMENT

Имам чудно чувство дека за Коби ќе се мрчи дека многу себичел и дека играл преозбилно на Олстар, па решив да стаам превентивен пост. Тоа за себичењето може и да пројде, ама од друга страна ни Дурент не беше боље (23 обиди од поле), плус коа некој е поише од 50% од поле тоа не се важи за себичење :Р Од друга страна, за “озбилното играње” – тоа е моментот што им фалеше на Олстар утакмиците во изминативе години – компетитивен и “озбилен” дух. Башка забелешката за “озбилноста” и не е толку апликабилна на офанзивниот крај.

На крајот на денот, Коби пак напиша историја. А богами остави хајлајтс као за цела сезона до сеа. Севкупно пак, одличен Олстар (и главна утакмица и цел викенд) – за мене најдобар во последниве години.

ПС. Трипл даблот на ЛеБрон 29-12-10. Трипл даблот на Џордан у 1997 – 14-11-11. Па видете сеа.

ППС. Публиката го бараше Блејк. Мислам дека таков миленик до сеа немало.

ПППС. Ријана има бут као Роберто Карлос.

ADD COMMENTS

Air Congo

Posted by Karakash Under All Star 2011, Легенди, MJ23 on Sunday Feb 20, 2011

Синоќа Серж Ибака и жирито докажаа дека веќе нема место за куцање од линијата за слободни во натпреварот во куцање. Имаше една мала разлика во куцањето на Серж од тие на МЈ и Др.Џеј, а таа во фактот дека Серж навистина закуца од слободни.

Плус, Ибака е центар, а центрите не се познати по таква подвижност и брзина како бековите и крилата. Башка, тука е и факторот килажа.

Но, Ер Конго не се посрамоти синоќа, иако не му требаше она бизарното и лигаво куцање, со целата претстава со потресеноно дете, за меченцето кое висеше на обрачот.

ADD COMMENTS

The Showstopper

Posted by Karakash Under All Star 2011 on Sunday Feb 20, 2011

Синоќа најоштетен во Ел-Еј беше Демар, кој заслужи подобри гласови од жирито. Заслужи и Ибака, но за мене најдоброто куцање го имаше баш Дерозан. Чисто, олд-скул, атрактивно и она што ми е многу битно – од прва.

Btw, момакот го имаше и најдобриот тренер од сите четворица. The Chocolate Thunder!

ПС: Наводно, Демар имал спремено нешто екстра атрактивно за во финале, но за жал, жирито не му дозволи да се најде таму.

ADD COMMENTS