Garden Party

Posted by Karakash Under Aмар-корд, Пирсинг, Рондомониум on Sunday Dec 25, 2011

Првата текма од новата сезона низ четири фотки…

Пол Пирс со некое џуџе

Моментот!

Прослава на првата титула на Никси после 40 години.

На кого не би му било криво после 31 поен и 13 асистенции.

1 COMMENT

Nike ко по обичај, рокаат газови со своите реклами. Мхм.

ADD COMMENTS

Во Њујорк седум години чекаа на камбек во плеј-офот и со самото тоа на една плеј-оф текма на Никси во MSG. И кога конечно му дојде крајот и на тој пост, Селтикси дојдоа вo Њујорк и им се покакаа на сред MSG.

Првите две текми во Бостон некако створија лажна слика дека овие Никси можат да се носат со Бостон. Дури и да го изненадат според некого. Но, вистината е нешто сосема поинаква. Кога играат како што знаат, овие Селтикси, без трампаниот Перкинс, без повредениот Шек, со едноногиот Џермејн на стартен центар и бескорисната клупа, се пресилни за Њујорк. Но, тоа не би требало да чуди никого.

Нормално, тоа што не играше Билапс, а Амари исто како и да не играше, секако дека е хендикеп плус за Никси. Но, реално, и со нив тројца на теренот остатокот од таа екипа е во најмала рака сумљив. Таму има ликови како Картер, Мејсон, Џефрис, Вокер, Вилијамс итн. кои реално не би можеле да се изборат за место во добар дел од екипите кои не ни играат плеј-оф.

Најголемата задача за сите во Њујорк е да пронајдат играчи кои ќе можат да ги пополнат дупките околу Мело, Амари и Билапс. Тоа нема да биде лесно, но проектот треба да стартува уште ова лето. Трошењето милиони на неупотребливи фаци не било проблем за Долан, така да сега кога имаат ол-стар база човекот не би требал да жали во правењето на вистински контендер од Никси.

Назад на дешавките синоќа во MSG, Пирс, Ален и Рондо имаат невиден час по кошарка и одлично ги користеа сите споменати проблеми на Никси и играњето против НБДЛ екипа појачана за Кармело.

На крај…

Омилениот на публиката во Њујорк – Пирс = 38 pts on 14/19 shooting, including 6 of 8 from behind the arc.

Бизаро Рондо = 15 pts, 20 asst(?!?), & 11 rebs.

Реј-Реј = 32 pts on 11-18 shooting, 8 of 11 fоr three.

ADD COMMENTS

Омекшивач

Posted by Karakash Under Aмар-корд on Wednesday Apr 6, 2011

Ха, Амари некого нарекува – Soft.

Бајнам не чекаше многу да му одговори на Амари и да застане во одбрана на својот соиграч во рекетот…

Но, нормално, Дибекот како по обичај го има најдобриот одговор…

Pau got moves. He don’t have to be hard. That’s why he got us,” answered a shirtless Artest, flexing his chest and arm. “Amare posed on the front of [a magazine] butt naked. OK, is that tough?”

Можам да замислам каков одговор ќе добиеле да го прашале Мет Барнс за коментаров на Амари.

ADD COMMENTS

The New – New York Knicks

Posted by Karakash Under Aмар-корд on Wednesday Feb 23, 2011

Кога веќе не можеше својата 15-ка, во Њујорк Мело се одлучи да ја носи среќната “седмица“.

Монтажата е од одличниот за вакви работи Ryan Hurst.

1 COMMENT

Визионери

Posted by Karakash Under Aмар-корд, Д-Вајт, Пол, Трејд муабети on Tuesday Feb 22, 2011

Колку и да му ја мислам за трејдов на Никси, Нагетси и Вулфси, се повеќе ми станува јасно дека не може да се даде конечна одлука за него. Барем не до четврток, кога е трејд дедлајнот. Иако конечната одлука можеби ќе се носи и наредното лето, кога некои играчи на кои Никси имаат фрлено око се слободни. На пример, Дерон и Пол, па можеби и Двајт.

Онака на прва, ако остане вака како што е по овој дил, сите три тима го добија тоа што го бараа. Делува дека Нагетси поминаа најдобро, затоа што добија се што еден тим кој планира да тргне во целосен ремонт, може да го посака. Од Нетси ќе добиеа некој пик од прва рунда повеќе, но вака добиваат готови НБА играчи кои не се на залез на кариера.

Е сега, ако се исполнат други некои најави и некој од четворкава на Никси, заедно со уште некој староседелец биде трампан во следните два дена, овој трејд може да добие сосема ново значење за Денвер.

Најважното за нив беше да не го загубат Мело за ништо, а патем ако можат да извлечат максимум за него и во пакет со Мело да го испратат и Билапс, кој немаше логика да останува во Колорадо во таква ситуација.

Плеј на иднината на тимот е Тај Лосон, па така можно е Фелтон да заврши во некој друг тим до четврток. Уште ако успеат да го убацат во некој дил заедно со Ал Херингтон или Брдмен или пак Џеј-Ар Смит, Нагетси ќе бидат на коњ.

Но, затоа ќе мораме да почекаме до четврток.

Од гледан точка на Никси, ова е нешто што го сакаше нивниот газда, го сакаше Амари, а и публиката во MSG, која од минатото лето жали што со Стадемаер не дојде уште една ѕвезда. Сега ја добија, и тоа баш ко0га момците како Фелтон, Гало, Чендлер, па и Мозгов во последните месец дена, почнаа да им прираснуваат за срце. Ако ништо друго, даваа се од себе на теренот, а тоа посебно се цени во Њујорк.

Логичен е и аргументот дека со овој состав на играчи Никси не можеа да се надеваат на ништо повеќе од шестото, можеби максимум петтото место на Истокот и најверојатна елиминација во прва рунда. Но, и тоа е напредок во однос на изминатите бааги сезони.

Со Билапс, Мело, Шелден. Болкмен и Бруер во тимот тоа не се менува оваа сезона. Првото коло е максимум, посебно сега кога на клупата и во рекетот дува промаја.

Чонси, иако во Денвер покажа дека може да игра во екипа која сака брзо темпо, сепак полни 34 години, што и не некој гарант за светла иднина. Човекот има подобар шут од Фелтон и знае да биде опасен на блок, кој сега ќе му го поставува Амари. Ситуација во која ќе се наоѓа многу почесто отколку што тоа беше случај во Колорадо.

Сепак, визијата за еден од Дерон и Пол во Њујорк од сезоната 2012/13 е она што ги тера фановите на Никси да го одобрат овој дил, иако на прва се откажаа од многу за да го добијат тоа што го сакаа.

Некако ми се чини дека истата приказна се повторува во Њујорк. Пред некои три-четири години почна чистката во клубот со визија за летото 2010. година кога главна цел беше Леброн, а ако не успеат со него – Вејд. Или па и двајцата во пакет. Ако може. Сега двајцата играат заедно, ама во Мајами.

Сега ќе се чека летото 2012-та (во подобра ситуација од таа претходно) и ќе се надева на доаѓање на еден топ плеј, а ако имаат среќа, можеби и Двајт. Некако се таму се сведува на чекање и надевање.

ПС: Ова деф. не е задње нешто што ќе се пишува тука за овој дил. но е добар почеток … :)

ADD COMMENTS

Bright City Lights

Posted by Karakash Under Aмар-корд, Трејд муабети on Tuesday Feb 22, 2011

Конечно, Никси го лапнаа Мело во трејд со Нагетси. Амари си го доби ол-стар другарчето кое сакаше да го види покрај себе, но за да му ја исполнат таа желба, Никси се откажаа од скоро цел тим. Барем од сите оние играчи кои вредеа нешто и кои беа срцето и душата (+Амари) на новите Никси кои сезонава се градеа во MSG.

Ајде, ќе го тумачиме ова денеска пак.

1 COMMENT