Пошто на НБА газдиве и на играчиве очигледно ги заболе за обичните НБА фанови, ај ние малце да се позанимаваме со оние кои нема да ги гледаме кога ќе почне следната сезона. Еден убав сончев ден, кога и да биде тоа.

Жал ми е за Јао. Искрено ми е жал. Човекот не по своја вина мораше да стави преран крај на кариерата ова лето, оставајќи не сите да се прашуваме – What if…

Уникатен лик во секој поглед,  не само поради тоа што беше од Кина, туку и поради мирната природа, која никако не се вклопуваше во некои американски, баскетџиски сфаќања на кошарката. Тип кој не сакаше да навреди никого и кој кон секого се однесуваше со почит. Јаоза има и екстра смисол за хумор, а тие што не го гледале, препорачувам да го симнат и гледаат – The Year of the Yao.

Шубе ми е кога знам дека од следната сезона (ќе мора да почне еден ден, кога тогаш) нема да можам да го видам Јаоза на теренот, а нема да го има ни Шек на него, ни Зенот покрај него. Не дека Јаоза играше многу во последно време, но кога беше скоро 100% фит (не верувам дека некогаш беше баш 100%), човекот беше убавина за гледање со нетипични за еден џин работа со нозе и мек шут однадвор.

Точно е дека си имаше свои маани, како и секој играч, но Јаоза со својот позитивен став, насмевка и почит за секого, е нешто што сигурно ќе и недостига на НБА.

ПС: Што поради локаутот, што поради жештиниве и отсуството на дешавки вредни за внимание во НБА, некако ми е тешко да се натерам во последно време да шкртнам нешто на МакНБА. Знам, се приметува.


ADD COMMENTS

Останавме и без Јаоза

Posted by Karakash Under Јаоза on Friday Jul 8, 2011

Ако му е за верување на Војнаровски, а обично човекот е во право, после Шек и Зенот, следната сезона (кога и да се случи таа) ќе бидеме и без Јаоза.

Следното големо нешто за жал остана само Следното големо ништо, следното големо разочарување во НБА. Нешто за што не е виновен самиот Јао со своите игри, туку неговата конституција, маса и секогаш проблематични стопала.

Штета, затоа што Јао е вистински кул лик кој стабилно чекори на земја (фигуративно, не буквално, тоа му се нема случено последните неколку години).

ПС: Изгледа покрај планираните ретки фотки од Шек и Зенот, ќе мора да се пробуричка архивата и за фотки од Јаоза. Ако имате нешто ретро и интересно, слободно праќајте.

ADD COMMENTS

Пост-оскаровски: Yao in “Banged Up”

Posted by Karakash Under Јаоза, Филм on Monday Feb 28, 2011

Која и да е сезона во прашање, ова е актуелен постер.

ADD COMMENTS

Синоќа на TNT беа објавени ол-стар резервите за селекциите на Истокот и Западот и како и што се очекуваше, мораше да се случи неправда на Западот. Тоа беше неизбежно со оглед на големиот број играчи кои заслужија да се најдат во Ел-Еј.

На крај оној кој не смееше да извиси се најде во аут. Момакот кој статистички има сезона за историја, посебно од скокачки аспект и момак кој не е крив што е дел од ужасен тим и ужасна организација на која никој не може да и помогне.

Со сета должна почит кон Зеко, Монтеј, Нештињо, Олдриџ, Тончи и Ламар, Кевин е ликот кој мора да биде повикан од страна на комишот како допуна за Јаоза. Мора. Само така може да се исправи оваа неправда.

Некој ќе каже дека на Лав не му ни е местото на Ол-Стар. Као, ликот не бил атрактивен. Пффффф. Тоа може да го каже само некој кој не е само НБА лаик, туку и кошаркарски лаик. Ол-стар тимот никогаш не се селектирал според атрактивноста, туку според квалитетот на играчот и начинот на кој ја игра актуелната сезона.

Да беше така, Тимчо Роботчо никогаш немаше да заигра на еден ол-стар, ама ете го пак, и на овој (иако можеби и не требаше да се најде тука). Сличен е муабетот и за Карл Мелоун и еден куп други големи играчи кои не беа некоја посебна атракција.

Ајде, комишу, FREE KEVIN LOVE!

1 COMMENT

Ко што си знаете, синоќа на TNT беа објавени првите ол-стар петорки. За оние кои не знаат, за Истокот тоа се Двајт, Амари, Леброн, Вејд и Роуз, додека за Западот ќе стартуваат Коби, Пол, Дурент, Кармело и ликот кој комишот ќе го избере да го пополни местото на Јаоза.

Тоа се стартерите и тука, како и секоја година, нема што да се коментира посебно. Тоа се гласови на фановите кои често знаат на многумина да не им се свиѓаат. Годинава, за разлика од порано, стартериве се прилично реален избор, освен нормално Јаоза, за кого Кинезите ќе гласаат се додека биде дел од гласачките формулари. Па макар бил и во количка…пу-пу, скраја да е.

Како и секогаш, најголемите неправди се случуваат кога треба да се именуваат стартерите и редовно, секоја година има еден или повеќе играчи кои заслужуваат да се најдат на ол-старот, ама од икс причини не се избрани од тренерите.

Додека не ги дознаеме и нивните имиња, еве како би бирале две различни постави на TNT, Вајнер, Мекхејл и Вебер….

И нормално, Ерни, Кени и Чак:

како и да е, некој ќе го јаде и нема да се најде во Ел-Еј на 20-ти следниот месец, иако веројатно заслужува да биде ол-стар.

Што мислите вие, кого треба да седи на клупите на Истокот и Западот? Не тренери, нормално, него играчи…

1 COMMENT

НБА избеглици

Posted by Karakash Under Јаоза, Бизаро on Friday Sep 17, 2010

Веста од оди вака…

Ајверсон би можел да заврши во Кина

Според неговиот личен менаџер, доколку не пронајде ангажман во НБА, Ален Ајверсон следната сезона би можел да ја мине играјќи во Кина.

Откако полека му се затворија сите врати во НБА, Ален Ајверсон сериозно размислува следната сезона да ја мине во Кина. Неговиот личен менаџер, Гери Мур изјави дека ниту еден од 30. НБА тимови не го контактирал во врска со Ајверсон. Нешто што со оглед на фактот дека за неполни две недели стартуваат подготовките за новата сезона, јасно му става до знаење на некогашниот МВП на Лигата дека веќе не е посакуван како некогаш.

Според Мур постои заеднички интерес помеѓу Ајверсон и тим од кинеската професионална лига кој во иднина би можел да резултира со договор помеѓу двете страни.

“Запрепастени сме од самото тоа што ниту еден НБА тим до сега не пројавил заинтересираност за Ален. Едноставно, тоа ми е несфатливо“ – изјави Мур.

Доколку навистина одлучи да се пресели во Кина, Ајверсон таму ќе се сретне со многу познато лице во Стефон Марбери. Плејот, откако на сличен начин како и Ајверсон не успеа да пронајде место во некој НБА клуб минатата сезона ја мина како член на Шанжи Жонгју во Кинеската професионална лига.

Значи, според ова Ајверсон е новиот НБА Кинез. Пошто е сосема јасно дека кога до сега никој не го контактирал од НБА, нема ни да го контактирал до стартот на сезоната, својата среќа и долари Ален може да си ги бара во Кина. Земја во која најмногу поради Рибок, од кој е дел и Јао Минг, едно време беше страшно популарен. Кинезите сигурно не го заборавиле. Исто како и Мекгрејди, кој исто така стана ѕвезда во Кина играјќи покрај Јаоза.

Реално, не ни очекував да има некаков интерес за Ајверсон, кој јасно им стави на сите до знаење дека не планира да се жртвува за тимот во кој би играл со тоа што би бил резерва и би играл 20. минути по средба. Истиот его-проблем го има и Трејси, па затоа го одбра Детроит (не дела другите се испотепаа за него). Во Кина Алне може пак да си биде ѕвезда и фактор, нешто што во НБА веќе некое време не е. Така егото ќе му остане недопрено.

Дружба би можел да му прави Марбери, кој веќе доби клоца од НБА од исти причини. Какви само епски дуели ќе бидат тоа. За кинески стандарди, разбира се.

Дуели на кои би можел да им се приклули уште еден бек-шутер во тело на плеј кој беше страшно популарен пред помалку од десетина години и кој исто како и овие двајца го носеше дресот со бр. 3. Според неговиот менаџер и Стив Френсис би можел да заигра во Кина, комплетирајќи го триото на НБА избеглици во Кина. Стиви сигурно уште е популарен таму од времето кога му стана најдобро другарче на Јаоза во неговата руки сезона, така да ете му прилика и да игра и да заработи кое доларче плус.

А НБА веќе одамна се навикна да тера без овие три фаци. И подобро и е. Посебно со подемот на некои нови клинци од типот на Дурент кои ни од далеку не се толкави его-манијаци како овие тројца.

2 COMMENTS

Аман бре, Јаоза

Posted by Karakash Under Јаоза on Wednesday Jul 28, 2010

“If the foot injury does not heal next season, I might choose to call it quits”така вика Јао Минг.

Јаоза е еден од оние момци кои едноставно сакаш да успеат. Кариера без скандали, без мрчење, без однесување како сонцето да изгрева од неговиот задник, како што многумина во НБА си мислат за себеси.

Сепак, повредите, на нозете се нешто неизбежно за екстремно високи играчи и тие не го одбегнаа ни Јаоза цела негова кариера. Иако за чудо колената до сега не страдаа нешто посериозно, Јао има проблем со стапалата. Проблем кој веќе неколку сезони го уназадува него, но ги уназадува и Рокетси.

И покрај тоа, оваа негова изјава звучи страшно. Пред се затоа што самиот Јаоза си знае низ што се поминал и поминува последниве години кога се во прашање повредите, од болките, до болните рехабилитации. И се така во круг. Тој циклус го прекинуваат неговите повремени блесоци на теренот, на кој кога е здрав со право важи за еден од двајцата најдобри центри на светот. Дефинитивно најдобриот офанзивен центар на планетата. Вистински центри, не “четворки“ маскирани во центри.

Поради тоа, но и поради неговата појава и карактер, му посакувам на Јаоза одлична, пред се без повреди, сезона, по која оваа изјава ќе ја паметиме само како негов момент на слабост. Момакот, но и НБА, заслужува да го видиме во полн сјај. И него, и Рокетси.

2 COMMENTS