Конечно

Posted by Karakash Under Грифиндор, Пол, Трејд муабети on Thursday Dec 15, 2011

На крај бидна. Комишот успеа да ја измолзе најдобрата понуда за Хорнетси, Клиперси успеаја да дојдат до играчот кој веруваат дека ќе ги однесе едно ниво погоре и кој ќе го направи Грифиндор среќен. Ако ја гледавте реакцијата на Блејк и Деандре за трејдот за Пол, не може, а да не ви биде малку криво за Ерик Гордон, кој беше спакуван за Њу Орлеанс.

Да успеаја некако да го задржат и него, Клиперси ќе беа неверојатно страшна екипа. Не дека вака не се, но така ќе имаа легитимна НБА двојка со добар шут однадвор. Уште кога одбраните ќе се фокусираа на Пол и Грифин, Гордон ќе ги пунеше од тројка. Сега таа задача ќе ја има Чонси, кој ќе мора почесто да игра на двојка во Ел-Еј.

Хорнетси мислам дека ретко кој ги анализира по овој трејд, но реално е дека тие го добија максимумот за еден играч, па и тој нека се вика Крис Пол. Пикот на Минесота следното лето е многу битен, барем во моментов, а во Амину и Гордон имаат двајца играчи кои можат да бидат дел од нивната иднина. Кејмн најверојатно ќе биде трампан некаде во февруари, но и тоа ќе им донесе нешто плус.

Како и да е, мило ми е што целава оваа сага со Пол заврши и што човекот си има нова екипа. Тоа што таа екипа се баш Клиперси знам дека на многумина не им се свиѓа, но, тоа е реалноста.

Исто како цепелините кои ќе летаат за Грифиндор и Деандре.

Монтажа by nbaphotoshops

ADD COMMENTS

Циркус

Posted by Karakash Under Бизаро, Пол, Трејд муабети on Monday Dec 12, 2011

До пред циркусов кој настана со неуспешните трампи на Крис Пол во Лос Анџелес не знаев што значи еден клуб да биде раководен од страна на НБА. Кога лани Лигата го презема раководењето со Њу Орлеанс, мислев дека тоа ќе биде само на кратко и дека нема да се мешаат во работата на ген. менаџер.

Арно ама, Комишот ои неговата дружина, осоколени по добивањето на она што воглавном го бараа во новиот Колективен договор, почнаа да се фураат. Премногу да се фураат. Трампите кои не успеаја беа добри за Хорнетси, за тоа нема збор. Но, како и во преговорите со Унијата, Комишот сакаше да извлече уште. И уште. Додека екипите кои го сакаа Пол не се повлекоа. Лејкерси дефинитивно дигнаа раце, додека Клиперси не се луди, иако зборуваме за Пол, да го дадат она што се бараше од нив.

Еден Ерик ок, Гордон или Бледсо. Ама не и двајцата. Башка плус и пикот на Минесота од првата рунда догодина. Па уште и потенцијалот Амину и договорот во истекување на Кејмн. Мај ес што некој би прифатил таков дил.

Сега навистина не знам што ќе се случува со Пол. Човекот сигурно е разочаран, а и бесен на Комишот. После ова фијаско до сега, не знам кој клуб воопшто ќе се нафати да преговара за трејд со НБА и Комишот, зошто сосема е јасно дека Дел Демпс, Џи-Емот на Хорнетси тука е само ентериер во канцеларијата на Хорнетси.

Изгледа Комишот откако не му успеа да ја стави под клуч цела лига, се одлучи да ги стави под клуч Хорнетси оваа сезона.

ADD COMMENTS

WOW!

Posted by Karakash Under Грифиндор, Пол, Трејд муабети on Monday Dec 12, 2011

WOW – беше твитот на Крис Пол кога дозна дека НБА го блокирала неговиот трејд во Лејкерси.

Сега сите ние викаме WOW по веста дека Клиперси се тие кои се најблиску до трејд за Пол, и тоа со пакет кој делува доста послабо од оној кој ќе добиеа во трејдот со Лејкерси и Хјустон. Но, пакетот само делува послабо, Реално, не е. Барем не со оглед на она што Хорнетси (односно) НБА сака да го добие за Пол.

Во предложениот трејд, Хорнетси за Пол би ги добиле Ал-Фарук Амину, Ерик Бледсо, Крис Кејмн и најважното, пикот на следниот драфт кој Клиперси го имаа веќе некое време, а е на Минесота.  За следниот драфт тој пик станува незаштитен, а со оглед на силината на Минесота, јасно е дека може да се деси да биде и бр. 1.

Покрај тој пик, Хорнетси ќе го имаат и својот, а со екипа без Пол и Вест, со млади момци, јасно е дека и тој пик има големи  шанси да се претвори во прв пик. Како што сега стојат работите, Хорнетси по овој трејд ќе имаат реални шанси да имаат два пика меѓу првите три, ако не и првите два на следниот драфт, кој ветува дека ќе биде најсилен во последните неколку години.

Тоа не е мала работа за екипа која не сака да заглавува со плати на играчи кои имаат 30 години и која сака да се обновува преку драфтот и со млади момци.

Договорот на Кејмн истекува следното лето и тој, ако Кејмн игра добро, ќе биде добра можност за негово трампање во текот на сезоната.

Бледсо и Амину се добри млади играчи, посебно вториов, кој во фаца делува како клон на Двајт, а во стилот на игра покажува потенцијал да биде добар играч во НБА.

За страотата од Пол во тандем со Грифиндор, а со поддршка од Гордон, Карон Батлер, Мо Вилијамс, Ренди Фој и најверојатно Деандре Џордан, во следната прилика. Да видиме прво дали Комишот ќе го одобри овој дил, кој сигурно ќе ги разбесни Лејкерси и Селтикси.

ПС: Пол во овој трејд би гарантирал дека и во сезоната 2012/13 би останал во Лос Анџелес.

4 COMMENTS

Вака помина последниот дуел на Дирк и Одом. Сега, по изненадувачкиот трејд на Ламар во Далас, тие ќе играат заедно. Од Лејкерси викаат дека трејдот на Одом во Тексас за traded player exception тешко 8.9 милиони долари и два идни избори на драфтот на Далас, но со тоа нема да излажат никого. Ова е факат најава за тргнување по Двајт во следните неколку дена, откако Хауард си кажа дека сака трејд во Нетси, ама би можело и во Лејкерс или Далас.

Откако пропадна планот за Пол и по вториот обид, Двајт може да им дојде како премија. Веројатно би требале да бидат жртвувани Бајнам и Пау, а и да се прими договорот на Хидо, но, тоа е жртва која Лејкерси се спремни да ја направат. Башка, после тоа би можеле да пробаат да го донесат и Кириленко.

Останува да се види само како ќе го решат прашањето на плеј, кој реално го немаат.

Што се однесува до Далас, тие прво паметно одиграа со праќањето на Чендлер во Њујорк, за кој и ги добија оние 8.9 милиони погоре. Вака, за ништо го добија Одом, кој може многу да им помогне, а и кој и ќе има посебен мотив против Лејкерси на Западот. Доколку не му удри целото Кадрашиан Риалити Шоу – Далас едишн во глава.

ADD COMMENTS

Жолчка

Posted by Karakash Under Пол, Трејд муабети on Friday Dec 9, 2011

А ќе ги личеше. Штета што се деси глупоста со ветово, зошто, кога веќе трите клуба се договорија, немаше што да се меша Комишот. Не дека некој од трите ќе беше нешто сериозно оштетен, а не сум баш сигурен ни дека Лејкерси ќе беа во некоја посебна предност. Како и да е, ништо од Пол во дрес на Лејкерси, иако како што ова покажа, се е можно, па и одобрување на трејдот во некоја друга форма.

ADD COMMENTS

“I guess that means I’m a Laker if the trade didn’t go through. I don’t know what to do for the Lakers. I’m even weirded out by the league doing what they did. I don’t know what to do.

Imagine how Pau [Gasol] feels. Pau came to the Lakers and played here for four years, went to the Finals and lost, won two NBA championships and then got swept [by the Dallas Mavericks this year]. Wow! Imagine how he must feel.

Man, I’m just in total disbelief about all of this. They don’t want my services, for whatever reason. I don’t know what I’m supposed to do. I was proud to be a Laker, so I’ll try to help them in the process as much as possible.” – Ламар Одом

При вакви ситуации, кога  јавно се зборува за некој трејд или па кога тој за малку нема да се реализира, играчите кои ќе си останат во екипите кои сакале да ги трампаат се најзаебаните во моментот. И најзбунетите, како Ламар во изјавава погоре.

Како тоа ќе се одрази на него, на Пау, а и на другите играчи кои требаше да се пакуваат во овој трејд, останува да видиме, иако самиот Пол изјави дека според него, трејдот не е блокиран, туку само ставен на стенд бај од страна на НБА. Типот наводно не планира да се појави на тренинг-кампот на Хорнетси. Биќе весело.

Инаку, кога прво се слушна за трејдот синоќа, некако ми беше чудно како Лејкерси се откажуваат од двајца многу важни играчи за да дојдат до еден. Па бил тоа и Пол. За разлика од некои други луѓе, мислев дека и Лејкерси и Хјустон можеше повеќе да добие од овој трејд. Хорнетси извадија максимум, и баш поради тоа е чудно зошто НБА, која под свое го има тимот, ја блокираше целата работа.

Но, ај сега за Лејкерси. Пау и Одом беа клучни играчи, покрај Коби, кои ги носеа Лејкерси до титулите и финалињата последниве сезони. Точно, и двајцата имаа моменти на амнезија, но тоа не може да им се замери. Со трампањето на универзалец како Одом и Пау, кој беше стартна четворка, а и центар кога Бајнам ќе се повредеше, тие губеа важен дел од тимот, посебно во играта во рекетот. Што ќе правеа оваа сезона кога Бајнам пак ќе се повредеше поради згуснатиот распоред?

Точно дека се зборуваше за трејд за Двајт со Бајнам, ама за тоа на Лејкерси ќе им требаше уште нешто плус, кое во моментов го немаат. Вака, добиваа топ плеј, кој со Коби ќе ја формираше најдобрата бековска двојка. Но, што потоа? Тешко ќе можеа да го пополнат тимот да биде на нивото на оној кој со Зенот ја освои титулата.

И да, да не заборавиме, Зенот веќе не седи на таа клупа. Неговото место сега му припаѓа  на тип кој се вика Мајк Браун.

Поради ова погоре, мислам дека фановите на Лејкерси и не треба толку да жалат ако овој трејд и дефинитивно не се реализира. Ги имаат Пау и Ламар, со кои можат да се обидат да дојдат до Двајт, а ако Пол сепак остане цела сезона во Њу Орлеанс, ќе бидат во игра следното лето, заедно со Никси, во ситуација да го мамат во Ел-Еј.

ПС: За начинот на кој комишот ја блокираше трампата, подоцна.

 

ADD COMMENTS

Вртелешка

Posted by Karakash Under Пол, Трејд муабети on Thursday Dec 8, 2011

Нема да ме зачуди ако утре, или пак до крајот на овој викенд, Крис Пол има нов клуб. Во моментов најактивни за него се Лејкерси. Вориорси и Клиперси наводно се повлекле. И Бостон го сака, ама Пол самиот изјави дека нема шанси следното лето да остане во Бостон ако го трампаат таму. Тој рече дека би сакал во Њујорк, но Никси немаат што да понудат за него.

Го сакаат и другите, но се чини дека Лејкерси се главните фаци во оваа трка. Последно што се зборува е дека Скола и Кевин Мартин се двајцата ихрачи кои Хорбетси би ги добиле од Хјустон, кој пак би го добил Пау + уште нешто. Башка, самиот Пол наводно рекол дека нема ништо против да заврши во Лос Анџелес.

И да, Шејн Батие ќе потпише за Мајами.

Кога НБА ќе се врати, тоа е во турбо моуд.

ADD COMMENTS

L.A Dreams

Posted by Karakash Under Д-Вајт, Пол, Трејд муабети on Tuesday Dec 6, 2011

The Lakers will attempt to acquire both Dwight Howard and Chris Paul, according to sources.

In attempting to acquire those two players, the Lakers will make everyone on their roster available with the exception of Kobe Bryant.

Via Chris Broussard/ESPN (via Twitter)

Ете.  Она и што се очекуваше, обидот на Лејкерси да останат конкуренти за титулата и во следните најмалку 5-6 години. Сосема е јасно дека како што Коби старее дека Пау нема да може да стане лидер на оваа екипа. Ниту пак Бајнам или било ко друг во тимот.

Така , обидот да се дојде до Пол и Двајт, или па барем еден од нив, е сосема логичен. Цел тим на Лејкерси, со исклучок на Коби, е наводно достапен за трејд. но останува да видиме дали Њу Орлеанс и Орландо ќе сакаат нешто од тоа што можат да го понудат Лејкерси.

Реално, тие немаат доволно квалитет за да ги заинтересираат и Хорнетси и Орландо, посебно со оглед на тоа дека не верувам дека Њу Орлеанс ќе го сака Пау во размена за Пол (Бајнам као нели таксан е за Орландо за Двајт). Се ми се чини дека ова им е игра и дека на крајот ќе прават трејд за оној тим кој прв ќе се заинтересира да го добие Бајнам во размена.

Другите екипи веројатно можат да состават подобри пакети и за Двајт, и за Пол, но проблем со нив е што нема да дадат никаква гаранција за потпишување нов договор со истата екипа доколку таа екипа не биде по нивниот вкус.

Наводно, има екипи, како Далас и Бостон, кои би направиле трејд за Пол и без гаранција од негова страна, веројатно надевајќи се дека во тие неколку месеци колку што ќе го имаат дека ќе го убедат да остане со нив. Хорнетси пак, најмногу би сакале, од тимовите кои досега се заинтересирале за Пол, да прават трејд со Клиперси или со Голден Стејт. Можам да го замислам Пол во Клиперси, каде би можел и да потпише нов договор, но не и во Оукленд.

Покрај овие две екипи, интересни како партнери за Хорнетси се и Хјустон и Атланта, но тие се ставени во втор ред. Атланта би сакала да го види и Двајт како се враќа дома, и за таа цел на Орландо му ги нуди било кои двајца играчи од првата петорка, Дали предизвикот да игра во својот град ќе биде пресуден за Двајт, останува да видиме, мада не сум баш сигурен во тоа.

Во последно време во муабетот за Двајт се спомнуваат и Булси, кои наводно се подготвени да се откажат од било кој свој играч, со исклучок на Роуз, со цел да го формираат тандемот од рекламата на Адидас, кој би бил ноќна мора за сите одбрани.

Како и да е, мислам дека ни Њу Орлеанс, а ни Орландо, нема да си дозволат да се најдат во ситуација како Денвер лани со Мело, и дека побргу ќе реагираат со цел да добијат максимум за своите ѕвезди.

Од петок (09.12.) започнува лудилото со free agency кое сигурен сум дека ќе донесе доста изненадувања.

 

ADD COMMENTS