Распродажба

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Friday Mar 16, 2012

Потезите на Блејзерси изненадија многумина за време на трејдинг дедлајнот, а според многумина во Орегон не знаеја што прават со неколкуте трејда и отказот за Мекмилан. Мене лично ми се свиѓа се’ што направија Блејзерси, а ќе беше уште поубаво доколку успееја да најдат екипи во кои би ги испратиле Фелтон и Џамал за некој иден пик. Арно ама, никој нејќеше да се нафати да го земе тандемот кој беше жив чир за Мекмилан и кој е очаен оваа сезона.

Потезите за Портланд се добри затоа што покажуваат ретка храброст за еден НБА тим да си признае дека работите не функционираат и се’ да спука во еден ден. Блејзерси вака конструирани не одеа никаде на Западот. Играчите во последните месеци загубија било каква почит за Нејт, па логично беше тој да си замине кога целата работа отиде во Хондурас.

Не дека Нејт е лош тренер, ама тој во Портланд оваа сезона не можеше да си ја врши својата работа како треба. Поради тоа, сосема е фер од Блејзерси да го ослободат од безизлезната ситуација. Нејт е предобар тренер за да остане без ангажман, а доста екипи сигурно уште сега го посакуваат на својата клупа. (Јас лично би им го препорачал на Клиперси.)

Покрај Нејт, си отидоа и Џералд Волас и Кемби, првиот во Њу Џерси, вториот во Хјустон. Првиот најмногу поради тоа што има дебел договор кој не му користи на тим кој тргнал во обнова. Башка, на тројка се промовираше Батум, па не мораше да се троши добар дел од селари-капот на Креш.

Кемби пак, сезонава посебно стана неупотреблив, особено во нападот, и ич не им беше потребен на Блејзерси, имаше муабет дека тој со својата мрзеливост им одел на живци на сите, така да логично беше да се шутне во Хјустон, каде исто така е решение во рекет само до крај на сезонава.

До крај на сезонава договори имаат повеќето играчи кои Портланд ги доби назад, освен Шон Вилијамс. Блејзерси ќе ги ѕирнат за да видат дали вредат нешто Флин и Табит, на две позиции кои им се тенки, но ако не се од корист, слободни се да си одат.

На лето ќе си отиде Фелтон, а можеби и ќе биде откупен, или сам ќе се откаже од втората година, Џамал. Ќе останат Батум, Ламаркус и Метјуз, но и тој може да биде трампан за пикови или некој млад играч.

Така се прави обнова на тимот и ослободување на селари-капот за во иднина. Храбро, а не како повеќето екипи со пимплање и талкање во некоја просечност. Без шанси за титула, ама доволна сатисфакција им е да не се биде најлош. Би сакал кога повеќе екипи би имале муда да направат вакво нешто и да се одлучат да почнат пак, речиси од нула.

Во Портланд не е така и овие неколку потези, заедно со тие кои треба да ги направат налето, се одличен старт. Единствено ако е клубот на продажба сево ова ќе загуби смисол, но сепак е храбро и исправно.

ADD COMMENTS

Almost шупелка-free Визардси

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Friday Mar 16, 2012

Трејд кој ги зачуди сите во последните моменти од дедлајнот беше тој помеѓу Клиперси, Денвер и Вашингтон во кој Визардси успеаја да се откачат од два проблема одеднаш, а притоа да добијат и солиден и искусен центар кој има поголем коефициент на интелигенција од бројот кој го носи.

Токму поради тоа, мислам дека од целиот дил најдобро поминаа во Вашингтон, каде успеаја да се откачат од Џавел и Ник Јанг, двајца играчи кои не знаеја да играат тимска кошарка и поради кои Флип Сандерс немаше со ноќи спиено се’ додека не доби отказ.

Плус, Џавел на скоро секоја текма презентираше невидена (буквално) кошаркарска интелигенција, правејќи жива смешка од тимот кој многумина очекуваа (јас не) со својата младост и талент да биде освежување на Истокот. Уште да успеаја да се откачат од Ендрју Блеч, ќе можеа порано годинава да го слават 4. јули во Вашингтон. Сепак, не се најде никој доволно луд да си има работа со Блашко.

Е сега, чисто поради ова Визардси се големи победници од целиов дил. Не дека Нене ќе ги направи ѕверови или слично, но е голем апгрејд во рекет во однос на Џавел. Ако ништо друго, доста е попаметен од него, што само по себе е плус.

Во Денвер мора да знаат нешто за Нене и состојбата со неговите повреди, кои може да се причина за падот во форма и во просеците во скоро секоја категорија, како и порастот во загубени топки и фаули оваа сезона. Нене не е истгиот играч од лани, тоа се уверив додека го имав во Фентази на почетокот на сезонава, а не е ни млад со своите 30 години.

Во Колорадо веројатно се покајаа што го потпишаа за 65 милиони долари, па решија некако да ја исправат таа грешка, свесни дека и со него и без него не можат да се борат за освојување на Западот оваа година. Ако го донесат Вилсон Чендлер од Кина и Џавел одигра колку-толку добро, Нене нема да им недостига.

Е сега, тоа Џавел да одигра колку-толку добро е големо IF, познавајќи ја шупелката. Мекги само поради своите физички предиспозиции и атлетски способности е се уште во НБА, а во Денвер ќе се надеваат дека Џорџ Карл  ќе успее да му влезе во глава (само да не се изгуби во тој празен простор) и да го извлече најдоброто од него. Додека е таму, Карл ќе треба и да му докаже дека не вреди 14 милиони по сезона, колку типот планира да бара наредново лето кога е ограничен слободен играч.

На крај за Клиперси, кои добија играч за позицијата која им беше најтенка, без притоа да се откажат од некој битен играч. Тоа само по себе е вин, како и фактот дека сега се посилни отколку пред трејдот за Јанг, кој е подобар на „двојка“ од Мо или Фој. Е сега, ни Ник не е совршен и тој, заедно со Џавел и Блашко, беше дел од проблемите во Вашингтон.

Типот не знае да игра во тимски концепт, а во Ел-Еј на Крис Пол ќе биде да му каже дека тоа што го играше во Вашингтон не е прифатливо во Клиперси. Од Вини Дел Негро не очекувам да му каже било што, пошто човекот очигледно малку и зборува. Јанг може да им биде од корист на Клиперси до крај на сезона и во плеј-оф, а ако не им се погоди, слободно може да си отиде во некоја друга екипа наредново лето.

1 COMMENT

Чао Фишке, здраво Рамо(не)

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Friday Mar 16, 2012

Добитници и еден од најактивнитте тимови за време на трејдинг дедлајнот секако се Лејкерси. Поради тоа, а и поради нивните потези, прво ќе ги тумачиме нив, па утре ќе се нафрлиме на другите трампи кои како да се случуваа во секоја секунда од последните минути од дедлајнот.

За некои праќањето на Фиш во Хјустон е знак на нелојалност, на непочит кон Дерек, кој као требал да биде испочитуван и кариерата да си ја заврши во Ел-Еј (така посебно мислат некои влиајтелни повозрасни македонски твитерџии :) ).

Арно ама, Фиш веќе сезона и пол е неупотреблив за Лејкерси и е стартер на позицијата на која беа најслаби и најранливи со него. Лојалноста не може да биде оправдание за неуспесите на Лејкерси на плеј.

Тие се преголем клуб за такво нешто, па и за да дозволат некој да биде поголем од нив и од нивните планови за градење помлад и поконкуретен тим.

Супер за нив е што најдоа тим кој сакаше да го собере Фиш, најстариот нивни играч, кој наводно не сакал да се пензионира наредново лето и планирал да ја искорсти опцијата и да лапне следната сезона 3.4 милиони. Тоа не им се свиѓало на Бас момците и Купчак, а тоа што договорот на Џордан Хил истекува на лето е само плус во целата ситуација.

Момакот имаше солидни партии во Хјустон лани, ама сезонава не е баш миленик на Мекхејл. Ако се докаже како солидна алтернатива во рекет за Бајнам (и на моменти Пау), можеби и ќе добие нов договор, ако не, никому ништо.

Далеку подобар потег на Лејкерси беше ангажманот на Сешнс, плеј во најдобри години и каков што немале одамна. Смешно е од што се откажаа за да дојдат до него, а дечкото би требал и тоа како да му помогне на Коби во бековската линија. Башка, добар е асистент со добра прегледност на играта, а од тоа ќе ќарат Пау и Бајнам.

Мене лично и двата трејда на Лејкерси ми се свиѓаат и се знак дека тие нема туку-така да се предадат оваа сезона и ќе се обидат да дојдат до големото финале. Патот до него на Западот не е лесен, ама па од друга страна, со исклучок на младите Оклахома Сити, и нема некој тим кој влева страв како што тоа на Истокот се Чикаго и Мајами.

Ко што реков погоре, успехот е секогаш на прво место за екипи со големината на Лејкерси, и никој и ништо не се поголеми од тоа. Баш затоа овие трампи, иако не се спектакуларни, им даваат квалитет плус во таа борба.

ПС: Знам дека Фишке треба да биде  као единствен вистински пријател во тимот на Коби, единствен кој можел да допре до него и да има некакво влијание на другите играчи (покрај Коби), ама се лажеме ако мислиме дека Коби не е свесен колку ова ги прави Лејкерси подобар тим, и сега и налето. Сепак, на Кобстерот најважно му е победувањето и трофеите, така да се што ќе го доближи до тоа е добро. Со Фишке можат да си останат пријатели и додека е тој во Хјустон, каде можеби и нема да се задржи долго.

Фотомонтаж by Sead93.

ADD COMMENTS

Двајт наводно им кажал на соиграчите во Орландо и на неговите блиски дека планира и следната сезона, последна од неговиот актуелен договор, да ја одигра во Орландо. Вакво нешто автоматски значи дека Орландо нема да го трампа во следните 24 часа и дека најмалку сезонава ќе ја истера на Флорида.

Покрај тоа, ова веројатно значи дека Двајт знае нешто за Дерон и неговата позиција и планови со Њу Џерси. Муабетот беше и двајцата да заиграат заедно во Бруклин, но ако Дерон не сака такво нешто, тогаш и Двајт повеќе би сакал да остане во Орландо. За сега.

Ништо чудно Нетси  сега да бидат тимот кој ќе прави трејд на својот најдобар играч само за да не остане со празни разе на крај на сезоната. Најлогично ми делува дил со Лејкерси за Пау Гасол, иако и други екипи имаат што да понудат. Сепак, како во случајот на Двајт, екипите кои би го добиле би барале некоја гаранција дека ќе остане со нив, a tука тимови како Лејкерси имаат предност.

На Коби му треба плеј кој малце ќе го ослободи од притисок во напад, а Дерон е токму тоа, играч способен да убаци и 50-че, што покажа и оваа сезона, но и да ја разигра цела екипа. Башка, вака само ќе се убрза развојот на Бајнам, кој ќе има корист од додавањата на Дерон и од играњето со ол-стар плеј, нешто досега непознато за него.

Точно дека тоа ќе значи послаб рекет за Лејкерси, но ни овака не се некои силеџии и ѕверови со „мускулите“ на Пау.

А на крај па може ништо од ова да не се случи. Just sayin, може да биде интересно.

ADD COMMENTS

Dwight COWARD

Posted by Beto Under Д-Вајт, Трејд муабети on Wednesday Mar 14, 2012

Двајт е на добар пат да стане новиот најомразен лик во НБА, после Леброн Џејмс и неговата ‘Одлука’ која беше тотално фијаско. Синоќа, откако буквално ги згази Мајами, Двајт даде кратко интервју за новинари кои го прашуваа за тоа каде/како би сакал да ја заврши сезоната и прашања во врска со евентуалниот негов трејд.

Прво погледнете го видеово.

Д-12 во видеото открива дека веќе две-три недели интензивно зборува со управата на Меџик и јасен е неговиот став дека би сакал сезонава да ја заврши во дресот на Орландо и да проба да го донесе Лери О’Браен трофејот во Дизниленд. Но, многу битен дел од интервјуто е тоа “they gotta roll the dice”.
Што значи тоа?

Во превод , тоа значи дека Двајт сака да ја заврши сезоната во Орландо и во јули да замине како слободен играч веројатно во Бруклин Нетс. Сака ем’ да игра плеј-оф оваа сезона со Орландо, ем’ догодина да се спои со Дерон во Бруклин, а Орландо за тоа да не добие ништо. Е нече мочи тако друже Двајт.

Многу себично од негова страна, но тоа е нешто за што самите Орландо си се криви и нивниот сопственик кој би сторил се’ за да го задржи Д-12 на Флорида. НБА е пред се’ бизнис и малку се сопствениците како Рик Де Вос на Орландо и Ден Гилберт на Кливленд кои дозволуваат нивните суперстарови да имаат поголема сила и моќ од џи-емовите и тренерите.

Како што прочитав некаде пред некој ден, на Двајт му е ветено дека ако реши да остане во Орландо Стен Ван Ганди ќе биде набркан исто како и Отис Смит и ќе биде оставено на Двајт да бира кој сака да му биде тренер, односно џи-ем. Но, прво да видиме што ќе бидне со Двајт.

Понудата која уште не е официјална на Џерси е: Брук Лопез, Крис Хамфрис, Маршон Брукс и два идни пика за Двајт која и не е така лоша понуда, иако е ништо во споредба со онаа што ја добија Денвер за Кармело Ентони. Факт е дека Орландо сакаат повеќе, а тоа може да се случи само ако до вечер Купчак се предомисли и ги понуди и Гасол и Бајнам за Хауард. Има уште 24 саата до трејд дедлајнот и се може да се случи.

Ако тргнеме од лојалноста и тврдоглавоста на управата на Меџик, Двајт ќе остане во Орландо до јули. Ако тргнеме од српската ‘боље ишта него ништа’ , Двајт вечерва ќе биде спакуван заедно со Хидо и уште некој лош договор и ќе им биде врачен one-way plane ticket за до Џерси.

Ја би за ова второво. Баш сакам да го трејднат уште вечер во Њу Џерси и плеј-оф да не помириса барем една сезона. Плус, Маршон Брукс има Ол-стар потенцијал, а и малку ме потсеќа на Монтеј Елис од, кхм кхммм, Милвоки. Јас лично би за ова второво затоа што најлоша варијанта за Орландо е таа кливлендската, а во јули, 99% ќе го загубат за ништо.

ADD COMMENTS

Монтеј за Андрија

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Wednesday Mar 14, 2012

Монтеј повеќе не е член на Вориорси и во иднина ќе го гледаме во ист бековски тандем со Брендон Џенингс во Милвоки. Првиот стрелец на Голден Стејт според некои шпекулации требаше да заврши во Орландо, но наместо тоа го лапнаа Бакси, кои патем успеаја да се откачат од договорот на бескорисниот за нив Стивен Џексон.

Го дадоа и Богут, кој иако е играчиште и еден од ретките вистински центри во НБА, поради сите повреди кои ги насобра последниве години се уште не го оправда изборот како прв пик. Талентот е неоспорно таму, но човекот нема среќа со повредите. Доколку продолжи во ист ритам, Бакси се големите победници од овој дил. Ако сепак успее да заигра без проблеми, Богут со Дејвид Ли ќе биде добар тандем во рекетот на Вориорси. Во комбинација со Кари на плеј, Г.Стејт има добра основа за правење солидна млада екипа. Но, премногу зависи од здравјето на Австралопитекусот, а тоа може скапо да ги чини.

Бакси од друга страна по сите повреди се навикнаа да играат без Андрија, така да ова и не е некој проблем за нив. Монтеј им нуди на двојка нешто што до сега го немаа. Доколку тој и Џенингс успеат да се воиграат, Милвоки станува интересна екипа, посебно со подемот на Ерсанити на четворка.

Вориорси се познати по правењето глупи трејдови, а и овој може за некоја година да се покаже како таков. Уште ми текнува кога го трампаа Мич Ричмонд во Сакраменто за Били Овенс, лик кој никогаш не стана битна фигура во НБА. На сличен начин ги изгубија и Тим Хардавеј и Крис Малин, а не добија нешто посебно добро ни за Крис Вебер. Сега во Оукленд само се надеваат дека историјата не се повторува, иако веќе го загубија својот миленик Монтеј.

ADD COMMENTS

What About Rondo?

Posted by Karakash Under Рондомониум, Трејд муабети on Thursday Mar 1, 2012

Кога во декември лани почнаа да кружат информации дека Дени Ејнџ е подготвен да се откаже од Рондо за да дојде до Крис Пол, ич не бев изненаден. Сепак, чудно беше инсистирањето на трејд со Хорнетси, а потоа и со трета екипа во целиот дил само за да се дојде до Пол, кој претходно изјави дека доколку заврши во Бостон по крајот на оваа сезона како слободен играч ќе замине во некоја друга екипа.

Чудно во целата ситуација беше и тоа што Њу Орлеанс не сакаше директна размена на најдобриот за еден од најдобрите плејмејкери во лигата. Оправдување за тоа беше желбата да градат нова екипа од темел, со млади играчи и високи драфт пикови. Како Рондо да не е млад и како да не е еден од најдобрите на својата позиција во НБА.

Нецели три месеци по тие муабети, по кои Рондо јавно изјавуваше дека не е задоволен, пак се појавуваат нови трејд муабети кои го содржат неговото име, само што сега не се знае каде би можел тој да заврши. Чудно е ова инсистирање на Селтиски да го трампаат својот најдобар играч во моментов, но Ејнџ и неговите помошници веројатно се свесни дека со оваа екипа не можат да конкурираат за освојување на Истокот, па подготвени се уште сега да тргнат во обнова на тимот.

Најголема шанса да добијат нешто квалитетно за возврат е доколку го трампаат Рондо, а по евентуален негов трејд ништо чудно да биде спакуван и Пирс. Ако не се случи тоа овој месец, веројатно ќе се случи наредново лето. Нормално, ако се најде тим кој би го прибрал Пирс и неговиот договор.

Инаку, кога сме кај договорите, Рондо во следните три години треба да лапне 36 милиони долари. сума која не е мала за екипа која сака да тргне во обнова на тимот. Башка, за оние кои се подобро запознаени, Рондо важи за незгодно типче и карактер, нешто што тој го покажал неколку пати на теренот, но и нешто што, според некои извори блиски до Бостон, оваа сезона и тоа како е присутно во соблекувалната на Селтикси.

Причина за тоа е пред се’ желбата на Ејнџ да го трампа за Пол, а последниве муабети веројатно нема добро да се одразат на неговото однесување, иако синоќа имаше трипл-дабл против Бакси.

Токму тој негов незгоден карактер (како и немањето шут однадвор) го направија и 21. пик на драфтот 2006-та, кога еден куп муфљузи, кои веќе не се ни во НБА беа избрани пред него.

Истиот тој карактер наводно значеше и дека нема место за него во тимот на Америте за СП 2010 во Турција, иако човекот зад себе имаше одлична сезона и одличен плеј-оф. Откако не влезе во одбраните 12 на Кшижевски, се вртеа муабети дека има некоја ситна повреда, па дека не е компатибилен со тоа што му треба на тренерот, но Рондо и тогаш јавно изјави дека не е задоволен од тоа што не патува за Турција.

Токму поради неговото негодување оваа сезона, Бостон е подготвен да го трампа Рондо доколку добие добра понуда за него. Екипи кои би сакале да го видат во својот дрес сигурно има повеќе, но дали тие го имаат она што Селтикси го бараат за возврат ќе видиме.

Мене лично Рондо ми е фасцинантен играч, кој тоа што нема шут одлични го надокнадува со стилот на игра типичен само нему. Сепак, неговата темна страна веројатно е преголема закана за индината на Бостон за Ејнџ, кој не сака да гради тим на играч со големи промени во расположението.

Дали ќе биде трампан Рондо или не, ќе дознаеме во следните две недели. Со тоа ќе станат јасни и плановите за иднината на Ејнџ, иднина која фановите на Бостон се надеваат дека нема долго време да биде „зелена“.

2 COMMENTS

Советникот Трејси

Posted by Karakash Under Д-Вајт, Трејд муабети on Thursday Dec 29, 2011

 

Кога Трејси зборува за вакви работи, помладите играчи од него треба да го послушаат. Ако некој знае како е да се направи погрешен чекор и да се нема среќа во кариера (кога се во прашање повредите), тоа е Трејси. Во овој случај, тој јасно му става до знаење на Двајт дека не му е паметно тоа што ги стави Нетси на својата short листа на тимови во кои сака да заврши. Нешто што секој нормален би го советувал. Да, го имаат Дерон, ама и тој може да му ја дувне следното лето ако не му го донесат Двајт. Уште сега се зборува за неговата желба да се врати дома, во Далас.

“I can’t see him coming here,” McGrady told Yahoo! Sports late Tuesday inside the visiting locker room at the Prudential Center. “If it’s just Dwight and D-Will, he’s better off just staying in Orlando. You want to go to a team that’s championship caliber, and just him and D-Will won’t get it done. There’s got to be other pieces around to make it look sweet.”

Так нормално. Нетси, посебно сега без повредениот Лопез, се страва и ужас од екипа која ја ризикуваше оваа сезона и имањето колку-толку добар тим за да има шанса следното лето да ги потпише на повеќе години Двајт и Дерон. Голем ризик кој ако не им се исплати ќе бидат смешка на лигата долги години (ко сега да не се).

Него за Трејси и советот на Двајт, човекот пред 11 години беше дел од едно од првите ситуации еден тим да брка две големи ѕвезди како слободни агенти. Експериментот со него и Хил, поради повредите на вториов, а и нивната не баш компатибилна игра. беше живо фијаско. Затоа, а и заради еден куп други искуства на Трејси, не баш позитивни, Двајт треба да го послуша. Посебно после вечерва кога ќе види како е да се игра против Дерон и група маалски играчи.

ADD COMMENTS