ЅВЕР!

Posted by Karakash Under СП 2010 on Tuesday Sep 7, 2010

Бразилците вечерва го погледнаа ЅВЕРОТ во очи. Со самото тоа заврши секоја нивна надеж за пласман во четвртфиналето на СП. Штета за нив, но се додека не научат да играат цврста одбрана нема да можат да направат ништо повеќе. А и тогаш е прашање дали тоа ќе им појде од рака, посебно ако пак налетаат на ЅВЕРОТ.

1 COMMENT

3/3 – 12 Џинови vs. 12 Змајчеки

Posted by Karakash Under 3/3, СП 2010 on Monday Sep 6, 2010

(BEHROUZ MEHRI/AFP/Getty Images)

(BEHROUZ MEHRI/AFP/Getty Images)

(ARIS MESSINIS/AFP/Getty Images)

За разлика од првиот, вториот 1/8 финален ден на СП беше очекувано лесен за фаворитите. Можеби и прелесен со оглед на тоа дека и Словенија и Турција без поголема мака остварија убедливи победи и обезбедија меѓусебен дуел за полуфинале кој ветува извонредна средба.

До сега на светсково посебно ме имнпресионираат Турците кои имаат скор 6-0 и конечно, после долго време покажуваат вистинска зрелост во играта, иако поголем дел од тимот се млади играчи кои се иднината на нивната репрезентација. Токму поради двајца од тој млад бран, Ерден и Ашик (и двајцата НБА дебитанти во претстојната сезона) некако не се чувствува отсуството на повредениот Окур, кој на моменти со својата заљубеност во шутот за три повеќе им штетеше на Турците отколку што им користеше. Хидо е лидер на тимот, а синоќа конечно имаше и една шутерски продуктивна партија, ако така одигра и против Словенија, ете им на Турците прв пласман во полуфинале на едно СП.

Но има време до среда која со нетрпение ја очекуваат и Словенците по газењето на Австралија. Поради одличната публика Турција ќе биде фаворит во тој дуел, но избалансираната игра и одличните плејмејкери Драгиќ и Лаковиќ можат да бидат голем проблем за Тањевиќ. Уште да им играа Лорбек и Смодиш, Словенците кој знае дали ќе можеше некој да ги сопре на патот до финалето. Но, и вака се јаки и можат да се носат со секого, а оној убедлив пораз од Америте во групата мислам дека не е вистински одраз на нивниот квалитет и нивното место на светската сцена.

Како и да е, ќе биде весело во среда, кога ќе се судрат и Србија и Шпанија. Сигурно многу поинтересно од она што ќе се дешава вечерва и утревечер во остатокот од 1/8 финалето во кое некако најмногу шмек ми има јужноамериканскиот дуел Бразил-Аргентина. Се друго ми е гола вода, а за изненадување ќе се надевам од дружината на Перо Камерон.

1 COMMENT

3/3 – Шпанците сакаат суфлаки

Posted by Karakash Under 3/3, СП 2010 on Sunday Sep 5, 2010

Речиси на секое СП или ЕП имаме барем една 1/8 финална двојка во која ќе се најдат два тима кои пред стартот на турнирот биле во сечии Топ 5 листи на фаворити. За жал на грчките фанови, тоа им се случи нив во Турција каде уште на старт налетаа на селекцијата која ги прегази во финалето на последното светско. Меч кој го гледав во кафана сред Грција и меч кој знам колку ги исфрустрира Грците кои летаа во облаци дека никој не им може ништо после елиминацијата на Америте. Јас си седев на една маса на страна и се трудев да не го покажувам задоволството од дебаклот во финалето.

Синоќа можеа да победат и едните ни другите, но на крај славеше реално подобриот тим. И без Пау и Калдерон, Шпанците се сила, но за разлика од претходните турнири на кои ги имаа овие двајца (со исклучок на Пекинг), сега се ранливи и можат да изгубат од селекција која е мотивирана и која ќе одигра квалитетни 40 минути. Дали тоа ќе биде Србија, не знам, барем после 1/8 финалето, а и на хартија, Шпанците се фаворити.

1 COMMENT

3/3 – Дуда

Posted by Karakash Under 3/3, СП 2010 on Saturday Sep 4, 2010

Балканското дерби имаше крајно трапав крај во кој помалку трапавите и со многу подобар тренер Срби некако се провлекоа во 1/4 финалето. Тоа би ми бил најдобриот опис на она што се случуваше во последните минути во Истанбул. Не паметам кога последен пат сум видел толку грешки на еден меч во толку краток временски период. Но, резултатската неизвесност може чуда да направи и од најнеквалитетната средба, па така направи вистинска драма на стартот од четвртфиналето на СП.

На крај славеше тимот кој е покомплетен, кој одигра потимски, посебно во последната четвртина и тимот кој на клупа има еден од најголемите европски тренери на сите времиња. Ако некој до сега се сомневаше во тоа, само нека ја погледне пак акцијата од аут на Србите на пола терен во последната минута која го избаци Рашиќ сам на положување.

Но, со ваква игра Србите треба да бидат среќни што поминаа понатаму и да му ја мислат пред дуел со Грците или Шпанците. Дуел со Грција би имал посебен шмек од добро познати услови, но ништо помалку интересен не би бил ни тој со Шпанија.

Што се однесува до Хрватите, некако продолжува тоа нивно проклетство кое започна со смртта на Дражен. Од тој момент тие се во постојан пад, со мали моментални блесоци, но без момци или барем еден играч кој би ги носел напред. Многу големи таленти со 16-17 години кај нив не станаа играчишта, а такви неколку имаат и во репрезентацијата. Останува да се надеваат дека Томиќ ќе биде исклучок од тоа правило.

А и мака-мачат со пронаоѓање на добар и вистински тренер за репрезентацијата. Јоке не е лош, но ја нема потребната тежина и искуство да ги води овие момци на едно СП. Посебно ми пречеше неговото инсистирање на изолации и еден на еден во последната четвртина, со инсистирање на Поповиќ, кој можеби одигра машки како и секогаш, но, како исто така како и секогаш, беше дел од тимот кој дома си оди со наведната глава.

Сега само им останува да се надеваат дека конечно ќе ја научат последната лекција од многуте во низа кои им се делат последниве десетина години. Барем имаат млада селекција на играчи способна за камбек таму каде им е местото, другото е на нив.

3 COMMENTS

Последниот ден од натпреварувањето по групи на СП сигурно беше еден и од најинтересните. Не поради тоа што некој тим ненадејно се најде во последните 16, туку поради изненадувачките резултати кои на крај ни дадоа неколку неочекувани двојки за во 1/8 финалето.

Веројатно најголемо изненадување е победата од +12 на Нов Зеланд над Франција. Средба која ја гледав и победа која целосно ја заслужи дружбата на Перо Камерон. Момците имаа обезбедено победа, но до самиот крај ги бркаа тие 12 разлика кои им ги донесе погодена тројка во последните секунди и со кои ја поминаа баш Франција на табелета и избија на 3. место.

Мало изненадување, посебно со оглед на почетниот дефицит беше и победата на Србите над Аргентина. Момците на Дуда Ивковиќ вака комплетни покажуваат дека можат да стигнат далеку, а со овој триумф си обезбедија дуел со Хрватска, дуел во кој се апсолутни фаворити.

За крај, Грците си играа калкулатор и си мислеа дека ако ја добијат Русија потоа во 1/8 финалето ќе мораат да одат на Шпанија. Така, од првата минута како излегоа на теренот против Русите делуваа незаинтересирано, но доволно ангажирано за да не изгледа дека апла не сакаат да победат. Така, на крај си изгубија и живи среќни само чекаа потврда на својот противник во следната рунда кој нема да биде Шпанија.

Арно ама, Шпанија бидна нивниот противник откако Нов Зеланд ја доби Франција. Сеирот секогаш е добредојден, посебно кога е контра Грците кои ми се мрски уште од времето на Галис, Фасулас и Јанакис, а сега ќе мораат да се табаат со Шпанија за место во 1/4 финалето.

КОМПЛЕТНИ 1/8 ФИНАЛНИ ДВОЈКИ:

Грција – Шпанија
Србија – Хрватска

Словенија – Австралија
Турција – Франција

САД – Ангола
Русија -Н. Зеланд

Аргентина – Бразил
Литванија – Кина

1 COMMENT

Аман бре, Дени…

Posted by Karakash Under Бизаро, СП 2010 on Thursday Sep 2, 2010

По се изгледа ова е причината поради која Дени Гренџер (или Гранжер, по традиционалното прекрстување од страна на Сител) не добива некоја посебна минутажа во Турција. Момакот едноставно не сака да се запрља, да се затрие од некој запотен европјанин и да замириса на мртво магаре.

Само не знам кој е магарето во целава приказна. Познато е дека Твитер и останатите соц медиуми трпат се, исто како и фактот дека Американците се полни со предрасуди за се што не е американско. Но, ова е премногу.

Секој кој играл баскет знае дека потењето и понекогаш непријатната миризба се неизбежни работи, а кај некои ликови тоа знае да биде неизбежно и многу непријатно ако треба да се рвеш со нив под кошот. Но, тоа е составен дел од кошарката.

Плус, САД играа со Бразил, кој за чудо, не е во Европа. Но, Дени не би знаел тоа.

1 COMMENT

1 COMMENT

Од денес па до крајот на СП ќе гледам да ставам секој ден по три најинтересни слики од она што се случувало претходната вечер. Честа да бидат први ја имаат Ерсан Илјасова, кој одигра одлична партија против Грците промовирајќи се во најдобар играч на Турција и лидер на младиот бран на Тањевиќ. Крилото на Бакси имаше 26 поени (6/6 за три) за 31 минута, а во добро светло се покажаа и новите НБА фаци Ерден и Ашик.

Во средбата која се играше во исто време, Литванците со одлична последна четвртина им го нанесоа вториот пораз на Шпанците кои барем до сега на ова СП делуваат како шпанско село. Посебно беден синоќа беше Рубио, кој никако да фати ритам сега кога на негов грб е целосно организацијата на нападот. После овој нов кикс, Шпанците не можат да бидат пласирани повисоко од 3. место во својата група, а тоа значи тежок противник уште во 1/8 финалето.

1 COMMENT