Помина доста време откако не ставив ништо за Нешти. МВП летово прво се зашиша, па на моментот ја врати НБА у Ванкувер, тренираше со МЛС тимот на Ред Бул, а и даваше изјави за Зидан и за тоа кои НБА ѕвезди според него би биле страшни фудбалери. Иако се игра СП у Јапан у моментов, Нешти си е Нешти и си е двократен МВП, нешто што никој кој игра у Јапан не е. Нити е некој од поширокиот список на САД. Нити па е блиску до такво нешто.
Токму поради тоа, еве го задњето интервју на МВП х2 за НБА ТВ.

(Ова чисто колку да се одбележи враќањето на Шеп од Дојран. Со кој друг ако не со неговиот омилен играч. Требаше да ископам и нешто за Детроит:))

* * * * *

Минвајл ин Јапан, Италијаните после добрата игра у група се посраа и кикснаа кога и против кого најмалце требаше…

…Турците ми направија ќеф победувајќи со тим на кој никој (па ни јас) не му даваше шанси за осмина, а камоли за четврт-финале. Словенците и нивниот Алеш Папак на клупа се посебна прича и доказ дека без разлика колаква талент имате ако немате тренер и уште повеќе играч кој ќе биде лидер на и вон теренот и кого сите ќе го слушаат – нема ништо…

…Хаката не им упали на Перо и компанија, а најбољи дел од преносот у НБА термин беше коментаторот. Од сега за секој кретен кој нема појма од спортот кого ќе го стават да коментира нешто така важно како Свецко ќе се користи терминот “Сидор”…

…Како задње беше плескањето на Србите кое веројатно повеќе ќе одговараше за терминот од 3 сабајле. Не ни очекував дека можат да ги изненадат Шпанците, тие ипак не се Либан, а ни Венецуела. Со такви, можат да се носат. Супер што им дадоа вајлд-кард за уште еднаш да се обрукаат пред цел свет. Мада реално, со овој состав и ова е многу.

ПМС: Утре Шеп ќе го има првиот пост после две години за другите четири осминки.

8 COMMENTS

47.

Posted by Karakash Under СП Јапан 2006 on Thursday Aug 24, 2006


Германија и Ангола одиграа права класика сабајлево и првата утакмица у која победникот се добил по дури три продолженија.

Диркулес у НБА стил застана на 47 поени (и 16 скокови), со кои го помина Дражен на 6. место на вечната листа стрелци на една утакмица. Петро е сега седми со 45. поени против Холандија пред 20 години на СП во Шпанија.

Се уште прв и недопирлив е знаете сите кој….Јае Хур од Кореа кој 1990 у Аргентина убацил цели 62 поени против Египет. Играчиште.

8 COMMENTS


Италијаните у екипа немаат ниеден НБА играч, ама тоа не значеше дека не можат да бидат најтежок противник за Америте у Јапан до сега. Белинели и компанија одлично се држеа со Кармело, Вејд и остали и да не беше баш Мело и неговата памук рука Америте сега ќе си ги чешаа главите.
Сепак, и покрај победата тие тоа веројатно го прават тоа, затоа што утакмицата со Италија беше голем чекор назад за нив. Само шест играчи убација поени, а најевидентна до сега беше огромната дупка која ја имаат у рекетот. Единствен кој нешто игра под кош у Јапан е ѕверот Двајт Хауард, кој откако тресна на грб Италијаните направија серија од 26-11 и го свртеа резултатот.
Бош и Милер не ни влегоа во игра, затоа што според Кшижевски тешко можат да се носат со противниците и да се снајдат во играта која тој ја бара. Посебно диносаурусот. Сега се гледа колку еден здрав Амари им фали на Америте.

Елтон Бренд мушки се бореше цела утакмица и беше најбољи Амер у прво полувреме, а у второ Мело и Вејд се попалија. Посебно Мело кој погодуваше од секоја позиција. Разочарување беше Леброн, кој по одличната партија со Словенија се мучеше со Италија. Знам дека нејќе да форсира и да игра тимски, ама Брон кај беше мизерен у напад со многу грешки и лоши додавања беше беден и у одбрана каде чуварите му се шетаа кај сакаа.

Свака част на Италијанците за мушката игра, како и за Крис Пол и страшната асистенција до Бренд у 2. четвртина кога баскетот помина меѓу двајца противнички играчи.

Гледав и непто други утакмици на СП денес, али повеќето беа тапа. Либанците ги изненадија сите со победата над Франција и покажаа дека у таа група А само Аргентина има шанси за висок пласман. Можда и највисок. Шпанија се мучеше со Ангола, која продолжува да изненадува, а Грците овој пут лако си славеа со Бразилците.

Сликава и клипов само за Бето. И играчот кој е следен Италијан у НБА. Нормално, у Торонто.
* * * * *

Не е никаква тајна дека со Шек се прават најинтересните и најзабавните интервјуа. Така беше и минатот вокенд кога Дизелот го посети Њујорк. Еве и докази.
Доказ 1. и Доказ 2. Посебно интересен (ко нешто да не е интересно) у вториов доказ е муабетот за Марбери и неговата ланска изјава за тоа дека е најбољи плеј у лига.

* * * * *

Даг (и Џеки) Кристи се спремал за камбек, откако лани за доброто за сите нас се пензионираше. Тужен ден за кошарката, кој може да биде потужен само ако “Прстот у небо после секој потег” стварно се врати у лига. Кој ли би го сакал?

* * * * *


Атланта и Индијана конечно ја комплетираа трампата која ние на МакНБА ја најавивме уште пред некој месец и пол, а според која Пејсерси за Ал на Атланта им дадоа еден иден пик од 1. рунда, две кутии пуканки и тостер. Каков менаџер и газди имаат Хоукси добро е што и ги извадија пуканките и тостерот.

Во Херингтон Индијана го доби 11!!! ново име ова лето во обидот на Карлајл и Бирд да направат многу поцврст и поатлетски офанзивен тим од Пејсерси. Ал влетува на местото на Пеџа, од кој е послаб шутер, но е бољи стрелец и може да игра и на 4-ка што од време на време ќе го преместува Џермејн на 5-ка, Гренџер на тројка, а Џекес Џексон на 2-ка. Уште да си најдеа плеј кој ќе може да издржи да не се повреди 15 пути у една сезона и се ќе биде ОК.

* * * * *


Денес, 23.08. му е роденден на Коби. Честито. (Ова зашто Шеп не е тука).

* * * * *

На големо изненадување на сите…Не. Пет Рајли одлучи и догодина да биде тренер на Мајами, исто како што и Зо одлучи да одигра уште една сезона. Cе дешава кога сте многу блиску до “Лери О’Браен”.

* * * * *


Хака all the way. Можеби не им иде на свецково, ама нема ништо боље и посмешно од Хаката која Нов Зеланд ја игра пред секоја утакмица. Најбоља слика од Јапан до сега.

5 COMMENTS

Поточно мандарински. Покрај тоа што иако Словенците требаа да им бидат најсериозен тест до сега, а треба да бидат среќни што Кшижевски у игра у последни десет минути ги убаци Милер и Бош па извадија само минус 19, и не кои други ствари се дешаваат кај Америте додека играат на СП у Јапан.


Една од нив е и учењето на кинески на Леброн, кој би сакал до 2008 година така добро да го научи јазикот со цел сам да може да иде на интервјуа со кинеските медиуми, без преведувач. Нормално, овој потег на Леброн и неговиот тим е последица на желбата по Америка тој маркетиншки да го освои и светот. У Кина тој (Најк) има голема конкуренција од Рибок и Јао Минг и Ти-Мек и Гарнет кои се манекени на Адидас. Сепак, со оглед на годината и потенцијалот на Леброн, како играчки, така и маркетиншки, како и големината на Најк во промоција на своите главни фаци, нема сомнеж дека Леброн наскоро ќе стане најголема светска спортска ѕвезда…А има само 21 година.

Еве го и линкот за оваа прича и курсот на Леброн.

* * * * *

Грците ко Грци. Две тројки на крај за победа над кенгурине кои слободно може да се викаат и “џигераши”. Од мал, до дискретно бланширан, преку долг, па увиткан и среден и шпицаст џигер. Се тоа го има кај Австралијанцине. Уште да знаеа да направат фаул кога имаат плус три на десет секунди до крај.

* * * * *

На Јао и дружбата никако да им тргне. Ваљда нешто удел во тоа има и фактот дека освен Јаоза никој друг кај Кинезите нема појма од баскет. Јаоза е толку исфрустриран што почна и да си мава глава со монструмот Питер Џон Рамос.

10 COMMENTS

Јапан 2006 by Џиги

Posted by Karakash Under СП Јапан 2006 on Sunday Aug 20, 2006

(Џиги остави коментар на прошлиот пост, ама според правилата на МакНБА, секој коментар кој е подолг од “Ана Карењина” завршува како пост. Така да, еве ви го Џиги и неговиот поглед на стварите на Далечниот исток.)

Изглеав денес едно чудо утакмици, што низ пренос, што низ снимка, па ако не е предолго, еве нешто утисци..

Ми се свиѓаа ептен Нигеријците. Не се село без кучиња, без разлика што Србија е тапа. Море најбоље ќе им беше на Србите да не лобираа за вајлд карта, вака сега ќе се брукаат пред цел свет. Како само плачеше коментаторот..
Иначе, Нигеријците имаат неколку искусни играчи од НБА клупа и по некоја минута во Европа, ама тренерот им е пар екселанс, Сем Винсент, се сеќавате ли што убав мек шут имаше Семчо у НБА?

Турцка не ме изненади. Мислам дека само заради грч дозволија неизвесен меч со Литванија. Литванците се скоро у пун состав, без Јас И Кевичиус, кој најверојатно више нема ни да игра за нив, ама со сите други тука. Ама оваа генерација на Лиетува им е лимитирана, кога Маце им решава, што да ти кажам.. Инаку, за неговиот договор во Олимпијакос другом приликом (најскап у Европа после оние на Раџа и Кукоч).
Турција има се на секоја позиција, има и младост, има и тренер. Дел од тие децата беа европски прваци во кадетска конкуренција, а пред две недели освоија сребро на европско до 20. Значи, нема веќе кошаркарска нација, има само ситуација ИМАШ ПАРИ, НЕМАШ ПАРИ..


Грција пак игра некоја чудна кошарка, го успива противникот, не завршува напад пред дваести секунд, а одбраната им беспрекорна. Мислам дека Грците можат да стигнат до финале (Со Аргентина? хаха).
Не го ѕирнав распоредот, ама мислам дека Аргентина со САД играат во 1/2финале.
Американците одиграа онака како што очекував. БУКВАЛНО ИСТО КАКО И НА СИТЕ ПРЕТХОДНИ ПРВЕНСТВА И ОЛИМПИЈАДИ. Со чести ротации, демек за да имаат сила сите и да играат во исто темпо. Тука Енко не се сложувам со тебе, мислам дека ротациите им се најслаба страна, 12 играчи ДА, ама за долга сезона со клуб, на турнир играат само 2-3 играчи што ќе влезат во транс ритам, другите се додавачи. Ај, со Порторико извадија глава, ама примија стотче. Да имаа Порториканците поумен тренер, многу лесно можеше свашта да бидуе.


Инаку, ЈУ ЕС ЕЈ и натаму мислам дека се фаворити број еден, ама за да тепаат све живо до крај по 20 и кусур разлика, Кржижевски треба да има 5-6 главни играчи, а другите да влегуваат по потреба. Кога ќе дојде неизвесен финиш, утакмицата треба да ја решава некој што влегол пред 3 секунди, пред тоа 15 пати влегол и излегол од игра. Така не. Греота е што му прави на Леброн и Двејн..


Аргентина и натаму игра со леснотија, играат и се радуваат. Кошарка во вистинска смисла на зборот. Нема компликување, нема мавање со глава во ѕид, кошарка за мерак. Играат со срце, се бодрат еден со друг, човече, виде ли како Оберто и Волковиски се радуваа после победата со Франција?
Дефинитивно се мој пик.

Франција одлична, овие момци на Клод Бержо, да ги пратиш и на одбојка и на бокс и на атлетика и на пливање пак ќе бидат добри. Скокаат ко луди, трчаат ко мрднати, ама нема мерак у таа кошарка. Затоа стално рикнуваат на чекор до крај, немаат брате петља, не знам, ама никад не сум ги поштуел Французите, освен Ришар Дакури на времето.


И кој остана, да.. Шпанија..
Играат многу добро, одлично. Играта во одбрана и во напад им е доведена до перфекција, играат како и секогаш шеми што ги упражњаваат максимално во секој момент. Ама многу зависат од Наваро. Свака час на Гасол, ама мислам дека он не е винер у душа. Од нив можда само Наваро може да ја земе топката во раце и да решава. Пау ќе даде 20 коша и 10 скока, класика и у НБА, ама не брада, не бркови.. и влакна од уши да му никнат џабе е. Шпанија максимум до полуфинале, а таму ќе изгуби од Грчка.

Италија е следна на ред за рикнуење после Србчета, внимавајте на Словенија, мислам дека можат да отидат далеку.
Панама има неколку екстра играчи, ама се ептен туристички настроени. Ед Кота и Рубен Даглас можат да бидат бековски пар у било кој од .. на пример.. десетте најбољи клуба во Европа, ама реков, ептен се туристички настроени.
Сенегал, менегал, Либан мибан, Венецуела менецуела, Јапан мапан се само да се попуни бројот.
Кина е атракција заради Мјао, ама мислам дека и они више спаѓаат у кригот на егзотични учесници, него у сериозни претенденти.


Диииркк. За малку ќе го заборавев. Германија има посилен состав од лани на Европцкото кога играа у финале. За Окулаџа и една година искуство плус, да речам и заедништво. Дирк ќе си ги даде триесте парчиња на секоја текма, ама се зависи од другите. Мислам дека 1/4 финале не им гине, а со помалку среќа можат и даље.
Новозеландија и Австралија имаат еден куп добри играчи, ама и нивните тренери го тупат со 5000 измени во текот на мечот. Инаку, кој не знае, Нов Зеланд го брани четвртото место од прошлото првенство, а на олимпијадата преклани ја тепаа Србија, а богами и Црна Гора. И они реално треба да влезат между 8 најбољи, ама неќе га бити место за сите.
Ете и да завршам, може со листа? прогноза за пласман на првите 8-10? Наравно, па затоа Енко ми е друг..

Еве, со мала напомена дека у финале играат Аргентина и САД, стварно не знам кој ќе тепа. Само ми е страв Манувци да не потценат некоја Италија или Грчка па да гледаме тапа финале.
1,2. Аргентина или САД
3 Грција
4 Германија
5 Австралија
6 Шпанија
7 Словенија
8 Нигерија
9 Франција
10 Бразил

А?

13 COMMENTS

Свецко

Posted by Karakash Under СП Јапан 2006 on Saturday Aug 19, 2006


Свецково почна сабајлево, а вчера не ми се пишуваше најава затоа што заедно со прошлата недела и историјатот на СП, оваа недела ги најавував и групите за Јапан.
Сега не ми се пишува затоа што носот ми е како Нијагара, а надвор е некои +50 степени.

Ипак, тоа не ме спречи сабајлечки, у ладовинка да се изнагледам баскет, а успеав и да дремнам у последната минута од Србија-Нигерија. Баш дружбата на Име Удока го направи најголемото изненадување и ги исплеска Србите. Дарко ко Дарк-О од Детроит, трупетина, иако против себе имаше за пола глава пониски и физички послаби играчи. Ништо бољи ни остатокот од екипата, на која рака на срце не и е ни место у Јапан.

Ману и Носиони си завршија работа со Французите, кај кои се виде дека без Тони Лонгориа нема да иде баш најдоро во нападот.
Најбољи потег – баџакот на Ману.

Америте играа малце стегнато, ама нивното најјако оружје – 12. играчи спремни за игра ја реши средбата. Ипак, 100 поени од Порторико не смееа да примат.
Најфаца на 1.коло – Питер Џон Рамос. Такво нешто мајка еднаш раѓа.

Турците и Литванците ја одиграа најнеизвесната, но и веројатно средбата со најмногу грешки. На крај тепаше посреќниот. Литванците со оваа репрезентација не прават ништо. Исто и Турците, ама тие не ни очекуваат дека ќе направат нешто.

Јаоза не може се сам, а тоа го искористија Италијаните. Базиле пак погодуваше од седум-осум метри…и погодуваше.

Ги фатив малце и Словенците кои си се играа со Сенегал у кој веројатно му маваат заушки на секој кој не се презина Н’Џаје или не се вика Мамаду.

Вчера по мејл од МТВ на работа ми го испратија списокот на сите утакмици кои ќе ги даваат у живо или преку снимки до крај на првата фаза по групи. Ама списокот и ми остана таму – на работа. Ќе пишам што ќе има. Важно има две у живо и една снимка секој ден.

Толку, за прв ден и растечен нос – доста е.

2 COMMENTS

До прееска гледав како Америте водеа, газеа, се мучеа, губеа, па на крај едвај се спасуваа против дружината на Леандрињо и Сајдшоу Боб. Единствен заклучок од целата утакмица е дека Порторико и Кина (без Јао) се далеку од добри репрезентации…а и дека многу работи во играта на САД зависат од Мело. Откако тој се повреди у 2. четвртина (имаше 16 поени дотогаш и остана прв стрелец до крај) како се кај Америте да застана во место.

Него, батали Америка-Бразил и Чајна Гејмс. Еве нешто многу поинтересно, нешто на што се смеев задњиве пола саат.

5 COMMENTS

Уште од првиот (и според многумина единствениот) Дрим Тим, заедно со составите на САД на СП во Торонто 1994 и на ОИ Атланта 1996 год. не сакав да ја гледам таа кошарка која се играше на тие турнири, барем не утакмиците што ги играа Америте.
За мене нема ништо убаво во гледање како едни, за десет класи подобри играчи си играат “кур-ташак” со јадници кои не се на нивно ниво, ни физички, ни играчки, а кога ќе се сретнат со нив очи во очи – ни психички. Сакам да гледам кошарка, а во тие утакмици немаше ништо поврзано со неа.
Можда тогаш тие утакмици и ми биле малку интересни, но тоа веројатно било поради тоа што сум бил 10-15 години позелен од сега. Колку повеќе ја разбираме кошарката, толку помалку сакаме да гледаме такви шаради.


Начинот на кој пред малце Америте ја згазија Кина ептен ме потсети на тоа време, ама сега не можев да издржам да не трепнам додека гледав “порнич” у три попладне. Барем стварно да беше порнич.
Бљувотина од кошарка, ако уопште може да се нарече така, пред се затоа што за добар баскет се потребни две добри екипи, а Кинезите без Јаоза (а често и со него у состав) се далеку од остатокот од светот. Ако една ствар ми се свиѓаше е тоа што без разлика што за разлика од своите противници спијат на вреќи со стотки и цел свет знае кои се, Америте во текот на сите 40. минути не попуштија во ритамот и гризеа без да застанат ни на секунда. Тоа го немам видено кај нив уште од 1994 година и е голема промена на подобро за разлика од Атина пред две години кога играчите, а посебно тренерот беа залутани негде измеѓу Акропол и Пиреа.

* * * * *

Ритрај го спомна насловот “Најдоброто од двата света” кој го ставив на фото-веста за денешниот број на М.Спорт, за средбата меѓу Коби и Роналдињо (или Непцињо, ко што го вика Шеп) чудејќи се како тоа го сметам КВ24 за најдобар. Еве го текстот кој одеше у весник. Ако кликнавте приметивте дека кај Коби пишува “веројатно најдобриот”, што тој го покажа сезонава, нормално, како индивидуалец.
За весник пишувам објективно, иначе не би го ставил ни Непцињо како најдобро од светот на фудбалот, посебно не по бедното СП у Дојчланд. Да биде комплетно, еве ја и сликата на Кобињо и Непцињо заедно:

* * * * *

И кога сме веќе кај весници, ми текна, иако не обраќам многу внимание на тоа што се пишува за НБА по дневниве весници ова не можам да го преќутам…
ДИВЕЈН Џорџ, Леандро БАРБОША, МАСЕО БЕЈСТОН, и најголемата глупост од пред некој ден од “Вест” дека Шек е ново заштитно лице на кинеската спортска компанија Ли-Нинг. Информација која во овој момент е невистинита. Но, она што најмногу ме стресе у истиот текст е чистата, 100% лага дека Шек е второ големо заштитно НБА лице на компанијата по…пази сеа…Леброн Џејмс?!?!?!, кој има десетгодишен договор со Најк. Кој ги пишува (измислува) овие работи?

16 COMMENTS