Ова само како најава за пост за монструмот Кевин Лав!
Прва 30/30 партија по пауза од цели 28 години! Или, прва по дедо Мозес Мелоун од 1982 година! Вававиваааа!!!
Нека ви се впие ова до продолжението на овој текст…
…се впи?
31 поен и 31 скок! Да беа само скоковите пак ќе имавме неверојатно достигнување, зошто последен со најмалку 30 комада беше Баркли пред 14 години. Пред дупло повеќе од тоа, Мозес имаше партија за историја.
Можеби многумина се зачудија кога ги видоа овие бројки зад името на Кевин…т.е., сите се зачудија, но доколку го следевте изминативе две сезони, ќе видевте дека дечкото има неверојатен талент и чувство за скок. Не е ѕвер како Двајт, а не е ни висок како повеќето центри, па и четворки во лигата, но не беше ни Баркли, па пак беше ѕвер во скокот. Лав веројатно никогаш нема да го достигне нивото на Чак, но само како комплетен играч. Што се однесува до скоковите, момакот е веќе пред вратата на Баркли, кој секогаш изјавуваше дека едноставно мора да ја посакуваш топката повеќе од било кој друг на теренот…Тоа синоќа го правеше и Кевин. И под посакувам знаете на што мислам, а тоа не се преверзии со баскетот
Имам уште на оваа тема и воопшто за Кевин, па ќе гледам да го убацам овие неколку денови. Уште ако ни даде уште некој повод за пост, екстра.







