Photobucket

Меч од 61 фаул и 89 слободни на крајот беше решен со тоа што судиите не досудија очигледен фаул на две секунди до крајот, фаул кој веројатно ќе му дадеше сосема поианков крај на третиот дуел на Мавси и Нагетси.

Денвер беше во минус од два и напад, Далас имаше уште еден фаул до бонус. Топката отиде на Мело, овој беше апла фаулиран од Ентоан Рајт, за да се спречи било каков шут и Денвер да мора да уфрла од страна на две секунди. Наместо тоа, судиите останаа слепи, Мело се дигна и успеа да погоди голема тројка за победа и за практичен крај на полуфиналето на Западот.

Мавси со право беа бесни, иако до некаде имаат право да бидат лути и сами на себе за пропуштение шанси во финишот. Го оставија Нене да ја поништи големата тројка на Тери, а Дирк никако да го погоди клучниот шут кога е најпотребно. Со тој негов шут пред судиската глупост ќе беше плус 4 и ќе им беше џабе се на Нагетси.

После средбата НБА се огласи признавајќи ја грешката на судиите!?!?! И!?!?! Што да прават Мавси со тоа извинување? Сега им е сигурно многу полесно на Дирк, Хауард, Тери, Кид итд…сепак НБА им се извини. Можам да замислам како му е на Кјубан.

Photobucket

Со оглед на другата вест дека Јаоза има скршеница во стапалото и дека нема веќе да биде дел од плејофот, јасно е дека доста бргу ќе гледаме Финале на Запад какво и што се најавуваше.

Стварно е штета за Јаоза да му деси вакво нешто сред плејоф. Човекот едноставно нема среќа, за прв пат ја поминува прва рунда, Рокетси покажуваат дека можат да се носат со секого, и тој се повредува. Штета за цела серија.

Photobucket

На Исток, Леброн си имаше свое шоу во Атланта. Ненормално е со која леснотија игра тој човек, а на моменти не му се потребни судиите само да ја зголемаат таа негова играчка величина. Исто така е импозантна концентрацијата и фокусот кој го има на секоја средба. Иако Хоукси со 2/3 полуповредени стартери успеаа едно полувреме да се носат со Кавси, се тоа беше привидно. Посебно откако се стегна одбраната на Кливленд и Леброн рече: “Доста е“.

Сега ги чека уште еден меч во Атланта, кој сигурен сум ќе гледаат да го добијат за пак да си кулираат додека Орландо и Бостон се ’рваат. А, и кој и да помине даље, не му се пишува ништо убаво.

ПС: R.I.P. Чак Дејли…

9 COMMENTS

Photobucket

Чисто колку да има пост, а нема потреба од него. Кавси уживаат да го газат својот противник, па и на плус 30 играат со стартерите и даваат се од себе. Хоукси па како да уживаат да бидат мазохистите во целава приказна, па кај без двајца стартери, синоќа можеби останаа и без најбитниот.

Третата средба, а и четвртата, ќе бидат само репризи на овие две, а не знам ни дали некој друг до финалето ќе успее да ги раздрма Кавси.

Вудсон е крив што ги држеше стартерите толку долго на терен, ризикувајќи нова повреда, ама па од друга страна, и јас би ги држел, барем да видам малку срце и желба за борба кај нив. Нешто што го нема. Колку само работа има во Атланта ова лето ако сакаат да продолжат со растот како тим. Неколку нови играчи, па и нов тренер. Доста беше со Вудсон. Кој знае, можеби и трејд.

Иначе, што и да кажам за Леброн ќе биде вишок. Каква беше онаа тројка пред полувреме…

5 COMMENTS

Photobucket

Нека им е со среќа победата на Лејкерси, ама тоа не е тема на овој пост. Ни од далеку. Тема е “машкиот“ потег на Коби. Не ме интересираат неговите 40 поени, зошто сите знаеме дека е способен и за многу повеќе од тоа.

Иден Хол оф Фејмер, сигурно при врвот на Листата на најдобри стрелци кога ќе ја заврши кариерата и во муабет за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Ама класа од играч или да се поправам, човек на терен, никогаш.

Не сум бил и нема ни да бидам никогаш фан на Коби. Го почитувам како играчиште, како неверојатен талент каков ретко се гледа, ама јас сум пораснат со некои други ѕвезди кои имаа нешто што овој тип го нема, а тоа се вика КЛАСА. Нити некогаш ќе се сложам со споредбите со еден Мајкл. Класата на Мајкл, Коби никогаш нема да ја достигне.

Мечот сабајле и потегот со оној лакт над Артест беше само уште еден доказ за немањето класа од тој тип. Го удри Рон, судиите без врска свирнаа фаул над Артест, кој со право беше вознемирен после тоа.

Можеби изреагира пребурно, ама човекот си отиде до Коби, кој после лактот си ја дувна на сосема друга страна, чисто да му објасни зошто го удри. Не се бунеше за личната, а за реакцијата што отиде до Коби си одби техничка. ОК.

Photobucket

Ама Коби онака, глумејќи некое кул типче, само дигна раце, ко ништо да не направил, без храброст ни во очи да му погледне на Артест, кој само бараше објаснување. Зошто судиите го исклучија Рон, тие си знаат, веројатно сакаа да спречат некој следен инцидент.

Веднаш после тоа, кога фраерот погоди преку Батие почна да му мрчи на Шејн дека овој не може да го чува, на што Батие само му се насмеа, а Коби си лапна техничка. Класа.

Еве ја и одличната реакција на Артест после средбата. Смирено објаснувајќи ја целата ситуација. Понекогаш на играчи како Рон, кои ги прати лоша репутација од минатото, многу им се зема здраво-за готово, што не е фер, а многу им се прогледува низ прсти на ликови како Коби.

Потегот на “мажиштето“ ме натера да прочепкам низ богатата ни архива, зошто знам дека имав постови за лактање од негова страна и порано и дека ова не му е прв пат.

И така, ова е еден линк, оној за лактот на Ману, во кој би го издвоил коментарот на татко ми за тоа каков тип е Коби.

А, ова е вториот, за лактот на Јариќ. Многу бргу после тоа и Корвер доби лакт од Коби, ама судиите не го видоа, а и помина неказнето.

Да биде комплетен постов, еве ја и заушката на Алстон за Хаус, како и добриот одговор на Хаус на целата работа.

Баш сакам сега да видам како до сега не баш константниот за овие работи Сту Џексон ќе изреагира за овие инциденти. Јас знам што би направил. Двајт доби суспензија, а неговиот лакт не закачи никого, Рондо се извлече неколку пати во овој плејоф, а што ќе се дешава со Коби, Фишер, Рон и Алстон, ќе видиме.

Суспензии мора да има за да не се претвори плејофов во, како што вика Ритрај, WWF.

ПС: Фишер можеби не требаше да биде исклучен, но и не требаше баш онака да реагира со фаулот над Скола.

13 COMMENTS

House of Pain

Posted by Karakash Under Пирсинг, Постови од кабина, Playoff '09 on Thursday May 7, 2009

Photobucket

Така се игра шампионски.

Со срце, со гинење на терен и со масивна победа над издишаниот балон од Флорида остварена без Гарнет и Поу, и што е најважно, без Пол Пирс, а, (да Орландо е без Нелсон и Ли) кој не на теренот мина неколку минути. Не дека се повреди или нешто, него насобра лични грешки, а подоцна немаше ни потреба да се враќа во игра. Сега ем си е одморен за третата во Орландо, ем Орландо таа може да ја игра со само еден плеј, дедо Ентони Џонсон, откако судиите не видоа, ама камерите убаво го фатија Алстон како му мава заушка на Еди Хаус.

Photobucket

А баш тој Хаус ги растури, па и немаше потреба од Пирс на теренот. Не знам, има нешто во она Celtic Pride, нема да дозволат да ги газиш. Првата средба беше пример за тим, Орландо, кој живее на тројки, диета која никому не донела титула, ама знае понекогаш да украде предност на домашен терен. Арно ама, кога тие тројки не влегуваат, тогаш си во голем проблем.

Плус, колку и да го негираат тоа, сигурен сум дека Селтикси за таа прва средба беа преморени од онаа маратонска прва рунда, а и во лет мораа да се навикнуваат на игра против тим кој е офанзивно и дефанзивно сосема различен од Булси.

Сфингата Перкинс, па и Ирокезот Дејвис, на моменти, го надиграа Дефанзивецот на Годината кој може да се пофали со рудиментирани движења во нападот, покажувајќи му како се игра центарски. Не знам за вас, ама мене Двајт ама ич не ме импресионира.

Мислам, понекогаш бројките и тоа како можат да залажат, а момакот има уште фурни леб да јаде за да се спомне во било каков муабет со најголемите центри на сите времиња. Негова предност е тоа што игра во ера во која нема големи центри, освен оној во Хјустон, кој е вистински центар. И тоа што е атлетско чудо на природата, па сме сведоци на високи бројки и атрактивни куцања.

Photobucket

Друг проблем за Орландо е тоа што тие немаат лидер, или пак некои играчи со плејоф искуство. Насмевката на Двајт нема да ги разбуди или разбесни, тоа е за на Ол-Стар. Единствен таму кој е гласен е Ван Ганди. Сличен проблем има и Атланта, каде само Биби може да се пофали со играње големи средби.

Нападите им се предвидливи, а спуштањето на топката на Двајт, барем до сега, не се покажа како некоја опција.
Третата средба беше клучна за серијата на Булси и Селтикси, и Орландо ќе мора да се припази да не им се случи истото што и на Чикаго на нивни терен.

Не го ни спомнав Рондо и неговото будење и новиот трипл-дабл. Сега е во друштво само на Лери Бирд во оваа категорија во клупската историја на Бостон, кога зборуваме за плејоф.

Покасно и за Лејкерси и Рокетси, треба да се изгледа прво…

1 COMMENT

Photobucket

Па зар некој очекуваше дека Леброн ќе дозволи на прославата на неговата прва МВП титула некој да ја расипе забавата…Уште помалку тоа да бидат Хоукси, кои сега имаат малку време да ја изгледаат лентата од првата средба, да видат кај грешеа и на следната барем да издржат три четвртини.

Синоќа издржаа едно полувреме, а втората средба може само са им биде подготовка за домашните две каде ќе пробаат да ги изненадат Кавси. Во Кливленд никој не се изнаигра сезонава, па сигурно нема ни Атланта, посебно не сега, во плејоф, каде Кавси делуваат неверојатно фокусирано.

Само да не испадне како со Детроит, па пак да си се одмараат на подолго пред следната рунда. Се надевам нема да биде така, но тоа е до Хоукси, кои дома ќе мораат да играат како што играа цела сезона. Сила имаат за барем една, ако не две победи, но некако се чини дека за тоа се прашува еден човек, а тој не го носи дресот на Атланта.

Photobucket

А еден човек се прашува и во Далас, и тоа е многу опасно за Мавси. Сабајлево клупата на Мавси беше неочекувано одлична и на некој начин успеа да го надокнади неиграњето на Џош Хауард, кој уште на старт замина во соблекувална. Повредата на скочниот зглоб и не е така наивна, а дали ќе игра во сабота, не се знае. Барем има некој ден плус за опоравување.

Да се вратиме на Диркулес, кој сепак не може се сам. И колку да ја успоруваат, забрзуваат и пробуваат различни тактики, Мавси не можат да се носат со Нагетси. Така беше на овие две, а како ќе биде во Далас ќе видиме. Како и да е, на Мавси ќе им треба здрав Хауард, а и тоа не е гарант за успех. Ќе беше убаво сезонава да го имаа и Стекхаус, но тој е долго време повреден. Третата ќе биде клучна.

ПС: Рашид вика дека ако летово не добие понуда од осум милиони за сезона од некој клуб, дека ќе се пензионира. Со тоа само си ја изрази желбата веќе да не игра кошарка. Среќна пензија, Шид, нема будала која би ти дала толкави пари. Можеби и заедно со Ајверсон да си ловите риби, зашто и тој ги има истите бубачки во главата.

7 COMMENTS

…па ние лани игравме во финале, ние сме фаци, посебно ние од Ел-Еј. Ние од Бостон го немаме Кевин Гарнет, а ни Лион Поу, ама за разлика од овие од Холивуд, имаме ПУБЛИКА, која навистина е brotherhood и благодарение на која се вративме во игра против Орландо, иако бевме во минус од скоро 30 поени.

Photobucket

Нашата публика цело време беше зад нас, е сега, што нас не не биваше да ја свртиме целосно и покрај ужасните последни 15 минути на Орландо, кој за жал не е тим од калибарот на Чикаго, тоа е наш проблем и нешто на што ќе мора да поработиме. Иако, без помошта на Кеј-Џи во одбраната и во рекетот, како и таа на Поу, ќе биде многу тешко.

Photobucket

Не дека Орландо игра многу преку Двајт, кој добива топки на капка во рекетот, но имаат крила кои не можеме да ги чуваме. Рондо беше труба, не личеше на себе од првата, а истото се однесува и на Реј Ален. Пол никако да сфати дека неговиот грб е тоа што треба да не носи, иако беше ефикасен ако ги гледаме бројките. Кој знае, можеби ако овие тројца почнат да играат, во комбинација со разбудената клупа и ќе успееме да ја свртиме исто како со Чикаго.

Но, нашата публика ја заслужува секока пофалба, во ниту еден момент не се откажа од нас. Ако не за друго, за нив вреди да се игра.

А, т.н. фанови или позери во Ел-Еј повеќе гледаа да си се сликаат, наместо да го бодрат својот тим кога е најпотребно. Убаво им е да се дерат, мада тоа ретко кога се дешава, да не си ги воспалат холивудските грла, кога некој нивни играч ќе закуца или погоди тројка, ама ни тоа не се дешаваше често синоќа. Кога најмногу им требаа на Лејкерси, на минус 10 или помалку, беше тишина во арената, си го пиеја виното и си грицкаа. Баш им беше гајле што се дешава на теренот.

Photobucket

А. на теренот лекција од дисциплинирана игра на двата краја од теренот од Рокетси за тимот кој би требал да се прошета до Финалето. За тимот кој никако да покаже killer instinct и покрај сиот талент. За тимот кој има моф-брадат играч во рекетот кој рика на секој контакт ала Сабонис, наместо да гледа да убаци два. Или има лидер кој спие едно полувреме, па после се буди. А и тој пред средбата, нешто грлото го болело, па не тренирал.

Голема работа, во плејоф луѓе играат со повреди и никому ништо, овој грлото го болело и не тренирал. Вистинска Ел-Еј патетика, уште сега некој сценарио да напише на таа тема.

Photobucket

Да не зборам за постојаното плачење кај судиите. Да, можеби имаше понекоја грешка, но ги имаше и на двете страни, исто како и во Бостон. Тоа не значи дека треба да се буниш на секоја одлука и да глумиш лудило, кога ТВ снимките јасно покажуваат кој е во право. Тоа е само доказ на очајот.

Очајот кој мора се претвори во желба за надигрување и докажување дека сите епитети кои некој ви ги дава треба и да се докажат на теренот.

Знам, таа т.н. публика тоа не го заслужува, ама не играте за нив, играте за себе.

ПС: Секоја чест за Јаоза, Брукс, Рон, Батие и друштво. А и за Рик Аделман.

ПС1: Во Орландо не верувам дека се многу среќни после победата. Помалку тројки и посмирена игра е потребна кога ќе се стигне до така голема предност. Како што кажа Баркли на полувреме, да ги цедеа оние 24 секунди напад до крај на средба, немаше да успее Бостон да намали на помалку од десет. Ќе научат.

9 COMMENTS

Photobucket

Да не поверуваш, Леброн е избран за МВП.

Кој би рекол. Па, нормално дека е МВП, кој друг би можел да биде. Најмлад по Вес Анселд. Нек му се угоде, што вика Дасаф. Ова е веројатно прва од многуте, а се некако мислам дека многу повеќе би сакал да биде МВП на Финалето.

Што се однесува до бројките, веќе сте ги виделе – 28.4 поени, 7.6 скокови и 7.2 асистенции, а како плус на ова, тој беше и втор во гласањето за Најдобар дефанзивец.

А, она што е најстрашно во целава работа е што Леброн има само 24 години.

7 COMMENTS

Photobucket

На крајот се заврши онака како и што почна, со уверлива игра на Хоуски на свој терен за прв пласман во втора рунда по пауза од десет години. Некои екипи кои сега се во втора рунда чекаа и повеќе, така да ова и не некој толку битен податок колку што го прават. Посебно ако се знае состојбата во која беа Хоукси задњава деценија.

Верував дека Атланта ќе оди понатаму, а причините за тоа беа најевидентни вчера. Како што реков стопати, еден човек не може да добие серија, а и тој еден човек не беше баш сјаен вчера. Што е и нормално, после цела сезона влечење на својот тим.

На Вејд му е потребна помош во Мајами ако сакаат брзо да се вратат во втора рунда од плејоф. Атланта, реално, да одиграше малку позрело во некои ситуации, а и некои ликови во Мајами да немаа шутерски вечери на кариерите на две од седумте средби, оваа серија требаше да биде готова после пет, ама ете, се развлече на седум.

Битна за Хоукси е и повредата на Марвин, кој иако се труди да заигра, е далеку од она вистинското, како и Хорфорд, кој ризикуваа да не го играат во Гејм 6, за да го имаат колку-толку способен за седмата. Иако беше евидентно дека Ал не се движи баш најдобро со повредениот зглоб.

Да се вратам на Вејд. Ова лето тој може да потпише продолжување на договорот со што би ги уништил сите можни шпекулации за заминување следното лето. Но, не верувам дека тоа ќе се случи. На Рајли е ова, па и следното лето да му донесе вистински соиграчи на Двејн, зошто вака ризикува да го истроши пред да напуни 30-ка.

Сега следува Кливленд и Леброн за Хоукси, тотално различен и апсолутно поголем противник од Мајами. Сите предвидуваат метла, ама јас не би се залетувал до толку. Не дека Хоукси можат да поминат понатаму, тоа нема да се случи, пред се зошто Леброн не е Вејд, а и Кавси конечно, созреаа како тим, ама една или две домашни победи ќе бидат слатки.

Photobucket

На Запад, каде немаше седми средби, веќе си почнаа со втора рунда. И тоа како почнаа. После она што се дешаваше во Денвер стварно не знам како би можел Далас да стигне до финале на Запад. Мислам, Дирк, Џош Хауард, Тери, па дури и Кид погодуваа од кај ќе стигнеа и Нагетси пак комотно си тепаа и тоа без некоја посебна партија од Билапс и лимитираниот придонес од Мело во првото полувреме.

Енергијата со која играат во својата Арена е неверојатна кај Нагетси, скокаат, играат одбрана, одат на секоја топка, скокаат, се борат, куцаат, погодуваат тројки. Малце повеќе се пргави и одат на контакт на граница на лична, но им успева кај судиите. И брзи се во транзиција. Било да е во одбрана или напад. Плус, клупата во однос на таа на Далас е супериорна.По се изгледа Џорџ Карл, конечно, го има тимот по свој мерак во Денвер. Без канцерот Ајверсон, па и без Кемби.

Нормално, има уште да е игра, а прво што треба да направат Мавси е малце да ја успорат играта, ако е тоа воопшто можно, додека Лејкерси треба да го поминат Хјустон, но…

Дали Лејкерси добиваат вистински конкурент за Финале во Денвер?

3 COMMENTS