“Како да изгубиш“ by Џорџ Карл и Кавси
Posted by Karakash Under Д-Вајт, Кобиџилница, Лебронџилница, Постови од кабина, Playoff '09 on Thursday May 21, 2009Еве ме и мене.
Јас па за разлика од Шеп имам сосема различен поглед за некои од стварите кои се дешаваа во првите две средби од конф. финалиња, посебно на таа во Ел-Еј. Имав пишано и подолг пост на таа тема, ама сега, откако работава забајати малце, ќе удриме само по некоја кратка констатација за двете средби, па од утре, здравје, по старата шема.
За мене најголем виновник за изгубената средба на Денвер е човекот на сликата погоре. Карл до сега има докажано дека можеби е тренер кој ќе однесе силен тим (ако му се погоди) до пред финале, а еднаш и до финале, ама никогаш до крајот. И секогаш за тоа му требал еден играч кој ќе биде тренер на теренот и еден кој ќе биде стрелец суперстар. Така беше и во Сиетл, па во Милвоки и е сега во Денвер.
Нагетси ја имаа победата во раце, но лошите одлуки на Карл во финиш им ја одземаа таа победа. Со кој памет се става Ентони Картер да изведува аут во решавачки напад кога во таа ситуација го покрива за две глави повисокиот Одом? Да не зборам за тоа дека Картер во тие моменти не ни требаше да биде во игра, зошто не ти носи ништо позитивно, ни офанзивно, ни дефанзивно.
Секоја чест на Коби и Мело на фантастичните партии и одличниот машки дуел.
Вторава средба вечер ќе биде показател за тоа дали Нагетси се стварно предизвик за Лејкерси, кои не беа сјајни на првата средба. Тоа дека можат да ги добијат е факт, само треба да бидат водени многу подобро од тренерски аспект. А и онакви глупави фаули како оној на Мартин на крајот над Коби се стварно показател на ниска интелигенција на Кенјон.
Не дека Бајнам е нешто попаметен.
Што се однесувс до Кавси и Орландо, конечниот резултат стварно беше изненадување. Посебно по она фуриозно прво полувреме на Кливленд. Но, не знам дали пак Двајт, Хидо и Луис на една средба ќе одиграат така добро сите тројца. Исто како што не знам баш дали Леброн може на секоја средба да биде таков ѕвер како сабајлево.
Едно е сигурно, а тоа е дека играњето на само осум средби во нешто повеќе од месец дена не делува баш најдобро на Кавси, кои немаа никаков ритам во второ полувреме во кое пак Хидо, Луис, па и остатокот од Орландо погодуваа од секоја позиција.
А и Орландо не е Детроит, или пак десеткуваните и немоќни Хоукси. Ова е првиот вистински тест за фаворитот на Истокот, кој го паднаа на старт. Да видиме како ќе продолжи тестирањето.
Онаа извикана одбрана на Кавси ја немаше никаде, а нападот беше тотално импотентен, со исклучок, нормално на ѕверот, кој на крај сепак не издржа. Сепак, мислам дека работите ќе бидат поинакви на следната средба, освен ако не станува збор за нешто посериозно кај Леброн.
Има уште доста да се пишува и за двете средби, ама некако сега не ми е баш актуелно.
Се читаме утре…























