Добредојдовте во Бостон и Лос Анџелес,бујрум…
Posted by Karakash Under Д-Вајт, Кобиџилница, Пирсинг, Повредени, Постови од кабина, Playoff '09 on Tuesday May 5, 2009…па ние лани игравме во финале, ние сме фаци, посебно ние од Ел-Еј. Ние од Бостон го немаме Кевин Гарнет, а ни Лион Поу, ама за разлика од овие од Холивуд, имаме ПУБЛИКА, која навистина е brotherhood и благодарение на која се вративме во игра против Орландо, иако бевме во минус од скоро 30 поени.

Нашата публика цело време беше зад нас, е сега, што нас не не биваше да ја свртиме целосно и покрај ужасните последни 15 минути на Орландо, кој за жал не е тим од калибарот на Чикаго, тоа е наш проблем и нешто на што ќе мора да поработиме. Иако, без помошта на Кеј-Џи во одбраната и во рекетот, како и таа на Поу, ќе биде многу тешко.
Не дека Орландо игра многу преку Двајт, кој добива топки на капка во рекетот, но имаат крила кои не можеме да ги чуваме. Рондо беше труба, не личеше на себе од првата, а истото се однесува и на Реј Ален. Пол никако да сфати дека неговиот грб е тоа што треба да не носи, иако беше ефикасен ако ги гледаме бројките. Кој знае, можеби ако овие тројца почнат да играат, во комбинација со разбудената клупа и ќе успееме да ја свртиме исто како со Чикаго.
Но, нашата публика ја заслужува секока пофалба, во ниту еден момент не се откажа од нас. Ако не за друго, за нив вреди да се игра.
А, т.н. фанови или позери во Ел-Еј повеќе гледаа да си се сликаат, наместо да го бодрат својот тим кога е најпотребно. Убаво им е да се дерат, мада тоа ретко кога се дешава, да не си ги воспалат холивудските грла, кога некој нивни играч ќе закуца или погоди тројка, ама ни тоа не се дешаваше често синоќа. Кога најмногу им требаа на Лејкерси, на минус 10 или помалку, беше тишина во арената, си го пиеја виното и си грицкаа. Баш им беше гајле што се дешава на теренот.
А. на теренот лекција од дисциплинирана игра на двата краја од теренот од Рокетси за тимот кој би требал да се прошета до Финалето. За тимот кој никако да покаже killer instinct и покрај сиот талент. За тимот кој има моф-брадат играч во рекетот кој рика на секој контакт ала Сабонис, наместо да гледа да убаци два. Или има лидер кој спие едно полувреме, па после се буди. А и тој пред средбата, нешто грлото го болело, па не тренирал.
Голема работа, во плејоф луѓе играат со повреди и никому ништо, овој грлото го болело и не тренирал. Вистинска Ел-Еј патетика, уште сега некој сценарио да напише на таа тема.
Да не зборам за постојаното плачење кај судиите. Да, можеби имаше понекоја грешка, но ги имаше и на двете страни, исто како и во Бостон. Тоа не значи дека треба да се буниш на секоја одлука и да глумиш лудило, кога ТВ снимките јасно покажуваат кој е во право. Тоа е само доказ на очајот.
Очајот кој мора се претвори во желба за надигрување и докажување дека сите епитети кои некој ви ги дава треба и да се докажат на теренот.
Знам, таа т.н. публика тоа не го заслужува, ама не играте за нив, играте за себе.
ПС: Секоја чест за Јаоза, Брукс, Рон, Батие и друштво. А и за Рик Аделман.
ПС1: Во Орландо не верувам дека се многу среќни после победата. Помалку тројки и посмирена игра е потребна кога ќе се стигне до така голема предност. Како што кажа Баркли на полувреме, да ги цедеа оние 24 секунди напад до крај на средба, немаше да успее Бостон да намали на помалку од десет. Ќе научат.






