Јас ја праев сликава
И така помина уште едно Олстар доживување, коа ќе остане запаметено како дебитирањето на Енко пред пошироката јавност. Нормално, и доблеста на Дејан Лекиќ, и закопувањето на секирата со МакНБА.
Ај да не лижам
Утакмицата помина рапаво. Имаше од се` по нешто, и акробации, и финти, и неизвесност, и бламажи. Наместо да праам некаков си рекапитулар, ќе истресам неколку свежи впечатоци.
Прво, преку таквото ми е од лежерности. Ај дебитантите, ги разбирам. Ај сабота вечер, и тоа разбирам. Ама на што личеше тегавењето по терен на одредени ликови.. башка распрдениот Трејси Мекгрејди со стегачот преку очи.. као он нешо навреден, дава изјави цело време како имал мучнина, и сеа сите треба да го тешат, и он таков утешен да дае 43 поена.
Пак околу тие 43 – Коби пред утакмица дава изјава дека не сакал да дава 43 за новинарите у весниците да имаат за што да пишуваат. ДАТИБАМ ГЛАВУЧОТ!
После тоа, СО КОЈ ОБРАЗ, АМА СО КОЈ ОБРАЗ тој Флип Сандерс се осмели да го приреди хоророт на кошарката коа ги убаци неандарталците од Детроит. Мислам, ај не лежерност, ама тоа на шо личеше? Ко шо приметив, на крај на трета, 2 минути кош не видоа Западњаците, а нешо слично и у прва четвртина се деси. Ма ја не знам зашо не го избраа и Принс, и Делфино, и Мекдајс, ма цел Олстар у Детроит да се одржува. Но, тоа е тоа. Ко шо Грчка е европски шампион, така и овие смуковите ја разрушија целата концепција.
Многу сумњиво беше што Аринас пројде цели 6 минути на паркет. А Бен 18. А Рашид само 5. Тој Бен е музејски експонат за кромањонец шо лови диви животни и ги јаде, им ја дере кожата и се замотува у неа.
Мерион ај шо не знае да шутира.. уствари шо ќе го зборам. Трет стрелец на Западот беше (?!) Ама затоа можам да упатам еден апел до Картер да ги артикулиса тоа куцањата. Ај еднаш, ама два пати!
Леброн, добар беше. МВП. Алал да му е. Заслужено. Али ко шо вика другар ми Џедајот, многу личи на дедо.
Мао Це Тунг, јасно ми беше каква партија ќе пружи уште кога се измрда така растревожено на почеток, мислев се скрши. Шекил пак, си се наметна ко фаца бр. 1, ама шпиунски го изеде од Коби, ем еднаш ко му се ишуња меѓу нозе, а еднаш ко го залепи, па од риспект му судеа фаул. Е дебели, дебели, да си останеше у ЛА..
Ева Лонгориа не се виде. Затоа пастувот и` пуцаше 3-8 од поле и имаше 5 изгубени топки. Гасоламабад, прав феномен. За 14 минути, 0 поени и 12 скока. И каква банана, дупла, попи од гореспоменатиот кромањонец, па то страва и ужас у цела Шпанија.
Гарнет, 1-9 од поле. Може он и боље.
Крис Бош, 8 поена со 8 скока, а генерацискиот му Вејд 9-11 од поле. Мож требаше да се продумаат околу МВП.. пошто Флешот на крај си го дае решавачкиот поен по офанзивен скок.
Одговорот е 5-14. Ужас. Али поголем ужас од дресовите.. ау, очобол.. па то се мешаат бои, па то коцкасти бројки, па то стегачи преку очи, абе РГБ фестивал..
Иначе Ејвори Џонсон официјално влага у категорија за најпискав глас евр. Ко да му стаиле јастог у гаќи. Башка фармерски изговор: „Јеао, хеиеј Јеао! Пик`н рол, Јеао“
Пол Пирс нека ургира да го трампаат у Детроит, му се уарни со тоа бандата да игра. Чонси, стабилно, 15 поена, 4 скока и 7 асистенции за 11 минути. Браво. РИП, онака, колку да се рече.
Стив Неш у знакот на Коби Брајант – 2 поена, 5 скока, 6 асистенции. Тоа дека химната на Канада беше у сенка на америчката од Дест`ни`с Чајлд (хихи ова со апострофиве).
За тоа дека Бренд е дојден да се надигрува ми стана јасно од почеток. Ете зашо Клиперси се јаки. Алал и нему.
Реј Ален, 0-7 за тројка. Пензија? Едино тоа куцањето на почеток, малце душа покажа.
Данкан 15 поена и 10 скока, 6-7 од поле. И 5 изгубени топки, али океј е, роботски, то шо се бара тоа си учини.
Али, целосно, добра утакмица. Само ја мора да искритикувам. Еве ко шо ќе мавнам отворена критика дека Енко и Дејан беа премногу оптоварени со МВП.. али се прифаќа, шо. А тие пораките, епа сакате да глеате Олстар, мора и некој да го плати.. капитализмус.
А да, Бевета е исти Јеремие од Алан Форд само без цвик!
Конечно: победа на Источните, МВП Леброн Ноктогризачот Џејмс, најмлад у историјата шо го добил тоа чкартното навидум кристално трофејче шо ќе му фаќа прашина у витрина додека штама на трибина, абе тоа милина, нокти гриза ко грисина, елегантен ко балерина, пливај Делфина и сл. Иначе, ако Коби на крај даеше некоја тројка, он ќе требаше да си биде МВП, а не тоа говедото Мекгрејди кој од прв напад тргна да брка рекорди.
Епа ТиМек, шо ми е мило да знаеш.. со туѓи перја нема китење. Најатрактивен момент се подразбира дека беше последниот поен на Коби, со дриблингот и фејдавеј шутчето.. а нормално дека на полувреме не беше до таа мера лош ко шо Енко Кобимрзецот го престави, туку се фокусираше на тимска игра. Па на полувреме имаше 4-4-5, а ако фатеше да пуца ко луд сите ќе го кудеа дека е болно себичен. Дипломатија.
А ја нормално дека се зезам, попушта концентрација, побогу, 6:20 е.
Ако на постов нема слики, значи ме мрзело да ги ставам.
И ДА, НЕ Е САМО ЕНКО МАКНБА, ДА ВИ ГО КЛАМ. ПОБОГУ, ЈА СУМ ОСНИВАЧ!