На денешен ден – 8.532 слободни на Поштарот
Posted by Karakash Under Легенди, На денешен ден on Thursday Mar 24, 2011Можеби на повеќемина Карл Мелоун не им беше омилен играч. Нешто што можам да го разберам, зашто и јас во тие години кога се запознавав со НБА не бев некој фан на Поштарот. Ми беше ѕвер со невидената мускулатура, но како и на повеќетп деришта, Јута не ми беше баш омилен тим.
Но, како што течеа тинејџерските години и се повеќе се осознаваа основите на кошарката, правопропорционално се зголемуваше респектот за Јута, Мелоун, Стоктон, Слоун и Хорни.
Пред точно десет години Поштарот стана прв на вечната листа на играчи според бројот на реализирани слободни фрлања. Поминувајќи го преодниот лидер, презимењакот Мозес, на кого сезонава му се срушија некои други рекорди.
ПС: Поштарот е најдобар пример колку напорната работа има влијание во развојот на еден играч. Кај Мелоун веројатно имаше само 5% талент, но затоа работеше како мазга на тие 95% човекот и стана една од најдобрите четворки на сите времиња…Играњето со Стоктон секако дека помогна.




