11/12 Најава: Елита

Posted by Karakash Under Најави 2011/12 on Saturday Dec 24, 2011

Треќи дел од привјуто, кое искрено, поради Бостон и Лејкерси помислив да го правам и во четири дела. Еве и зошто. Некако не ми се гледаат ни едните, а ни другите како способни за нешто големо. Максимум мислам ќе им биде она што го остварија минатата сезона,  а многу е можно ни тоа да не се случи. Двете екипи се постари, помалку квалитетни и тешко ќе можат да се носат со младоста на ривалите во своите конференции.

Лејкерси имаат три и пол навистина квалитетни играчи, немаат клупа, а немаат ни просечен плеј во тимот. Плус, имаат тренер кој ќе треба тек да се докажува во Ел-Еј и кој не беше прв избор на Коби за наследник на Зенот. Да направат трејд за Двајт, ќе останат со два и пол квалитетни играчи, што и не е некој напредок. Добро е за иднината, но за оваа сезона, јок.

Бостон пак, има четири квалитетни играчи и промаја на клупа. Имаат добар тренер кој одлично ги познава своите играчи, но прашање е колку колената и зглобовите на триото ветерани ќе може да издржи во згусната сезона. Рондо ќе влече, но човекот не може сам. Уште кога ќе им ја видиш дупката во рекет, каде Гарнет ќе мора да се троши повеќе од потребното за негови години, некако максимум ми е за нив 2. рунда од плеј-оф, можеби ни тоа.

Двете екипи ги поврзува Крис Пол, до кој не успеаја да дојдат, едните имаа понуда која Хорнетси ја одбија, другите готов трејд кој Комишот го одби. Сега, и едните и другите имаат послаби екипи од лани. Лејкерси го немаат Одом, а Селтикси беа малери и цела сезона останаа без Грин, кој на тројка ќе го одмореше Пирс.

Пол на крајот заврши во Клиперси, кои од никаде станаа фаворит на многумина за финале на Запад, две места за кои ќе се борат со Тандер, Далас, па и Мемфис и Сан Антонио, ако им се поклопат коцките. Мада, ако им се поклопат коцките и некои други екипи, како Лејкерси, можат да стигнат толку далеку.

Кога сме кај Клиперси, нема што, менаџментот на тимот кој постојано беше критикуван состави опасна прва петорка. Чонси го ланпаа сосема ненадејно, како што дојдоа и до Пол, и сега добија бековски тандем составен од два плејмејкера кои ќе бидат незгодни за секоја екипа. Чонси може да се снајде на двојка, снажен е и искусен да чува противнички двојки, за Пол не треба да се трошат зборови, а човекот ќе има мотив плус да успее во Ел-Еј, покрај Грифиндор.

Убав потег беше задржувањето на Деандре, иако можеби премногу ги кошташе, додека Батлер е одлично пополнување на тројка, само да не се повреди пак човекот. Клупата е тенка, но не е толку лоша со Мо, Фој, Гомес и Реџи Еванс.

Е сега, за да дојдат до за нив историско финале на Запад, Клиперси ќе мораат да бидат подобри од Тандер и Далас, ланските финалисти, кои некако делуваат дека и оваа година пак можат да се борат за место во финале. Оклахома не мораше да чепка ништо, има млади ѕвезди кои од сезона во сезона се се’ подобри и добра поддршка околу нив.

Мавси направија сериозни промени, ги нема Батлер, Пеџа и Тајсон Чендлер, чие заминување може да биде најголем проблем за нив, но го добија за џабе Одом, а тука е и Винс, кој ќе биде од корист во некоја од 66те текми. Проблем може да биде и тоа што го нема Бареа, но Беабуа би требал да го мења Кид, додека Хејвуд ќе се намачи да го надомести Чендлер.

Како и да е, Мавси пак можат до финалето, но се ми мириса дека овој пат Тандер ќе бидат тие кои ќе и се радуваат  на титулата на Западот.

Мемфис и последното ура на Спарси ќе мрсат сметки. Мемфис ако игра ко лани во финиш на сезона и во плеј-оф, со плус една година искуство, ќе биде крајно незгоден тим, нешто што Спарси се со години. Мислам дека ова е задња шанса за Тимчо и друштво, а иако скратена сезона им одговара, милион текми во пет месеци не им одат во прилог.

А да, уште ова за Гризлис, Дарел Артур е повреден и нема да игра цела сезона, а Батие му ја дувна во Мајами. Две работи кои не смеат да се занемарат. Од друга страна, Зеко ослабнал и е во најдобра форма во својата кариера викаат, така да, се е могуче.

————————————————–

А сега на Исток.

Од прва, конф. финале Мајами – Чикаго втор дел делува најреално. Младите играчи се позрели, тројкава во Мајами научи од ланските грешки (ваљда), и иако не ги пополнија двете најболни точки, на Флорида и без топ плеј и центар, за малку и во последното финале не стигнаа до титула. Да знаеше Леброн дека не се игра три, туку четири четвртини, можеби сега ќе зборевме за Мајами како за тим со најголеми шанси да ја одбрани титулата. Вака, зборуваме за Мајами како тим кој е најсериозен кандидат за освојување на титулата на Далас.

Во дел од елитата на Истокот ги ставам и Никси, иако мислам дека вака како што се конструирани и не се баш спремни да му конкурираат на Мајами. Да беше и Билапс во екипа, шансите ќе беа поголеми, посебно со Чендлер во рекет и Амари кој нема да мора да се замара секоја вечер на центар.

Голем фактор за евентуален успех ќе биде Берон, кој ако до враќањето на терен симне некои 15 кила и нема проблеми со повреди во иднина, може да биде страшно засилување за оваа екипа.

И, тоа е тоа. Од утре, задутре, ќе зборуваме за НБА текми кои веќе се одиграле, а не она што очекуваме да се случи.

 

Фото: YahooSports/NBA

ADD COMMENTS

11/12 Најава: Средна класа

Posted by Karakash Under Најави 2011/12 on Friday Dec 23, 2011

Во стилот на првиот дел од најавата во три дела, еве ги екипите кои би требале да играат плеј-оф, ама и кои исто така, би требало да не направат ништо посебно во него.

Тоа се: Атланта, Орландо, Индијана, Филаделфија, Денвер, Портланд, Милвоки и Хјустон.

Не знам дали е полошо да бидел дел од оној Долен дом од претходниот пост или од оваа група. Група од која некои екипи се целосно заглавени и сосема е јасно дека нема шанси да направат напредок во однос на минатата сезона. Можат само да паднат, да стигнат до прва рунда од плеј-оф и таму да пукнат.

Работите секако изгледаат подобро за екипи како Денвер, Филаделфија, Индијана и Портланд. Не дека таа четворка е поквалитетна од другиве четири, напротив, но ми делуваат како екипи на вистински пат. Кои можат да напредуваат и со еден добар потег во индина, да бидат тим кој сите ќе го сфаќаат сериозно.

Нормално, ако претходно малерите не го сотрат Портланд, не им изгори арената, па да мораат да се преселат во Ванкувер. Настрана тоа, со заминувањето на Рој во предвремена пензија, ќе им се отвори за следното лето неговата плата во селари-капот. Како привремено решение на двоја тука е Џамал, го имаат и лани одличниот Метјуз. Фелтон ќе биде бољи плеј за оваа екипа од Андре Милер. Ламаркус ќе биде лидер, а Батум и Џералд Волас се послаби верзии од Скоти. Проблем е под кошот, каде го имаат стаклениот Кемби, и тоа ќе биде нивна најголема болка. Башка, имаат добар тренер.

Филаделфија веројатно одигтра најпаметно, не менуваше ништо во однос на лани, ја задржа групата која е добра дефанзивно и која може да биде опасна офанзивно. Нема да бидат шампиони, но ќе бидат незгодни. Воиграни се, и добро се познаваат. Истото важи и за Индијана, која во рекетот го загуби Мекробертс, но доби подобар играч во Дејвид Вест. Ако може да се врати во форма човекот, Пејсерси ќе продолжат со скокот во квалитет од последните две сезони.

Денвер ми е интересна екипа. Имаат играчи кои отидоа да играат во Кина, но и без нив се екипа која има барем 10 играчи во ротација. Место Фелтон на плеј е Андре, кој би требал да му биде резерва на Лосон. Имаат играчите на сите позиции и можат да пукнат некој фаворит во плеј-оф и да стигнат високо во вака кратка сезона.

Што се однесува на вторава четворка,  едните се заложници на реметот кој ќе им го прават постојаните шпекулации за трејд на Двајт Хауард, другите се заложници на договорот со кој Џо Џонсон може да нахрани некоја мала африканска земја, кај третите редовно се случува некоја повреда на важен играч, но кога се здрави Бакси можат да бидат опасни, додека четвртите сакаа да прават трејд за центар, ама Комишот не им даде. Имаат добра екипа, но имаат огромна дупка во рекетот и се без опции од клупа за некои клучни позиции.

Ако Богут е здрав цела сезона, Бакси со Џексон, Данливи и Бено како засилувања, ќе прескокнат некој од лансите ривали за плеј-оф место. Ако Џош Смит не шутира тројки, Џо почне да игра колку што го плаќаат и некаде го најдат победничкиот менатлитет кој го немаат,  можно е чудо во Атланта. Ако Рокетси научат да играат без центар, кој знае, можеби изненадат некого во плеј-оф. Ако Орландо добие Ол-стар тандем за Двајт (Пау и Бајнам) и ако Хидо почне да игра кошарка, ете ти магија.

Многу „ако“, малку веројатност за вистински успех.

 

 

ADD COMMENTS

11/12 Најава: Долен дом

Posted by Karakash Under Најави 2011/12 on Thursday Dec 22, 2011

Наместо класична најава за новата сезона, со секоја екипа посебно (нешто што го имаме правено во минатото), пред новава скратена сезона решив и најавите да бидат скратени. Така, екипите со оглед на нивниот квалитет и она што се очекува од нив ќе бидат во три групи.

Десет најбедни (кои на крај испаднаа 13), десет средни, кои не мрдаат нагоре, но би можеле надоле, и Топ екипи (група која веројатно нема да биде составен од 10 екипи) кои би требало да ја обележат сезонава .

Почнуваме со Les Miserables десетката (која откако го напишав испадна дека не е баш десетка), на која и кромид да и се додаде со кригла пиво нема да ја спаси. Меѓу нив има екипи кои се подобри една од друга, кои на моменти ќе изненадат пријатно, но кои на крај најверојатно ќе ги гледаме како се молат да им падне што повисок пик на следниот драфт.

Тоа се: Шарлот, Шарлот, Кливленд, Торонто, Вашингтон, Њу Орлеанс, и малку подобрата четворка (иако не мора да испадне така) – Јута, Детроит, Минесота и Сакраменто.

Оваа десетка реално, може само да сонува плеј-оф и на крајот сето тоа да остане само еден убав сон. Посебно првите четири кои се прави јадници. Некои од нив во процес на изградба на нова, квалитетна екипа, но без елементите, засега, за такво нешто. Мајкл во Шарлот докажува дека не е исто да си успешен како играч и како оперативец (и како газда), Кливленд е јасно дека е во целосна реконструкција, а дали ќе го претрка Скопје и пред 2014-та ќе стане тим за почит, останува да видиме.

Торонто искрено, не знам во кој правец оди, но знам дека не е исправниот, додека Њу Орлеанс знае каде оди, ама таму нема да стигне во скоро време. Визардси се интересна група на карактери кои се во најмала рака сомнителни. Имаат талент, тоа е неоспорно, ама тоа не е доволно да се успее, посебно ако вкупниот коефициент на интелигенција на тандемот под кошот, Блеч и Џавел не е повисок од 70. Тука ни тренер како Флип не менува ништо. Но, ќе биде весело да се гледаат хајлајтси од нивните порази.

Четворкава што ја одвоив погоре може да се каже дека е малку подобра од џибериве, но ништо спектакуларно. Јута има солидни опции во тимот и од вклопувањето на Џош Хауард ќе зависи дали ќе бидат сфатени сериозно или не. Во рекетот ги имаат Милсеп, Џеферсон, Фејворс и имењакот ми Кантер, а и Херис не е лош плеј. Сепак, тоа е се што имаат.

Детроит ми е мистерија последниве две години. Тим кој е во рибилдинг, ама уствари не е. Тим кој заглавува со договори како тие на Вилануева и Гордон и кој има интересни играчи, ама недоволно интересни да те натераат да седнеш да ги гледаш на ТВ. Нешто слично се и Вулфси, кои сепак, имаат играч како Кевин Лав и чија сезона во голема мерка може да зависи од Рики Рубио и неговото адаптирање на НБА, како и од тоа како играчите ќе го прифатат системот на Рик Аделман, кој во минатото знаел да оправи доста екипи кога седнал на нивната клупа.

Кингси се интересни, но само толку. Немаат снага во рекетот со исклучок на Демаркус, а Тајрик би требал да се врати во нормала по слабата втора сезона. Салмонс и Торнтон се добри играчи. Едвај чекам да го видам Џимер, кој ќе изненади. Дали пријатно или непријатно, тоа ќе видиме.

—– Дур го пишував ова ми текна дека уствари и не е десет бројот на екипи кои можат да бидат очајни оваа сезона. Не знам зошто, веројатно ради Дерон и Нештињо, на листава не ги додадов Њу Џерси и Феникс. Да биде грешката исправена, нек се шири листава на 12 со Нетси и Санси. Имаат страшни плејмејкери, но остатокот од тимовите и не им е баш нешто посебно.

Браќата Лопез го луваат рекетот на двете екипи, а иако Брук е подобар играч, човекот е жив срам за позицијата центар со своите скокачки (не)квалитети. Искрено, ради Дерон и Неш, посакувам двете екипи да имаат добри сезони, иако тоа и не е баш реално.

—– Не знам дали и Вориорси да ги убацам во оваа група, па да испадне баксузна 13-ка. Нека испадне (за тие што пратат, одамна не зборуваме за најбедната десетка во лигата). Кари е повреден, Елис има проблеми со тужба за секс. злоставување, а нешто и ми немаат тројка, или пак центар како треба. Уште па и Марк Џексон им е на клупа.

6 COMMENTS