Џабе што викаме ќе правиме привју за Истокот и за дел од Западот, ама тоа во овој момент не може да помине ако претходно не направиме еден рикеп на се што се случуваше досега на стартот од ова сезона. Ќе гледам да се задржам само на оние тимови кои ми оставија најмногу впечаток досега или за кои мислам дека ќе бидат изненадување (пријатно или непријатно) во остатокот од сезоната, со тоа што Lakers пак намерно ќе ги изоставам, што ради онака навијачки, што ради Шеп, што ради Вујо, пардон Вучицата.

Phoenix:
Порано кога тврдев, дека секој тим со Shaq може да стигне комотно барем до финале на конференција, сезоните не ме демантираа. Арно ама сега работите стојат поинаку. Не толку поради дизелот, но можеби поради тоа што тимот не беше за него во вистинско време, во вистинска конференција. Како и да е, само што го баталија, Suns како да се препородија и направија пуздер, за моментално да застанат на чело на својата конференција, што не верувам дека по 7 одиграни натпревари многумина го очекуваа од нив. Не дека баш откачувањето од Shaq им овозможи да се вратат на run ‘n gun стратегијата (човекот, во Orlando, па и во Lakers и Miami докажа дека може да се вклопи во такви шеми), ама во секој случај кога не го обраа бостанот во петокот докажува дека со таква игра може секого да победат.
Клучно: Channing Frye, може да се каже дека конечно човекот ќе почне да напредува и ако не му се случат повредите што го спречија во тоа (како во Њујорк и Портланд), може да биде и еден од MIP кандидатите.

Houston:
Алал да им е, алал, … Од она што можев да го видам досега, гледам тим кој е подобар од оној кој ги изнамачи Lakers во ланскиот playoff. Немам доказ дека Lakers се зезнаа што го дадоа Ariza, но факт е дека во средина каде сите можат да бидат прва опција во напад, Trevor покажа дека може да биде многу покорисен отколку што беше во L.A. Сепак и без него мислам дека имаат доволно квалитетни борци за да надокнадат во голема мера било кое отсуство. Уште малку и ќе заборавам дека Yao и T-Mac воопшто играле во Houston. Единствено што не ми се допаѓа е Adelman, кој без разлика колку успех имале во сезоната, може многу гадно да ги зафркне во playoff, што со оглед на секогаш густата конкуренција на западот нема да им биде загарантиран.
Клучно: T-Mac, се си мислам дека неговото побрзо враќање ќе биде контрапродуктивно за тимот. Без разлика колку би бил веднаш спремен за игра во екот на сезоната, Adelman ќе мора да биде претпазлив и да не му дава веднаш голема минутажа и топка во раце при секој втор напад. Јас прво би го седнал на клупа десетина натпревари и би му давал максимум 10 минути, па потоа уште десетина натпревари до 20-ка од клупа, па ако се одвиваат работите на подобро, може понатака и во starting 5.

San Antonio:
Ako Suns пријатно изненадуваат, тоа дефинитивно не може да се каже за Spurs. Од тие натпревари што ги видов, посебно против Utah, делуваа многу бескрвно, освен ан моменти Parker. Добро, сеуште е рано, ама на новодојдени ветерани не треба да им биде тешко побрзо да се уиграат во јадрото (добро знаеме кој го сочинува) на Pop. А можеби проблемот е тоа што кај Spurs ветераните се веќе со големо „В“ и полека времето им одминува. На хартија имаат перфектен ростер, но ако се додадат тука и годините, нема да им биде се така розово (а и онака се им е во црно, бело и сиво) оваа сезона. Pop ќе мора повеќе да ги одмора главните играчи вклучително и Longoria, кој пред некој ден се повреди и не се знае каков ќе биде откако ќе се врати. Да не испадне после: „ете Bowen замина и затоа ништо не прават“.
Клучно: Manu, викаше дека после одморот што го имаше летово ќе биде подготвен за сезонава како никогаш досега, ама освен фаќањето на bat-от, нешто повеќе и не видовме. Ако тој не игра, ни Spurs не играат. Не знам дали сум еден од ретките што вака мислат, ама добро ги пратев Spurs во изминативе 10 години, посебно од 2002 од кога дојде Manu и тврдам дека тој, па потоа Duncan и Parker со нивните MVP трофеи, e најзаслужен за последните 3 титули. Да не објаснувам зошто, оние кои не ги прателе доволно Spurs и кои гледаат голи бројки нема да разберат.

Cleveland:
Уште една од оние „потврди“ дека се промениле времињата на непобедливоста што ја носеше со себе дизелот кога ќе дојдеше во нов тим. На стартот, мотото “win a ring for the king” се претвора во тежок task. Сепак, мислам дека досегашното немање на центар од негов тип во Cavs (додуша и никогаш немале ништо приближно, не сакам да чујам некој да спомне Daugherty или Williams) претставува проблем, така што сега не можат да ја приспособат играта на него. Lebron не е проблем, покажа многупати во досегашните натпревари дека може беспрекорно да функционира со Shaq. Проблем се типовите како Varejao, или бековите во ситуација кога Lebron не е на теренот. Првиот, не може да се извади надвор од рекет кога е Shaq во позиција и му носи човек плус беспотребно, а вторите не знаат добро да подадат од надвор кога дизелот добро ќе се намести. Но како што вика и самиот тој, сеуште нема причини за загриженост, има време за уигрување.
Клучно: Mike Brown, дефинитивно ако не знае да изгради офанзивна стратегија во која Shaq ќе има значајна улога и во која Lebron ќе има повеќе чисти ситуации, а не другите од тимот само да гледаат како се тепа за секоја топка и да оди во публика, тогаш треба да си оди. А ако не си оди тој, догодина Lebron треба да си замине доколку сака да остане запаметен како голем победник со голем број на прстени, а не да остане само најдобар играч во историјата на Cavs.

Toronto:
Гледам многумина тука на MakNBA рекоа дека Bargnani се здиве и ќе почне да напредува уште побрзо, плус дека тој е најзаслужен што Toronto до пред некој ден беше и на чело на Central. Арно ама не е баш така, се сеќавате колку беше продуктивен Howard во рекетот и колку лесни кошеви постигнуваше додека Turkoglu играше во Orlando. E сега тој Туркоглу го имаат Raptors и затоа Bosh и Bargnani се здивуваат на секоја утакмица со по 20-30 коша, а неретко и многу повеќе од тоа. Секоја чест на Calderon, не сакам него да го критикувам за ништо, ама Hedo е токму она што му требаше на овој тим. На натпреварите на кои го гледав иако не му одеше шутот, сепак успешно ги разигруваше соиграчите, посебно центрите.
Клучно: Bargnani, ако се вклопи уште подобро во стилот на игра на Turkoglu, тогаш може да биде уште поопасен како што тече сезонава. Тоа може да резултира и со награда за MIP за него и со второ коло од playoff за Toronto (под услов во прво да ги избегнат Cavs, Celtics и Magic), за нешто повеќе ќе им треба и многу среќа, тука ни Hedo не може да ги извади.

P.S. Потполно се согласувам со Енко за Hawks дека имаат еден од најдобрите состави досега и очекувам да им ги поматат сметките на главните конкуренти за врвот на истокот. Нема да ги коментирам повеќе за да не му ги урочам