Енди Хунзата, Еленски скок преку Далас, Марберакис, сите трљаат раце за Орландо – Бостон
Posted by Shepard Under Дневен преглед, Месечарење, Општо / Разно, Трејд муабети, Old School рикепи on Thursday Jan 22, 2009Веќе во неколку коментари на претходниот пост се разврза муабет за синоќешната утакмица помеѓу двата тима од ЛА, во кој Лејкерси излегоа ко победници.

Така се роди голема љубов меѓу двајца млади и надежни центри – А.Б и Д.Џ., видно запотени после доброто рвање под кошевите
Лејкерс-Клиперс е мрска утакмица, одувек и била, но она што е важно чисто да се одбележи е учинокот на Бајнам од 42 поена и 15 скока за 36 минути игра, со тоа што стана првиот играч на Лејкерси после Шекил 2003 да постигне преку 40 поена, а да не се вика Коби. Последноспоменатиов пак, забележа одново трипл-дабл со 18 поена, 10 скока, 12 асистенции и мизерен шут од поле. Единствена светла точка кај Клиперс Шмиперс беше нивниот центар ДиАндре Џордан со феноменален ко за него достиг од 23 и 12.
Нешто што ми е непријатно за коментирање е масакрот на Мавси од страна на Милвоки, со 34 разлика (стално ми е непријатно коа некој тим губи со толку разлика). Ме радува само фактот што Чарли Вилануева (ако памтите многу го воспевав у времињата коа бев активен на МакНБА а он сеуште во НЦАА), со учинок 32 и 10 бил мен оф д меч. Сепак дечкото никако да стане елитен играч, оваа сезона си е просек, иако има некој напредок од лани.
Од Грција, освен што немирите продолжуваат, стига веста дека по повредата на Чилдрес, Олимпијакос е ептен заинтересиран за ангажирање на Стефон Марбери. Управата на Њујорк размислува да го пушти детето да се истрча малце на европски паркет само под услов ако се откаже од 10ина проценти од годишната плата што му е предвидена (а пошто зима 20 миљона, таа скромна десетинка би била 2 и нешто милиони). Ај да видиме ба баш.
Инаку вечер, 2 од најдобрите тимови у Лигата ќе си ги одмерат силите (каков епски израз бај Златко Калински). Во Орландо ќе гостува актуелниот шампион, Бостан Селтикс. Орландо има серија од 7 победи по ред, Селтикс 6. Бостанци синоќа го тепаа другиот тим од Флорида, Мајами. Орландо не биле волку јаки од времето на Пени и Шек. Утакмицава ќе биде од големо значење пошто е привју на полуфиналето или финалето на Исток. Ова е нивно второ соочување, у првото Бостон газеше, па сеа Орландовци се желни за одмазда. Башка, у питање е домашен терен у плејоф. Иначе ако Орландо победи, ќе биде број еден на ниво на цела НБА. Каков Коби, Леброн.. Двајт е човекот (со ненормална јака поддршка од Хидајет, Рашард и Џамир).









