Мак.Таленти – Ѓорѓи Узунов

Posted by Karakash Under Видео, Мак. таленти on Wednesday Feb 16, 2011

Пред некое време имавме постирано повик до сите млади и талентирани кошаркари да ни пишат за себе, а ако е можно, и да ни пратат видео од нивните игри.

Со тек на времето малку подзаборавивме на ова, но денеска со мејл ме потсети Ѓорѓи Узунов (мислам од Струмица).

Момакот има 17 години и веќе осум години тренира/игра кошарка. Четврта година е во средно и игра во мак. втора лига, а и во младинската лига.

Btw…Ѓорѓи е и репрезентативец на Македонија. Младински, разбира се.

ПС1: Ѓорѓи е тај дечкото со 4 на грбо.

ПС2: Делува позрело од своите години. нали?

3 COMMENTS