За крај…

Posted by Karakash Under Еуробаскет 2011, Македонски баскет on Tuesday Sep 20, 2011

 

…надевајќи се дека ова не е навистина крај, туку само почеток на убавите моменти и успеси кои ќе ни ги приредуваат овие момци.

 

 

ПС: Секоја чест на авторот на видеото IP14

1 COMMENT

Ова требаше да биде постирано вчера, по поразот од Русите во борбата за трето место. Но, поради „квалитетот“
на нетот на Кејблтел, кој го немаше некои 16-17 часа, иде вака касно. Оттогаш кошаркарите полетаа и слетаа во Скопје и го имаа војот дочек на Плоштад, но ќе ми беше шубе да не го постирав ова

Уф, мајку му, па не можевме на ова Европско да одиграме една текма на која пред крај нема да мора да лупа тахикардија, да се пијат апаурини и да се стрепи за крајниот исход. Во некои моменти ние бевме тие кои се радуваа, а во други, како двата дуела со Русите, среќата не беше на наша страна, иако имавме шанси да славиме.

Но, и овака имаме и тоа каква причина да славиме. Како што напишав и претходно, мислам дека никој од нас се уште не е свесен за големината на овој успех, за 4-то место во Европа, за силите кои ги оставивме зад нас, за добиеното едно полувреме со шампионот Шпанија и чекорот на кој бевме од можно китење со бронзата.

Не ни можеме да бидеме свесни. Како и за се друго, така и за ова е потребно време, да слегне и да добие на тежина, да почнеме реално, а не емотивно да гледаме на успехот.

А тоа дека за најголемиот дел од нас овие момци се шампиони, не е спорно, иако сум убеден дека не се чувствуваа така по поразот од Русија. Можеше да се види тоа на нивните лица и како спортисти, тие беа свесни дека можеа да ја освојат бронзата и беа разочарани од поразот. До утре и дочекот во Скопје тоа расположение ќе се трансформира во славеничко, но во моментов никој не сака да е на нивно место. Токму сега им е потребна максималната поддршка.

Посебно на Дамјан. Сосема погрешно би било да се мрчи на негова сметка и не смее да се заборави дека дооколку не беа неговата одбрана и поените (посебно некои од тројките), тешко дека и ќе се најдевме во ситуација да се бориме за трето место.

И на крај, мораме да бидеме реални и да увидиме што постигнавме со ограничен фонд на играчи, тенка ротација и повреда на клучен играч како Гец.

ПС: Сево ова ќе падне во вода доколку не се искористи залетот кој кошарката по ова ЕП го зема во Македонија и не се инвестира во создавање на нови генерации кошаркари кои еден ден ќе се обидат да отидат и чекор подалеку од ова. Со сегашните младински селекции не можеме да се пофалиме, но ова ЕП би можело да смени некои работи. Да се надеваме.

2 COMMENTS

Владо со негов (кардио) поглед по полуфиналето со европскиот шампион. Се надеваме дека за неколку саати ќе биде многу повесел кога ќе дава изјава.

ADD COMMENTS

До последен здив цела Македонија навиваше за нив, до последен здив тие целосно, дури и повеќе од очекуваното ја возвратија таа љубов. Македонија е една од четирите најдобри европски репрезентации и единствена, која заедно со Русија, Шпанија и Франција до последниот ден на Евробаскетот може да се види на паркетот. Вчера со Литванија се простија многу поизвиканите имиња од Македонија како Србија, Словенија, Грција и самата домаќини.

Неделите за историја кои ги живееше цела Македонија денеска ја имаат својата претпоследна епизода, со последната закажана за утре напладне во центарот на Скопје. Без разлика на конечниот исход од римечот со Русите, прославата и тоа како ќе биде златна. Ако успееме па и да им се реваншираме за оној несреќен пораз (кој можеби и беше среќен за нас до некој степен), само ќе додадеме бронзен сјај на Плоштадот кој и онака мириса на бронза.

Ништо не е невозможно веќе за нас и како што го одиграа цело Европско, навистина од момците очекувам да одиграат до последен здив и денес и да се обидат, уморни, повредени и без Гец, да дојдат до бронзата. Ние веруваме, сигурен сум дека и тие се чувствуваат исто.

ADD COMMENTS

Крвникот

Posted by Karakash Under Еуробаскет 2011, Македонски баскет on Saturday Sep 17, 2011

Од она што го слушав на Македонско радио (а верувајте ми, тие самите беа збунети и не знаеа што прават, а камоли луѓето кои ги слушаа – (сите седморица)), една работа ми се моташе низ глава додека се препотував во „климатизираниот“ автобус од пред земјотресот – Шпанците мораа добро да си го испотат шампионскиот газ, па дури и да им биде потребна Чак Норис партија од Наваро за да ја победат Македонија.

Шпанците, кои згазија многу други селекции на овој Евробаскет, го изгубија првото полувреме од МАКЕДОНИЈА и мораа да се крстат во транс-партијата на Наваро за да се пласираат во финале преку нашата селекција во која го немаше повредениот Гечевски.

Пред само неколку недели вакво нешто ќе звучеше како некој СФ филм, како сон на некој навивач, кој потоа се разбудил со ногата во шоља. Но, тоа навистина се деси и моќната Шпанија, која реално нема конкуренција во Европа (останува тоа само да се потврди утре со Франција), МАКА МАЧЕШЕ СО МАКЕДОНИЈА!

Да не беше крвникот Наваро, и малку да бевме посмирени во нападот (полесно да се каже отколку да се спроведе во дело), кој знае каде ќе ни беше крајот. Иако, и вака за нас крајот е шампионски, без разлика на дуелот со Русите.

ADD COMMENTS

Мераци

Posted by Karakash Under Еуробаскет 2011, Македонски баскет on Friday Sep 16, 2011

Без разлика на денешниот пораз од Шпанија, нешто што сега го догледувам преку снимка, затоа што баш кога се играше бев на пат за Македонија, овие момци кои не’ претставуваа сите нас во Литванија изминативе скоро три недели заслужуваат шампионски дочек кога ќе се вратат дома, нешто што сум сигурен дека ќе се случи.

Мене веројатно засекогаш, како и на многумина од вас, ќе ни остане врежана во меморијата победата над Литванците, на кои скоро сите им предвидуваа победа над нас. Па уште игравме без Гец. Јас неа ја одгледав во Грција, на мало телевизорче со пренос на првиот канал на Грчката национална ТВ.

За тоа и шкртнав пост по огромната победа, а колку бев во бунило за тоа што се случило доволен е муабетот на жена ми, која ми кажа дека некој еден саат откако сум заспал и убаво сум почнал да ’рчам, сум се разбудил одеднаш, сум се свртел кон неа и сум и рекол – Уште не ми се верува што направивме.

И навистина, мислам дека како што ќе поминува времето сите ние ќе стануваме се’ посвесни за гигантскиот подвиг кој го остварија нашиве момци. Најмалку сме четврти во Европа, а и да остане така и да не ја освоиме бронзата, овие момци и тоа како се златни. Најдобри сме од сите екс-Ју републики, како и од сите балкански земји. Позади нас се Грците, Србите, Турците, Хрватите, Словенците, Литванците… Факт кој не верувам дека било кој од нас веруваше е можен пред почетокот на Евробаскетот.

Но, најважните 12 момци плус стручниот штаб веруваа во тоа и ја испишаа историјата на македонската кошарка и спорт воопшто. Го зближија овој народ како што тоа не може да го направи ноту еден политичар и покажаа дека и ние можеме да имаме победнички менталитет и дека оној -че приод е време да биде фрлен во бунар.

ПС:
Сега ја гледам текмата со Шпанија, за која ќе постирам нешто утре. Само ми беше жал кога некој во бус ми кажа дека на плоштад се собрале едно чудо луѓе да ја гледаат текмата и кога помислив дека сите тие ќе мораат да го слушаат „стручниот“ коментар на И-Ти.

ADD COMMENTS

Jakoooo!!!

Posted by Karakash Under Еуробаскет 2011, Македонски баскет on Wednesday Sep 14, 2011

Ufffff. Napeto covece. Sega od edna strana mi e krivo sto ne sum vo Skopje, no od druga mi e kejf sto so mala grupa vo Grcija navivavme na glas za Makedonija.

Polufinale na Evropsko, covece! Uste ne mi se veruva. Bez Gec, no so istoto srce koe i ne donese do 1/4 finaleto ja rasplakavme cela Litvanija. Mislam deka sega nikoj od nas se uste ne sfaka kolku e golrma ovaa pobeda i deka nejzinata golemina ke se zgolemuva kako sto ke izminuvaat denovite. Bez razlika na duelot so najdobrata evropska selekcija vo polufinale.

Ne be, uste ne mi se veruva. Ufff. Jakooooooooo!!!.

2 COMMENTS

by: @sead93

Мечот со Литванија во четвртфиналето на Европското првенство 2011 е сигурно најважниот натпревар во досегашната историја на македонската кошарка. Самиот пласман е повеќе од инзвонреден успех, но нашите момци не треба да се задоволат туку-така и треба да продолжат да играат со посветеност и тимски дух кои ги покажаа до сега и со кои ги пленија сите. Ако го сторат тоа, нашите шанси да се пласираме во полуфинале и да постигнеме уште поголем историски успех се повеќе од добри.

Кои се клучните фактори за да се надеваме на успех во натпреварот со Литванија?

  • Во кошарката победува оној кој ќе успее да ја наметна играта која му одговара, а стиловите на двете екипи не можат да бидат поразлични: Литванците играат брза „run and gun“ кошарка, со многу контри и брзо движење на топката, втрчувања под кош и прецизни пасови до слободните играчи во трк и во близина на кошот (често со атрактивни пикенрол цепелини). Македонската репрезентација игра бавен стил, со акцент на одбраната, контролирано темпо на играта и трпеливо барање на најдобро поставениот играч во нападот. Прва, и можеби најважна, задача е да се забави играта, да се контролира ритамот и да се наметне игра со долги напади, без бркање по терен и без обидување да се наттрчаат Литванците. Според процентот на шут Литванците се први на овој турнир, единствени над 50% (53.2), а голем дел од нив се од лесни поени. Ако се забави играта, Литванците потешко ќе влезат во ритам кој им одговара и ако резултатот остане тесен или во наша полза и по полувремето, ќе стануваат нервозни. Во таква ситуација притисокот врз нив ќе биде многу и тука е шансата за нас.
  • Тесно поврзано со првото е следниот клуч за победа: мора да ги ограничиме Литванците на некои 70-тина поени. Ако надминат 80 ќе биде многу тешко да им парираме. Литванците во просек постигнуваат 85 поени на ова првенство и се први според оваа категорија. Ние сме 18-ти (од 24 тимови) според постигнати поени (69.5 во просек), но затоа трети (со 65.3) примени кошеви. Мора да наметнеме натпревар со бавен ритам и упорно да туркаме меч со низок резултат.
  • Трето, контролата врз резултатот многу ќе зависи од тоа колку лесни поени ќе им дозволиме на противниците. Лесните поени мора да бидат сведени на минимум, а нашиот тим покажа дека знае да го прави тоа. Овде пред сé е важно да не се дозволат поени од противнапади и лесни положувања од под кошот. „Одбраната во транзиција“ е клучна за нас: брзото враќање назад, оневозможување лесни контри и блокирање на лесен влез во рекетот се „морални“. Најголемата опасност лежи во лесно препуштање на нашите играчи на шут за три, а од такви ситуации противникот најлесно и ги  изведува контрите. Така, бројот на шутеви од далечина мора да биде нешто под просек (имаме 24 обиди за 3 поени по натпревар) и под контрола на тренерот. Според оваа статистика Литванците се дури 23-ти на турнирот со 15 обиди по натпревар од што се гледа дека фокусот им е врз лесни поени и поени од движење кон кошот и од под кош.
  • Литванците немаат доминантен офанзивен играч, а водечки спроед бројот на поени се Каукенас (11.8), Јасикевичиус (10.6), Каинитис (10.5) и Валанциунас (10.4). Се работи за тим со балансиран напад во кој на секого може да му тргне, зависно од расположение и распоредот на дуелите со противничките играчи. Како и да е, она што ја поврзува играта на Литванците е интелигентна игра водена од плејмејкерот на тимот кој ги држи конците и го оркестрира нападот (најопасен тука е искусниот Јасикевичиус). Затоа во делот на „реметење“ на самодовербата на противникот и неговата контрола врз топката, нашиот тим би требало да примени тактика на притисок врз топката додека е таа во раце на плејмејкерот (кецот во тимот и тоа на различни начини: дупли тимови, зонски формации од типот 1:3:1, пресинг на својата половина од теренот и сл.). Ако не им дозволиме на плејмејкерите на Литванија да се размавтаат нашите шанси рапидно растат.
  • Скокот, според мене, е клучната статистичка категорија. Натпреварот со Русија беше изгубен под кош, а не со последната тројка (45-28 предност за Русија). Добрата одбрана е нецелосна ако нема клучен скок. Досега бековските скокови (најмногу од Мекелеб) нé вадеа често, но во овој натпревар скоковите на Антиќ, Самарџиски и Чековски се клучни, а крилните играчи мораат да помогнат максимално. Со ова ќе се минимизираат поени од втор или трет обид на противникот. Литванците се лоши во офанзивните скокови (16-ти на турнирот со 10 офанзивни скокови во просек) и на овој меч тоа мора така и да остане ако сакаме да се надеваме на победа.

Ова е некој минимум на клучни услови не само да им одолееме, туку и да ги совладаме домаќините. Атмосферата секако ќе биде урнебесна, а смирената игра на нашите играчи ќе биде под најголем тест до сега. Сепак, не треба да заборави дека во вакви натпревари почетокот е многу важен: ако тргнете силно и веднаш ја замолчите публиката со цврста и контролирана игра, предноста од трибините може бргу да се неутрализира и таа наместо крилја на домашниот тим да биде притисок повеќе за нив.

ОДИМЕ НА ПОБЕДА!

ADD COMMENTS