Feb 24
Posted by Karakash Under ШИД! on Friday Feb 24, 2012

Камбек на кој судиите најмалку се радуваат. Шид наводно е нов играч на Лејкерси. Колку може да им биде од помош е дискутабилно, но тоа во моментов и не е толку битно. Шид is back. Сега уште Аринас им фали.
Sep 20

36 дена до стартот на новата сезона…претставени од ликот кој нема да го гледаме веќе.
Ликот кој со бројот 36 ја освои свojaта единствена титула.
Ликот за кого некаде пред 11 години го напишав својот прв воопшто текст под наслов “Ghetto Love“.
Ликот кој беше најзивиканиот дел од Портланд Џејлблејзерс.
Ликот кој поради својата немирна природа беше омилен кај судиите кога се во прашање техничките грешки.
Ликот кој каде и да играше, фановите го сакаа.
Ликот кој мина само една средба во Атланта по што таа им го подари на Пистонси.
Ликот кој по слабата последна сезона, играше голема улога од клупата во пласманот на Бостон во финалето.
Ликот кој сите фанови на Бостон сигурен сакаа барем уште една сезона да носи зелено.
Ликот кој што поради својата несебичност, што поради својот имиџ на гето лик и одбивање да се улизува на било кого, никогаш медиумски, а ни играчки не стана она што можеше да биде.
Ликот кој на крајот си замина онака како што тој сакаше, а не како што сакаа другите.
Секогаш во својот гето и искрен стил – Шид.
Read More