Овој лик подоле на сликава денеска полни 49 години. На МакНБА неговиот роденден ќе го прославиме со неколку ретки фотки кои можеби не сте ги виделе до сега. Како бонус, секоја од фотките е бааги голема и доволен е еден клик да се претвори во топ постер. Среќен 49-ти, МЈ.
Откако Шек и Баркли си ги одбраа своите екипи за петочната Ол-стар програма, во студиото на ТНТ беше вклучен Блејк Грифин, првиот пик на Шек, кој го праша Грифиндор дали е подготвен во Орландо да игра за „Црниот Пет Рајли“. Ако за ништо друго (пошто нема некои подлабоки анализи од негова страна), О’Нил им служи во Inside the NBA за зезање, улога во која човекот одлично се снаоѓаше целата своја кариера.
Шек vs Баркли
Posted by Karakash Under All Star 2012, Баркли, Грифиндор, Шао ЛИН, Шек Бургер on Friday Feb 17, 2012Шек и Баркли си ги одбраа играчите кои ќе бидат дел од нивните екипи во петочната програма на Ол-старот во Орландо. Форматот на текмата е сменет, па така и двете екипи во своите редови имаат дебитанти и играчи кои се во својата втора НБА сезона.
Тренери на двете екипи ќе бидат Баркли и Шек, кој го имаше првиот пик со кој го одбра Блејк. Ќе биде весело да се видат цепелините кои до Блејк ќе ги фрлаат Рики и Лин, кој беше уфрлен како џокер во целата приказна. Нешто што се очекуваше по чудото во Њујорк во последните десетина дена.
Рендом фотки – The Bird-man
Posted by Karakash Under Bird, Пирсинг, Рендом фотки on Wednesday Feb 8, 2012Синоќа Пирс со своите 15 поени против Шарлот се најде на второто место на вечната листа на стрелци во клупската историја на Бостон. Историја која е богата со големи имиња од кои веројатно најголемата ги одбележа 80-те години од минатиот век, а синоќа беше поминато на таа листа токму од Пирс.
Лери веројатно се уште ќе беше цел на Пол и веројатно ќе имаше шанси да го стигне и Хондо на првото место доколку последните четири сезони од својата кариера не ги мина со болки во грбот, кои на крајот го натераа и на предвремена пензија. Дури и со проблеми со грбот, евидентни во начинот на кој лежеше на стомак покрај клупата секогаш кога не беше во игра, не го спречија во последните свои сезони (кога можеше да игра) да оствари просеци од околу 20 поени, десетина скокови и седум асистенции. Ѕвер.
Meanwhile in Boston…
По текмата со бедотијата наречена Бобкетс Пирс може да се пофали со 21.797 поени во дресот на Бостон. Бројка за респект со која го мина Бирд на второто место. Лери Леџенд остана на неговите 21.791 поен и сега е трет.
Врвот се уште му припаѓа на човекот за кој некои од помладите НБА фанови можеби никогаш не ни слушнале, а тој е најефикасен во историјата на една од двете култни организации во НБА. Хондо е неприкосновен со 26.395 поени. Бројка која Пирс ќе мора да се намачи да ја стигне.
Рендом фотки – Семафор
Posted by Karakash Under Кобиџилница, Рендом фотки, Шек Бургер on Tuesday Feb 7, 2012Рендом фотка посветена на првиот и последниот човек кој сум го видел како поместува цела конструкција на кош со своето куцање. Шек синоќа беше минат од другар му Коби на петтото место на вечната листа НБА стрелци, листа на која тој, доколку знаеше да погоди слободно, доколку знаеше како да остане здрав (а не да се тови) и да се мотивира како ветеран, можеше се уште да биде пред Кобстерот. Сепак, човекот знаеше да прави нешто како никој друг во НБА. Конструкциите на кошевите си знаат.
Напрај место, Шек
Posted by Karakash Under Кобиџилница, Легенди, Шек Бургер, MJ23 on Tuesday Feb 7, 2012Познавајќи го фанатизмот на Коби, сигурен сум дека ќе игра се’ додека може да го престигне Мајкл. Вилт е достижен, посебно ако продолжи да игра како оваа и во следната сезона. Карим и Поштарот се во друга галаксија, нешто за што можат да им се заблагодарат на своите долги кариери без некои посериозни повреди кои засекогаш би ги изреметиле (и нивната големина како играчи и како стрелци, нормално).








