МВП!

Posted by Karakash Under Розе, MJ23 on Wednesday May 4, 2011

По двете години доминација на Лебронтије, МВП наградата сосема заслужено оваа сезона патува за Чикаго.

Тешко дека било кој од нас помисли дека Дерик може да биде МВП оваа сезона, односно дека до толку ќе созрее во лидер на овие Булси, кои скоро цела сезона имаа проблеми со повредите на некои од клучните играчи, но го има најбитниот, Роуз, на теренот. Предводени од него направија големо изненадување стигнувајќи до најдобриот скор во лигата со своите 62-20.

Во сезона во која се очекуваше бум на Мајами, стабилност од ветераните на Бостон и шампионот од Лос Анџелес. Сезона во која Спарси играа одлична рег. сезона и во најголем дел беа на врвот на лигата и во која Мавси во еден период ја истакнаа кандидатурата за најдобар скор.

На крај до него стигна тимот со најстабилната игра и најстабилниот лидер, кој не престана да импресионира со своите игри.

Башка, момакот има само 22 години и е најмлад освојувач на оваа награда. Тоа што е само втор играч на Чикаго по Мајкл со МВП признание исто така не е на одмет.

ПС: Клик на фотка за волпејпр.

ADD COMMENTS

Ова нема врска со плеј-офот, но е премногу добро за да не го постирам. Уште ако некој си има квалитетен колор принтер, може од ова да излезе одлична ствар за закачување/лепење на ѕид. Ако на некој се уште не му е јасно – сите досегашни учесници во натпреварот во забивање претставени од нивните дресови.

3 COMMENTS

Писмото на Мајкл

Posted by Karakash Under Легенди, MJ23 on Thursday Mar 31, 2011

Пак нешто во врска со Мајкл.

Не знам за вас, ама мене ова писмо ми е ептен интересно. Ако го читнете мислам дека ќе сфатите за што станува збор. Младиот Мајкл ја одбил поканата на Мајк Кшижевски да стане дел од тимот на Дјук. Наместо тоа, Џордан замина во Северна Каролина кај Дин Смит, човек кој имаше големо влијание во неговото кошаркарско созревање.

Којзнае како ќе се одвивала кариерата на Мајкл ако заминел на Дјук. Можеби тоа немало ништо да смени, но за секој играч на тие години, без разлика на тоа колку е талентиран, многу е битно каде, како и со кого ќе работи.

ADD COMMENTS

Онака…

ADD COMMENTS

MVP

Posted by Karakash Under MJ23 on Monday Mar 28, 2011

Како заокружување на претходниот пост за Роуз – The MVP, еве ги и последните четири минути од саботната победа на Булси во Милвоки. Текма во која Чикаго во најголем дел беше во минус, но во финишот оствари нова победа за зацврстување на првото место на Истокот.

Кој е најзаслужен за тоа не ни морам да истакнам. Токму поради ваквите партии и пласманот на Булси, Роуз за многумина е новиот МВП.

ПС: Чисто како инфо, последен играч на Булси со партија од најмалку 30 поени и 15 асистенции бил извесен Мајкл Џордан 1989. година. Во сезоната по неговата прва МВП титула.

ADD COMMENTS

Со неколку минути задоцнување. МЈ и неговите 24.000 поени во кариерата во сезоната во која Булси ја освоија својата прва од второто трио титули.

ADD COMMENTS

Зенот пресече

Posted by Karakash Under Кобиџилница, Легенди, MJ23 on Monday Mar 14, 2011

“ We have to take Michael Jordan out of the equation. Stop comparing anyone to Michael Jordan. It’s just not fair. He was remarkable. Kobe’s in his own sphere. He doesn’t shoot the same percentage [.455] as Michael [.497]. He has the same characteristics as Michael, but he’s not the same player. It takes nothing away from him — he’s a great player in his own right “.

—  Зенот решава да стави крај на дебатата околу Мајкл и Коби. Не знам кој е покомпетентен од него да даде свое мислење на оваа тема.

…А на крајот, па и ако те споредуваат со некој, мислам дека не можете да посакате подобар лик за споредба од Мајкл.

ADD COMMENTS

Good Times

Posted by Karakash Under Легенди, Magic, MJ23 on Sunday Mar 13, 2011

Синоќа во Чикаго ликовите кои пред 20 години ја освоија првата титула во клупската историја ги гледаат Роуз и момците како се изедначуваат со Бостон на првото место на Истокот.

20 години. А ми текнува ко вчера да беше тоа финале помеѓу Булси и Лејкерси, помеѓу ѕвездата во залез Меџик и новото големо нешто, новиот крал Мајкл. Штафетата се предаваше баш во таа финална серија, која на крај, во есента истата таа 1991 година, се покажа како последна воопшто за Меџик.

Како летаат годините…

ADD COMMENTS