Таман кога ќе помислам дека сум ги видел сите фотки на кои се наоѓа Мајкл (или Петро), некој ќе ископа нешто до сега невидено од поголемиот број НБА фанови.
ПС: Ако за ништо друго, локаутов ќе биде добар за копање стари и интересни фотки од архивата.
Драфтот беше и помина синоќа, и на него не се случи ништо посебно што би го привлекло вниманието. Играчите кои се дел од, според многумина насјлабиот драфт (тоа останува да се види) сосема очекувано не предизвикаа некоја посебна еуфорија, а она што мене ми фати око е трејдот кој се деси помеѓу Шарлот, Милвоки и Сакто.
Џордан со овој дил, во кој го доби Кори „црна дупка“ Магети и седмиот пик на Кингси, Бизмак Биомбо (солиден дефанзивно, дрвесина тешка во напад), само уште еднаш покажа дека не е голем фан на ветераните кои ги има во тимот. Лани така се откачи за ништо од Рејмонд Фелтон, Џералд Волас и Тајсон Чендлер, кои за своите нови екипи покажаа колку можат да бидат корисни во вистинска екипа. Или воопшто – екипа. Нешто што Бобкетси под Џордан не се.
Сега дојде на ред да се шутне и Стивен Џексон, што и не е така лош потег. Џекс некако падна во својата форма и често играше под своето ниво за Бобкетси. Дали ќе биде стариот во Милвоки, останува да се види, мада играњето со Џенингс на плеј и не ветува премногу.
Милвоки го доби и секогаш благодарниот играч Бено Удрих, кој може да им донесе стабилност на плеј кога Џенингс знае да се изгуби. Башка, 19. пик Тобиас Херис и Шон Ливингстон исто се дел од Бакси, иако и двајцата не би требале да имаат некоја посебна минутажа.
Сакто го врати кај себе Џон Салмонс, најдобриот чист стрелец на Бакси изминативе две години, а притоа го лапна и 10. пик Џимер Фредет. Нет-сензацијата кој беше оспоруван од многумина како еднодимензионален и недоволно добар да успее во НБА. Сепак, Џимер е неверојатен потенцијал и играчиште, кое со напорна работа дојде до 10. пик и како таков може да успее во НБА ако му се поклопат коцките. Минутите во Сакто зад Тајрик и Салмонс нема да ги има многу, така да ќе мора паметно да ги искористи.
Бројките кажуваат едно, а играта, посебно во последната четвртина, нешто сосема друго.
Но, баш после крајот на петтата средба, си помислив дали е потребно до толку да очекуваме големи нешта од Леброн. Нели веќе се навикнавме? Нели самиот тој кога лани одлучи да се пресели на Саут Бич не призна дека сам не може до титула? Дека за тоа му е потребен некој како Вејд, кој знае како треба дасе гризе и гине во решавачки средби? Па како плус на тоа дури и уште еден ол-стар како Бош, кој ќе подработи од време на време во рекетот?
Притисокот врз Леброн е создаден од самиот него, но и од медиумите. Изјавите како таа на Скоти воопшто не помагаат и се само уште една причина секој потег на Леброн да се гледа под лупа.
Но, со својата игра во последните четвртини од ова НБА финале, на сите пет текми до сега, Лебронтије самиот докажа дека да беше со друга група играчи покрај себе, па дури и со овие од Далас без Дирк, тешко дека ќе избегнеше табање од 0:4 во финале.
Страшното е тоа што човекот е неверојатен талент, кој и синоќа со не толку добрата партија успеа да стигне до трипл-дабл.
Можеби Мајкл сега треба да излезе и да даде изјава дека е Леброн е подобар Скоти Пипен од самиот Пипен.
Како таков и десна рака на Вејд, со повремени блесоци во финишот, може да ја оствари својата желба од неколку титули.
Чудно е како некои работи случајно (или намерно) се забораваат.
Споредбите на некои од најдобрите играчи во своите ери секогаш биле присутни во светот на спортот, не само во НБА. Но, мене никогаш не ми биле омилени. Оваа посебно не можам да ја сфатам. Со сета почит кон ол-араунд талентот на Леброн, овдека нема основа за никаква споредба.
Posted by Karakash Under Баркли, Легенди, MJ23 on Saturday May 21, 2011
“ Game 2, I’m talking to my daughter. She said ‘Dad? Are y’all going to win tonight?’ I said ‘Baby, your dad is the best basketball player in the world. I’m going to dominate tonight.’ And I remember, I think I had 46, 47; I played great. And Michael had 52.
And I got home that night, and my daughter was crying and said ‘Dad, y’all lost again.’ I said ‘Baby, Michael Jordan is better than me.’ She said ‘Dad, you never said that before.’ I said ‘Baby, I never felt like that before.’
Posted by Karakash Under Розе, MJ23 on Wednesday May 4, 2011
По двете години доминација на Лебронтије, МВП наградата сосема заслужено оваа сезона патува за Чикаго.
Тешко дека било кој од нас помисли дека Дерик може да биде МВП оваа сезона, односно дека до толку ќе созрее во лидер на овие Булси, кои скоро цела сезона имаа проблеми со повредите на некои од клучните играчи, но го има најбитниот, Роуз, на теренот. Предводени од него направија големо изненадување стигнувајќи до најдобриот скор во лигата со своите 62-20.
Во сезона во која се очекуваше бум на Мајами, стабилност од ветераните на Бостон и шампионот од Лос Анџелес. Сезона во која Спарси играа одлична рег. сезона и во најголем дел беа на врвот на лигата и во која Мавси во еден период ја истакнаа кандидатурата за најдобар скор.
На крај до него стигна тимот со најстабилната игра и најстабилниот лидер, кој не престана да импресионира со своите игри.
Башка, момакот има само 22 години и е најмлад освојувач на оваа награда. Тоа што е само втор играч на Чикаго по Мајкл со МВП признание исто така не е на одмет.