Apr 27
Posted by Karakash Under MJ23 on Friday Apr 27, 2012

Честито Ем-Џеј, успеа да ја создадеш најлошата екипа во историјата на НБА. Екипа која никој со грам памет не би сакал да ја гледа на ТВ и екипа за која веројатно и поголем дел од градот Шарлот не навива. Во Филаделфија славеа синоќа кога дознаа дека Никси ги тепале Бобкетси и им ја запечатиле најлошата сезона на еден тим евр, со процент на успешност од мизерни 10.6% (скoр 7-59).
Со ова „достигнување“ Мајкл уште еднаш докажа дека големината како играч не мора да значи и големина како НБА оперативец, а овој пат и како газда на еден тим. „Успешната“ кариера која започна во Вашингтон доби своја круна сезонава во Шарлот. И после се чудеа луѓето зошто Булси не му понудија на Мајкл да биде еден од нивните главни луѓе откако се пензионираше.
Ете го и одговорот. Човекот даде се од себе да стане газда на Бобкетси, затоа што сака да биде секаде главен, иако очигледно и не се разбира нешто посебно во својата работа. Победникот кој беше на теренот сега стана лузер како газда на еден тим. А и како негов оперативец, со оглед на тоа дека последните сезони негови беа сите потези поврзани со драфтови, трампи и потпишување слободни агенти.
Во Чикаго знаеја каков его-манијак е и затоа не сакаа да го имаат во својот офис. Можеби тоа во голема мерка му помогна да стане најголем играч на сите времиња, но таквиот пристап не пали на новиот „терен“ на кој тој сака сега да игра, каде важат некои сосема нови правила.
Сега се ближи драфтот, на кој Шарлот ги има најголемите шанси да го добие првиот пик. За доброто на лигата, а и на Ентони Дејвис, да се надеваме дека Мајкл нема да ја има таа чест да бира како прв.

Feb 17
Posted by Karakash Under MJ23 on Friday Feb 17, 2012

Мајкл преку неговите редовни муштерии – Кавси и Крег Ило.
Feb 17
Posted by Karakash Under MJ23 on Friday Feb 17, 2012
Овој лик подоле на сликава денеска полни 49 години. На МакНБА неговиот роденден ќе го прославиме со неколку ретки фотки кои можеби не сте ги виделе до сега. Како бонус, секоја од фотките е бааги голема и доволен е еден клик да се претвори во топ постер. Среќен 49-ти, МЈ.

Feb 07

Познавајќи го фанатизмот на Коби, сигурен сум дека ќе игра се’ додека може да го престигне Мајкл. Вилт е достижен, посебно ако продолжи да игра како оваа и во следната сезона. Карим и Поштарот се во друга галаксија, нешто за што можат да им се заблагодарат на своите долги кариери без некои посериозни повреди кои засекогаш би ги изреметиле (и нивната големина како играчи и како стрелци, нормално).
Jan 26

Заборавиле само фурни леб да додадат (иако реално Леброн е фрик и еден од најкомплетните играчи кои некогаш заиграле кошарка) …
Jan 18

Без намера да потпалувам некоја дебата таму каде што ја нема. Твитов на Лејзенби само потврдува нешто што на сите им е јасно. Единствен кој може да се споредува со Мајкл е човекот кој својот стил на игра и движење на теренот го изгради токму на темелите на наученото од гледањето на Најголемиот.
Нормално, ако не те бива и немаш талент, џабе ти е колку сакаш гради ти на тие темели, пак ќе испадне некоја дивоградба која нема да успее во НБА. Коби успеа, и тоа како успеа, а не е мала работа да биде единствениот кој самиот Мајкл мисли дека вреди да се споредува со него. Коби веројатно никогаш нема да го достигне нивото на Мајкл и неговите достигнувања, но тоа е нешто за што додека може да оди човекот не би се кладел против него со оглед на тоа каков е невиден фанатик. Невиден уште од времето на Мајкл. Уште нешто што им е само на нив двајца заедничко.
Jan 05

Моментот кога ќе си речеш, дај да пишам нешто за новава сезона, кога налетуваш на ваква реткост и богатство од фотка спремна одма за принтање и закачување на ѕид. Некој и би ја урамил. МЈ како човек никогаш не ми се виќал, но тоа па и никогаш не ми влијаело на перцепцијата на него како на Најголем на сите времиња.