Шон Кемп, на мое огромно задоволство, се произнесе за Блејк и Лоб Сити и даде многу добра дефиниција за тоа што е куцање, а што не. Ако не го потегнеш обрачот, не е куцање. И ако не си добро залетан, не е цепелин. Сите го сакаме Блејк, ама тоа што го прави не е баш по стандардите кои Реинмен ги постави своевремено.
Ова нема врска со плеј-офот, но е премногу добро за да не го постирам. Уште ако некој си има квалитетен колор принтер, може од ова да излезе одлична ствар за закачување/лепење на ѕид. Ако на некој се уште не му е јасно – сите досегашни учесници во натпреварот во забивање претставени од нивните дресови.
Една од првите работи на кои помислив кога слушнав дека Грифиндор ќе куца на dunk contest беше 1991 година и Шон Кемп. Тоа уште повеќе беше случај кога дознав дека Демар Дерозан ќе го мења Брендон Џенингс.
Според силувањето и злоставувањето на обрачите Блејк е многу сличен со Шон, кој за жал, нема тепанo на натпревар во куцање. Не само што нема тепано, но имаше четири неуспешни обиди. Еден од тие четири порази претрпе таа 1991 година и тоа од лик како Ди Браун.
Таа 1991. Шон го имаше својот најдобар dunk contest и според многумина заслужи да победи. Малце го утна куцањето кое требаше да биде од слободни, но и без да биде од таа линија, куцањето делуваше атрактивно. Сите други му беа атрактивни и со многу сила и креативност.
Ди не беше лош, но, барем мене, најфејл победничко куцање, заедно со она на Седрик Себалос, ми беше тоа на Браун, со божем покриени очи со рака.
Но, жирито не го сакаше Шон и му ја даде победата и титулата на Ди, иако Шон беше за десет класи подобар куцач од него. Па и покреативен и помоќен.
Оваа 1991. веројатно би можело да биде најдобрата лекција за Блејк што треба, а што не треба да прави вечерва.
Сликава сама по себе веројатно не ви кажува ништо, освен дека на неа е Ник на You Tube видео со некои точкици и години под него.
Е па, станува збор за одличниот пост Hoopism посветен на сите досегашни натпревари во забивање. Целиот концепт на момците е страшен, затоа што секоја од оние точкици со годините над нив претставува одредено куцање од таа година. Сето тоа преку видео и сето тоа без да ве прешалтува на You Tube. Си останувате на страна и си кликате на било кое куцање кое сакате да го видите.
Опасна работа.
Поточно, опасно добра и заразна работа на која ќе потрошите бааги време. И нема да зажалите поради тоа.
иако фоткава одлично би се вклопила во приказната за “Дождовниот“, Кемп, за разлика од она што не учеа во текот на НБА преносите од 90-те, никогаш го немал тој прекар.
Човекот си беше Reignman, а не Rainman.
Како и да, фотката е екстра и уште повеќе буди жал за тоа што НБА веќе ги нема Соникси. Можам да замислам како им е на луѓето во Сиетл.
Posted by Karakash Under Легенди, Kemp on Friday Dec 31, 2010
Дедо Кемп ви посакува Среќна Нова 2011-та.
Штета што не издржа барем уште некоја сезона да се воздржи од лапање ко вол па барем 2000-та да ја дочекаше со нормална килажа и на нивото на кое не навикна да го гледаме.
Posted by Karakash Under Видео, Легенди, Kemp on Friday Sep 17, 2010
Моја грешка. Вчера, кога беа 40 дена до стартот на новата сезона мораше, МОРАШЕ, да оди оваа слика. МОРАШЕ да оди овој лик. Најпозната “40“ на сите времиња. Лик кој можеби тешко ќе стигне до Хол оф Фејм, но лик кој знам дека кога беше ѕвероња во еден од најубавите дресови на сите времиња, беше идол на една цела маса играчи на баскет. Меѓу другите, и на втората половина на МакНБА.
Шон, извини. Вчера беше твој ден, ама може и денес…
ПС: Гледајќи го видеово ми паѓа жал за Сиетл кој несреќно и подло ги загуби Соникси. Замислете го сега Дурент во зелено.
41 ден до стартот на новата НБА сезона…претставени од Дрим Тим 2
Првиот и за многумина единствен Дрим Тим има посебно место во срцата на огромен број НБА фанови низ целиот свет. Тоа е несомнено, иако и во него имаше 1-2 лика кои не требаше да се најдат таму. Или поточно речено, 1-2 лика кои мораа да се најдат во него. Сепак, тој тим останува запаметен како посебен според многу работи за кои сега нема да го тупиме.
Јас пак, не останувам рамнодушен кога ќе се спомене Дрим Тим 2, односно составот на Америте кој настапи на СП 1994 во Торонто. Бруталноста на тој тим мислам дека ниту еден друг ја нема покажано, ниту пак ќе ја покаже некогаш. Но, во тие 12 момци немаше само ликови од кои обрачите се плашат, туку и некои од најдобрите шутери во последните две децении од минатиот век.
Shaquille O’Neal, Alonzo Mourning, Larry Johnson, Derrick Coleman, Shawn Kemp, Dominique Wilkins, Joe Dumars, Steve Smith, Reggie Miller, Dan Majerle, Kevin Johnson, Mark Price.