Док не бил отсекогаш заљубен во Селтикси. Посебно не кога играше за Хоукси (на Ник), кои беа еден од најголемите ривали (на крај и муштерии) на Бостон во втората половина на 90-те. Бирд многу добро знае колку Док ги сакаше Селтикси.

ADD COMMENTS

Ретро текми – MJ63

Posted by Karakash Under Bird, Видео, Ретро текми, MJ23 on Thursday Jul 28, 2011

Coming out party на Мајкл сред Бостон.

ADD COMMENTS

Среќен роденден МЈ

Posted by Karakash Under All-Star, Bird, Легенди, MJ23 on Thursday Feb 17, 2011

Мајкл во малку чудно друштво. Знам, Реџи, Лери и Марк Прајс се тука, но сепак.

Ова само како потсетник за сите што го знаат Мајкл како дел од натпреварите во куцање. Типот пуцаше и тројки, не нешто посебно успешно, и на Ол-Старот пред 21 година.

Кога сме кај годините, тогаш Мајкл имаше 27. Денеска. Баш денеска, МЈ полни 48 години.

Среќен роденден за G.O.A.T.

1 COMMENT

Поминаа месеци од мојот далек пат до светилиштето на кошарката: Кошаркарската Куќа на Славните, лоцирана во Спринфилд, Масачусец [уставното име и е Naismith Memorial Basketball Hall of Fame]. Постов беше најавуван неколку пати, уз постот за НБА Стор и моето присуство на последната текма на ЛеБрон во дресот на Кливленд, но конечно после многу одлагања (што за лето, па за новиот дизајн, па за пред почеток на сезоната), еве ме конечно да го обавам завештанието дадено пред МакНБА читателството.

Спринфилд е едно од најстарите колонизирани места во САД, подоцна станува индустриско гратче, а денес е прилично утепано. Се наоѓа во западен Масачусец. Има претежно модернистичка архитектура, но, ко што реков, не би сакале таму да поминете ниту еден час во прошетка, затоа што: а) нема луѓе, а тие што ги има не изгледаат најпријателски расположени; б) има многу запуштени и мрачни ќошиња кои будат во најмала рака нелагодно чувство; в) нема НИШТО вредно за разгледување освен се разбира Куќата на славните.

Самата куќа на славните однадвор изглеа како една голема топка, и има огромни паркинзи од надвор. Самата градба не е ништо посебно, а ни по влегувањето внатре не се чувствував многу спектакуларно. Океј, тоа е само во првите 2 секунди. После тоа сфатив кај сум и почнав да паничам.

Самата Хала е организирана ко ходник во форма на спирала, со излези до различни соби. Доле има кошаркарски терен на кој дечиња си играат баскет (има неколку кошеви, од сите ери на кошарката, вклучувајќи и онакви стари ко канти). Има и ко трибини за да седат гостите да си одморат.

Нагоре пак, е детално изложена еволуцијата на кошарката. Дресови, топки, патики од сите епохи, слики, постери, видеа, извадоци од весници, мултимедијални содржини, дрндупки, чоек да се пошандрца. Во исто време, во преден план се сите генерации членови по список, од основањето на Куќата до денес. Но да не должиме многу, еве само мал дел од она што успеав да го исчкрапам (кликајте на сликите за целосна големина).

Примитивен баскет од ерата на Нејсмит

Примитивен кош (пред да им текне да го тргнат дното)

Полупримитивен кош со отсечено дно

Јас со маица Дурент, 15 кила поише од сеа и споменикот на Џејмс Нејсмит кој држи примитивен баскет и примитивен кош во своите раце

Доминик опколен со Гнарлс, Зенот и Хјуби се уште живиот Браун, меѓу другото (и Новосел секако, легенда на Ју-кошарката)

Стравопочит (па и Дик Витале)

Дражен у кадар меѓу другото со Меџик, Ајзеа, Мозес Мелоун и Коуч К

Најдесно: баскет доделен на Стоктон за рекорд во одиграни натпревари за еден тим, испод него јакна на Џордан; најнадесно баскет доделен на Адмиралот за рекорд во поени во историјата на Сан Антонио, а до него Џорданка. На сликата има и други сомнителни производи веројатно од кинеско производство

Делче од паркетот од салата кај што Лери Б’рд има играно баскет у средно

Генерација ’96: Крешимир Ќосиќ (Југословен со колеџ искуство во Америка и блескава кариера во Европа), Џорџ Гервин и Гејл Гудрич

Лери и Мекхејл, а меѓу нив Аца Николиќ, таткото на југословенската кошарка

Патиката на Џабар. Реална големина.

На сликава меѓу другите се и Улијана Семенова (2,13 високата советска репрезентативка, меѓу најдобрите кошаркарки во историја), Чак Дејли, Шерил Милер – сестра му на Реџи Милер, Бил Волтон и Карим Абдул Џабар

Легенди као Вес Анселд, Дејв Бинг, Тајни Арчибалд, Елвин Хејс, Кеј Си Џонс, Лени Вилкенс и Ерл Монро

Баскет со аутограм од Доктор Џеј

От Советских Спортсменов

Havlicek stole the ball!!!

А бе HAVLICEK STOLE THE BALL!!!

Сас овај лопту Чембрлен е постигаја 25 иљадити поен у каријеру

Овака изглеа све тоа одозгоре

Да се види дека е Хол оф Фејм

Пророкот Нејсмит, мир на него

Дресови и баскети со најразлични значења, воглавно сите од кинеско производство

Продолжува утре, се уморив од редење слики.

1 COMMENT

За децата…

Posted by Karakash Under Bird, Баркли, Видео, Легенди on Friday Sep 24, 2010

Во последните два поста поврзани со тоа колку ни останува до стартот на новата сезона, не беа ставени видеа од Баркли и Бирд, да ги надополнат екстра црно-белите нивни фотки. Таа грешка се исправа со овој пост, пред се од едукативни причини. За децата, ко што беше речено на нашата фејсбук страна.

1 COMMENT




Need i say more?….

33 дена до стартот на новата сезона…претставени од чичко Лери и неговиот златен брк. Некако темава со чичковци, родендеи и бркови се повторува на МакНБА.

Три ретки црно-бели слики кои ги најдов во забутан фолдер. Класика.

1 COMMENT

HOF 2010 – Големината на DJ

Posted by Karakash Under Bird, Легенди on Saturday Aug 14, 2010

Единствениот кој за жал не беше во можност да се заблагодари за приемот во Куќата на Славните е Денис Џонсон. Плеј за кој денеска малку се знае колку навистина беше добар играч. Признавам, ни јас немам некое искуство, ниту пак задоволство од гледањето на Ди-Џеј на теренот, но отсекогаш знаев дека тој, посебно во Бостон, е поим за тивок лидер на теренот.

Ако некој има доволно кредит да ни каже колку Џонсон беше добар како играч, тоа секако дека е Лери Бирд. Еве што има Лери изјавено за својот некогашен соиграч.

“I played with a lot of great players, but if I had to play with only one of them it would have been DJ. I just had a connection with him. The backdoor cuts and many other things. We never needed any conversation on the court. No need for talking. He just always knew what we needed.’’

“He was a big-game player. He always shot better in the playoffs and he always took it hard to the hole in big games. People forget he won before he came to Boston, and once he came, we got to the Finals four years in a row.’’

“I played with some great players, but DJ was the easiest to play with.’’

1 COMMENT