Јас, Бисерка … и Кени

Posted by Karakash Under Дражен on Tuesday Apr 24, 2012

Синоќа во Њу Џерси се одигра последната НБА текми и од следната есен Нетси ќе ги гледаме во Бруклин, нешто за што посебно Џеј Зи сонуваше од првиот ден кога купи акции во клубот.

Со последната текма во Њу Џерси клубот се збогуваше од своите тамошни навивачи, кои ретко кога во последните години ја исполнуваа арената во која играа Нетси. Сепак, синоќа впо бесцелниот дуел со Сиксерси публиката се собра да им каже збогум на Нетси, кои после 35 години си одат од Џерси.

Во последниот настап таму од клубот одлучија да им оддадат почит на некои од своите легенди, а кога Нетси се во прашање и ги нема нешто посебно многу. Една од нив е Кени Андерсон, исто како и неговиот партнер во бековската двојка кога играа заедно во Њу Џерси, Дражен.

Како посебен гостин во чест на Дражен беше повикана мајка му Бисерка, која редовно се појавува на секој трибјут посветен на нејзиниот трагично загинат син.

Јас сум еден од тие кои ја имале таа чест да се запознаат со оваа голема жена, која роди еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња. За жал, тоа се случи кога Дражен веќе не беше жив, во неговиот „Дом“ во Загреб, каде пред три години поминав додека бев таму, проживувајќи еден од најлошите периоди во мојот живот.

И баш тогаш Бисерка се погоди таму, иако како што ми кажаа девојките кои работеа во „Домот на Дражен“, ретко доаѓа. Таа таму беше за да се сретне со екипа на шпански новинари, кои работеле на документарец посветен на нејзиниот син. И баш тогаш се погодив и јас таму, изгледав дел од документарецот, си направив муабет за Бисерка која беше неверојатно пријатна жена, и која со воодушевување зборуваше за Дражен, за тоа дека како тинејџер кус период имал девојка од Македонија (мислам дека рече од Битола, ама не ме фаќајте за збор), за како неуморно тренираше и стануваше во 4 сабајле и одеше на баскет теренот кога сите други спиеја.

Таа средба со неа некако и мене ми даде сила, а во следната посета на Загреб се надевам дека пак ќе имам време да отидам до „Домот на Дражен“. Се надевам дека пак ќе ја видам Бисерка таму, па ќе поразговараме и за нејзиното искуство од трибјутот на Нетси за нејзиниот син во последната текма на тимот во Њу Џерси.

А и да не ја видам, посетата на тоа место сама по себе буди еден куп спомени и сеќавања на човекот кој одбележа дел од детството на еден куп деца ширум Европа. Со Бисерка само ќе биде исксутвото поубаво. Пак.

ПС: Со оглед на тоа со кого се сликал, на Кени му се простува синдромот на „прсти-ќебапи“ при куцањето на твитов.

ADD COMMENTS

Петро

Posted by Karakash Under Видео, Дражен on Wednesday Apr 18, 2012

Од следната сезона веќе нема да има НБА екипа која ќе доаѓа од Њу Џерси. Наместо тоа ќе ги имаме Бруклин Нетс, сонот на Џеј Зи и на Прокхоров.

Во понеделник, на 23-ти април, ќе се одигра последната НБА средба во Њу Џерси на која Нетси ги пречекуваат Сиксерси. На таа текма Нетси ќе им оддадат почит на некои од своите најголеми легенди, а меѓу нив се наоѓа и Дражен…

ADD COMMENTS

Ентони Петровиќ

Posted by Karakash Under All Star 2012, Дражен on Tuesday Feb 21, 2012

Веста дека Ентони Мороу од Њу Џерси ќе го носи дресот на Дражен за време на натпреварот во шутирање тројки е стара два-три дена, а гледам дека оттогаш привлече бројни реакции, пред се’ од фановите на Нетси (ретките) и од европските медиуми.

Бето пред два дена ме праша, откако се појави ова инфо за плановите на Мороу, дали ќе се навива за бекот на Нетси во Орландо?

Искрено, колку и да е симпатичен и од почит кон Дражен овој гест на Мороу, јас лично нема да навивам за никого кога се тројкашите, па и целата саботна програма во прашање. Како што се гледа во линкот најгоре, Мороу се решил сосема случајно на ваков гест, откако го видел повлечениот дрес на Петро како виси во арената на Нетси, а и откако го изгледал Once brothers.

Пред тоа веројатно не ни знаел за Дражен, или пак само наслушнал за него. За човекот кој почина кога тој имаше нецели осум години и кого никогаш не го гледал претходно.

Искрено, со среќа нека му е на Мороу во Орландо, но јас овој гест, кој сам по себе ќе привлече симпатии во Европа и посебно на екс-Ју просторите ќе го сфатев само доколку на него се одлучеше некој играч од некоја екс-Ју република или Европа, кој пораснал со приказните за големиот магионичар од Шибеник. За жал, првата категорија – играчи од екс-Ју републиките кои заслужуваат некој посебен спомен веќе ги нема во НБА.

Вака имаме само бек на Нетси кој можеби и на предлог на клубот се одлучува на ваков, искомерцијализиран чекор. Нешто што не е потребно кога е кошаркарскиот Моцарт и сеќавањата на него во прашање.

 

ADD COMMENTS

Must See! – NBA TV Open Court

Posted by Karakash Under Баркли, Видео, Дражен, Легенди, MJ23 on Thursday Dec 1, 2011

Must see!

Смит за Дерек Харпер, Баркли за Мекхејл, Шек за Махорн и Дејвид, Вебер за Тери Камингс, Реџи за Дражен, Смити за Магзи и Мајкл, Кер за Стоктон …

2 COMMENTS

Таман кога ќе помислам дека сум ги видел сите фотки на кои се наоѓа Мајкл (или Петро), некој ќе ископа нешто до сега невидено од поголемиот број НБА фанови.

ПС: Ако за ништо друго, локаутов ќе биде добар за копање стари и интересни фотки од архивата.

ADD COMMENTS

Мануууу!!!

Posted by Karakash Under Баркли, Видео, Диркулес, Дражен, Легенди on Monday Dec 20, 2010

Во четвртокот Баркли, Кени Смит и Ерни Џонсон, меѓу другото, направија и краток муабет за тоа – Кој е најдобар странски играч кој некогаш играл во НБА?

Причина за муабетот беше вториот клач потег на Ману во низа во последната секунда со кој му донесе нова победа на Сан Антонио. Баркли е познат како голем фан на Ману, па го спомна како најдобар странец, на што Кени го спомна Дирк, а потоа и Дражен.

Чак, веројатно во право, рече дека Дражен никогаш не би изнудил таков фаул во напад како тој на Мело над Ману. На што Кени му одговори дека немало ни да има потреба од тоа, зошто Дражен претходно ќе убацел 40 поени. Овој одговор го нема (мислам) во клипот, но е одлична мисла од страна на Смит.

А што се однесува до тоа кој е навистина најдобар и нивнава дебата, јас не сум вистинскиот човек кој треба да суди, зошто по прашање на Дражен не сум баш најобјективниот лик на светот.

2 COMMENTS

Поминаа месеци од мојот далек пат до светилиштето на кошарката: Кошаркарската Куќа на Славните, лоцирана во Спринфилд, Масачусец [уставното име и е Naismith Memorial Basketball Hall of Fame]. Постов беше најавуван неколку пати, уз постот за НБА Стор и моето присуство на последната текма на ЛеБрон во дресот на Кливленд, но конечно после многу одлагања (што за лето, па за новиот дизајн, па за пред почеток на сезоната), еве ме конечно да го обавам завештанието дадено пред МакНБА читателството.

Спринфилд е едно од најстарите колонизирани места во САД, подоцна станува индустриско гратче, а денес е прилично утепано. Се наоѓа во западен Масачусец. Има претежно модернистичка архитектура, но, ко што реков, не би сакале таму да поминете ниту еден час во прошетка, затоа што: а) нема луѓе, а тие што ги има не изгледаат најпријателски расположени; б) има многу запуштени и мрачни ќошиња кои будат во најмала рака нелагодно чувство; в) нема НИШТО вредно за разгледување освен се разбира Куќата на славните.

Самата куќа на славните однадвор изглеа како една голема топка, и има огромни паркинзи од надвор. Самата градба не е ништо посебно, а ни по влегувањето внатре не се чувствував многу спектакуларно. Океј, тоа е само во првите 2 секунди. После тоа сфатив кај сум и почнав да паничам.

Самата Хала е организирана ко ходник во форма на спирала, со излези до различни соби. Доле има кошаркарски терен на кој дечиња си играат баскет (има неколку кошеви, од сите ери на кошарката, вклучувајќи и онакви стари ко канти). Има и ко трибини за да седат гостите да си одморат.

Нагоре пак, е детално изложена еволуцијата на кошарката. Дресови, топки, патики од сите епохи, слики, постери, видеа, извадоци од весници, мултимедијални содржини, дрндупки, чоек да се пошандрца. Во исто време, во преден план се сите генерации членови по список, од основањето на Куќата до денес. Но да не должиме многу, еве само мал дел од она што успеав да го исчкрапам (кликајте на сликите за целосна големина).

Примитивен баскет од ерата на Нејсмит

Примитивен кош (пред да им текне да го тргнат дното)

Полупримитивен кош со отсечено дно

Јас со маица Дурент, 15 кила поише од сеа и споменикот на Џејмс Нејсмит кој држи примитивен баскет и примитивен кош во своите раце

Доминик опколен со Гнарлс, Зенот и Хјуби се уште живиот Браун, меѓу другото (и Новосел секако, легенда на Ју-кошарката)

Стравопочит (па и Дик Витале)

Дражен у кадар меѓу другото со Меџик, Ајзеа, Мозес Мелоун и Коуч К

Најдесно: баскет доделен на Стоктон за рекорд во одиграни натпревари за еден тим, испод него јакна на Џордан; најнадесно баскет доделен на Адмиралот за рекорд во поени во историјата на Сан Антонио, а до него Џорданка. На сликата има и други сомнителни производи веројатно од кинеско производство

Делче од паркетот од салата кај што Лери Б’рд има играно баскет у средно

Генерација ’96: Крешимир Ќосиќ (Југословен со колеџ искуство во Америка и блескава кариера во Европа), Џорџ Гервин и Гејл Гудрич

Лери и Мекхејл, а меѓу нив Аца Николиќ, таткото на југословенската кошарка

Патиката на Џабар. Реална големина.

На сликава меѓу другите се и Улијана Семенова (2,13 високата советска репрезентативка, меѓу најдобрите кошаркарки во историја), Чак Дејли, Шерил Милер – сестра му на Реџи Милер, Бил Волтон и Карим Абдул Џабар

Легенди као Вес Анселд, Дејв Бинг, Тајни Арчибалд, Елвин Хејс, Кеј Си Џонс, Лени Вилкенс и Ерл Монро

Баскет со аутограм од Доктор Џеј

От Советских Спортсменов

Havlicek stole the ball!!!

А бе HAVLICEK STOLE THE BALL!!!

Сас овај лопту Чембрлен е постигаја 25 иљадити поен у каријеру

Овака изглеа све тоа одозгоре

Да се види дека е Хол оф Фејм

Пророкот Нејсмит, мир на него

Дресови и баскети со најразлични значења, воглавно сите од кинеско производство

Продолжува утре, се уморив од редење слики.

1 COMMENT



Oва требаше да оди вчера, кога бевме на само три дена од стартот на новата сезона…но, ни денес не е касно.

За Дражен овдека е пишувано и пишувано…и секој кој ја следи МакНБА последниве години знае какво место има Дражен кај мене, но и кај огромен број на кошаркарски фанови од просторот на екс-Југославија. Сликава ја ставив и како потсетник на мојот најдраг НБА дрес кој го имам – плавиот од Нетси од сезоната 1992/93.

Можеби не колку за Дражен, но и за Ајверсон на МакНБА се пишувало порано. Од критики, до постот во кој го опишав моето гледање на Ален, пост до кој сега не можам да го најдам линкот, а тука е некаде. Сега, за него веќе нема место во НБА, а за тоа не е никој крив, до самиот тој. Го потроши кредитот и на време не го стиша своето его во корист на подолговечна НБА кариера. Сега можеби ќе заигра во Турција, во Бешикташ, клуб кој нема никаква тежина во кошаркарска Европа. Тоа веројатно зборува најмногу за неговиот став и последните години од кариерата.

1 COMMENT