Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.

ADD COMMENTS

Шек конечно кажува кој заслужува после него да се нарекува Супермен, Баркли го коментира куцањето на Блејк преку Грифин, Шек му дава необично висока оценка на истото куцање и екипата на ТНТ ги соопштува ол-стар стартерите на Западот. Без изненадувања и со очекувани ликови, со оглед на тоа дека се работи за атракција (во тој случај можеше и Деандре наместо Бајнам, но ќе беше премногу)

ADD COMMENTS

Фурни леб

Posted by Karakash Under Кобиџилница, Лебронџилница, MJ23 on Thursday Jan 26, 2012

Заборавиле само фурни леб да додадат (иако реално Леброн е фрик и еден од најкомплетните играчи кои некогаш заиграле кошарка) …

ADD COMMENTS

За МЈ и Коби

Posted by Karakash Under Кобиџилница, MJ23 on Wednesday Jan 18, 2012

Без намера да потпалувам некоја дебата таму каде што ја нема. Твитов на Лејзенби само потврдува нешто што на сите им е јасно. Единствен кој може да се споредува со Мајкл е човекот кој својот стил на игра и движење на теренот го изгради токму на темелите на наученото од гледањето на Најголемиот.

Нормално, ако не те бива и немаш талент, џабе ти е колку сакаш гради ти на тие темели, пак ќе испадне некоја дивоградба која нема да успее во НБА. Коби успеа, и тоа како успеа, а не е мала работа да биде единствениот кој самиот Мајкл мисли дека вреди да се споредува со него. Коби веројатно никогаш нема да го достигне нивото на Мајкл и неговите достигнувања, но тоа е нешто за што додека може да оди човекот не би се кладел против него со оглед на тоа каков е невиден фанатик. Невиден уште од времето на Мајкл. Уште нешто што им е само на нив двајца заедничко.

ADD COMMENTS

Шаторот на слободни…и пуцај

Posted by Karakash Under Д-Вајт, Легенди on Friday Jan 13, 2012

… и така 39 пати.

Двајт синоќа сруши рекорд на Вилт, нешто што ретко се случува, кога изведе неверојатни 39 слободни во победата на Орландо во Оукленд. Уште еднаш – 39 слободни! Од еден играч. Бројка која некои екипи не можат да ја достигнат во 48 минути. Вориорси ко луди го фаулираа, овој си постави шатор на слободни и убаци 21. Да имаше подобар шут за слободни човекот ќе можеше да го слави личниот рекорд во постигнати поени. Вака имаше „само“ 45 поени и 23 скокови. Само, за рушење на скоро 50 години стариот рекорд на Вилт.

ADD COMMENTS

Рендом фотки – Црно-бел MJ

Posted by Karakash Under Рендом фотки, MJ23 on Thursday Jan 5, 2012

Моментот кога ќе си речеш, дај да пишам нешто за новава сезона, кога налетуваш на ваква реткост и богатство од фотка спремна одма за принтање и закачување на ѕид. Некој и би ја урамил. МЈ како човек никогаш не ми се виќал, но тоа па и никогаш не ми влијаело на перцепцијата на него како на Најголем на сите времиња.

ADD COMMENTS

NBA Forever

Posted by Karakash Under Видео, Легенди on Sunday Dec 25, 2011

Ова е блесаво (во позитивен смисол), дури и за НБА.

1 COMMENT