Фотка на неделата 115 – Нека грми!
Posted by Karakash Under Вејдара, Гасолина, Диркулес, Дурентула, Кобиџилница, Лебронџилница, Фотка на неделата on Friday Mar 30, 2012Само што завршив со нешто повеќе од 4 саати гледање баскет без прекин, од Мајами-Далас до Лејкерс-Тандер, така да искрено не ми се пишува некој дооолг пост за сето она што се случуваше синоќа на Флорида и во Калифорнија.
Во куси црти, Мајами пак го победи Далас сезонава, овој пат дома, каде доминираат до сега. Арно ама, ако сакаат да освојат титула ќе мораат да се поправат на гости, каде не импресионираа до сега. На Лебронтије како да му фали агресивност во играта на последните текми, а Бошко игра многу подобро дома, отколку на гости. Вејд им е константа без разлика каде играат, а Клингонецот е поквалитетна опција во рекет од Питмен, чии минути ги лапна.
За Далас, иако изгубија и сезонава не се баш најсјајни, ми делуваат како екипа која може да биде ептен опасна во плеј-оф. Џим Кери како да го чува Диркулес за плеј-оф, а најголемо засилување може да им биде Одом, кој како конечно да почнува да заличува на себе. Одбраната во рекетот им е најголем проблем, и тоа ќе мораат да го поправат.
Тандер по Мајами, си ги тепаа и Лејкерси, овој пат Дурентула и Вестбрук како да имаа променети улоги, а високите момци пак одлично си ја вршеа работата во рекетот. Фишке беше тој кој го разбуди во втора четвртина, а одбраната и Вестбрук тие кои им донесоа победа во второто полувреме.
Со таков Расел ко синоќа во Ел-Еј, Тандер се фаворити на Запад дефинитивно, кога на него ќе се додадат Дурентула, Ибака, Мргудот, Брадата и одбраната на Табо, заедно со искуството на Фишке и предноста на домашниот терен, сосема е јасно зошто се во пол-позиција за титула на Западот. Спарси, Лејкерси, Мавси и можеби уште понекој ќе сака нешто да каже на таа тема, но засега си грми, и тоа силно на Западот.
За Лејкерси, си почнаа одлично синоќа, но по првата четвртина почнаа да паѓаат за на крај тотално да паднат во второ полувреме. Тоа се случува кога немате квалитетни опции од клупата, како и кога Гасолина никако да заигра машки во рекет. Кобстерот силуваше синоќа, и тоа на велико, водејќи некоја лична војна со противникот, а Бајнам, со уште малку интелигенција, ќе стане прва опција во напад. Самото тоа што ги имаат Коби, Пау и Бајнам не дозволува човек да ги отпише, но ќе треба некој да истапи, и тоа квалитетно, за да се надеваат на успешен плеј-оф.











