Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница on Friday Feb 3, 2012
Пак Коби, овој пат пред некој ден, а не пред 15 и пол години како претходниот пост.
Пау и Рики онака, лагано, шпански, си прават муабет во кој Кобстерот се убацува со прашање дали зборуваат за ОИ во Лондон оваа година. Рики трештокерот му порачува да се надева на сребро во Лондон, на што Коби искрено му кажува што мисли. Спремен е да прави и кладба со Рики, кој изгледа не го знае добро човекот со кој се зеза.
Колку и да е шега, Коби секогаш ќе сфати дел од тоа лично и ќе си најде причина да се мотивира дополнително кога пак ќе се видите на теренот.
Шек конечно кажува кој заслужува после него да се нарекува Супермен, Баркли го коментира куцањето на Блејк преку Грифин, Шек му дава необично висока оценка на истото куцање и екипата на ТНТ ги соопштува ол-стар стартерите на Западот. Без изненадувања и со очекувани ликови, со оглед на тоа дека се работи за атракција (во тој случај можеше и Деандре наместо Бајнам, но ќе беше премногу)
Posted by Karakash Under Кобиџилница, MJ23 on Wednesday Jan 18, 2012
Без намера да потпалувам некоја дебата таму каде што ја нема. Твитов на Лејзенби само потврдува нешто што на сите им е јасно. Единствен кој може да се споредува со Мајкл е човекот кој својот стил на игра и движење на теренот го изгради токму на темелите на наученото од гледањето на Најголемиот.
Нормално, ако не те бива и немаш талент, џабе ти е колку сакаш гради ти на тие темели, пак ќе испадне некоја дивоградба која нема да успее во НБА. Коби успеа, и тоа како успеа, а не е мала работа да биде единствениот кој самиот Мајкл мисли дека вреди да се споредува со него. Коби веројатно никогаш нема да го достигне нивото на Мајкл и неговите достигнувања, но тоа е нешто за што додека може да оди човекот не би се кладел против него со оглед на тоа каков е невиден фанатик. Невиден уште од времето на Мајкл. Уште нешто што им е само на нив двајца заедничко.
Мајк Браун синоќа го болеше тројката, а причина за тоа беа 33 поени на CP3, кој во дриблањето на Лејкерси покажа зошто тие беа спремни да се откажат од Одом и Пау само за да дојдат до човекот кој во комбинација со Бајнам (или можеби Хауард) и Коби како во последните свои години како играч, ќе ја продолжеше ерата на Лејкерси како еден од најдобрите тимови на Западот. Вака, гледајќи ги синоќа со Коби, кој и со скинати лигаменти растура во последните десетина дена, и Бајнам и Пау, кои беа добри во рекетот, пак им недостигаше нешто плус за да се носат со Пол и Клиперси.
Тоа веќе не можат да го најдат преку трејд, зошто не знам баш колку е паметно да се дадат Пау и Бајнам за Двајт. Други играчи кои некоја екипа би ги сакала во трејд немаат, а остатокот од тимот, предводен од Светомир, во најмала рака е сомнителен. Поради Пол, како и младоста на екипата на која Билапс и носи стабилност на еден докажан ветеран, Клиперси се тие кои сами ќе бидат криви ако не бидат подобриот тим во Ел-Еј оваа сезона.
Работите се менуваат во Ел-Еј, иако сум сигурен дека Коби ќе даде се’ од себе тоа да не се случи.
Posted by Karakash Under Кобиџилница on Tuesday Jan 10, 2012
With those torn ligaments in his right wrist – an injury that should’ve required surgery and three months of rehabilitation – Bryant is forever one collision from serious seasonal consequences. When he fails to keep the wrist moving during a game, it will swell significantly - Adrian Wojnarowski, Yahoo! Sports.
Не е никаква тајна дека Коби оваа сезона ја игра повреден. Со повреда која некој друг играч би го ставила на неколкумесечна рехабилитација. Еден незгоден дуел или пад го дели од можноста да ја пропушти дури цела сезона. Арно ама, Коби знае дека Лејкерси без него не прават ништо. Посебно не со тимот кој го имаат во моментов. Човекот е воин, борец и ако ништо друго не ви се допаѓа кај него, тоа е нешто што мора да се цени.
Особено ако се знае дека со таква десна дланка и зглоб, тотално сјебани, човекот успеа минатата недела да оствари просек од 33 поени и 6.3 асистенции и да биде прогласен за играч на неделата на Западот.
Способноста да се игра повреден е уште еден елемент во кој Коби се метна на својот идол, а колку му пречи проблемот со десната дланка и зглоб може да се види кога ги изведува слободните. Сепак, и покрај тоа човекот е на терен рекордни 38 минути во тимот на Лејкерси. Иди кажи му дека не може да игра. Да беше Зенот таму можеби и ќе го седнеше, ама вака, никој не смее да му каже дека не треба да игра. па макар и бил со една рака. А и добро игра да cи ееш све.