3/3 – ТИМ Данкан

Posted by Karakash Under 3/3, Тимчо-Роботчо, Playoff '12 on Monday May 21, 2012

Знам дека најмалку веќе две сезони кружи муабетот дека Спарси се тим на Тони Паркер, кој ја презема лидерската улога од Тимчо. Бројките ја поткрепуваат таа теза, па токму и затоа само името на Тони се спомнуваше во дискусијата за тоа кој треба да биде МВП на регуларниот дел од сезоната.

Без никаква намера да ја намалам важноста на Френчи за Сан Антонио, за мене лично тие ќе останат тим на Тими се’ додека тој не одлучи да замине во пензија. Познавајќи го Данкан, тој нема да дозволи да остане во НБА и кога ќе биде во стадиум само на тркалање по теренот, така да се’ додека е тој таму, тој ќе биде голем фактор во евентуалниот успех на Спарси.

Доказ за тоа е и овој плејоф, во кој Тими е фантастичен. Таков беше и во чистите 4:0 против Јута, екипа која реално можеше најмалку да приреди изненадување во овој плејоф, и таков беше и против Клиперси, кои исто така синоќа беа исчистени со 4:0 од тимот со најдобриот скор на Западот.

Тимчо беше феноменален, што со играта во рекетот, што со начинот на кој влијае врз младите играчи на Спарси, каде станува очигледно дека е продолжена рака на тренерот Попович. Кај Тими никогаш нема викање, искажување фрустрации или пак пренампупано изразување емоции. Неговата неверојатна симбиоза со Поп е нешто ретко видено во историјата на професионалниот спорт воопшто, а токму тоа, заедно со одличниот менаџмент на Спарси, ги одржа сиве овие години во врвот на НБА.

Мене Сан Антонио ми е мерачка екипа за гледање, не само поради Тими и олд-скул пристапот на Поп, туку и баш поради Паркер, кој некако незаслужено го одминуваат во секој муабет за најдобар плеј (иако дечкото го качи бројот на асистенции последниве две сезони), поради магијата на Ману, кој во друга екипа би бил стартер, но тука не мрчи зошто е резерва.

Ману, кој ја презема врз себе улогата на организатор на играта кога ќе се најде на терен, иако реално, кога тој е на терен заедно со Тими и Тончи, Поп има тројца играчи преку кои може да ја гради својата игра, што е невиден луксуз.

Кога на тоа ќе се додаде одличниот скаутинг на Поп и неговите помошници, како и одличниот Џи-Ем на Спарси, ете ти ги Кавај, Дени Грин, Сплитер и Гери Нил како клучни играчи и ете ти ги Стивен Џексон и Борис Диао како пак релевантни играчи во НБА, кои се вклопуваат во системот без да дигаат многу џева.

Не знам дали Сан Антонио оваа година ќе биде шампион, тоа никој не го знае. Тандер делуваат како нивен најверојатен противник и тоа секако ќе биде најголемиот тест за Поп и неговите момци. Во моментов делуваат подготвени за секој предизвик, а со Тими на нивото од првиве две серии, враќање на НБА тронот не делува како нереална опција.

ADD COMMENTS

Лекција

Posted by Karakash Under Тимчо-Роботчо, Playoff '12 on Sunday May 20, 2012

„А децава од Лоб Сити, или како и да се викаа, си мислеа дека треба да одиграат само една добра четвртина за да не’ тепаат. Гревчиња.“

ADD COMMENTS

Хејтање

Posted by Karakash Under Тимчо-Роботчо, Playoff '12 on Friday May 18, 2012

Не дека нешто жестоко навивам за финале помеѓу Сан Антонио и Бостон, но доколку тоа некако сепак се случи тогаш ќе ја видиме веројатно последната  битка на големи играчи од една генерација, која во НБА влезе во минатиот милениум и која на свој начин остави голем белег врз лигата, и кошарката воопшто.

А и она поради кое би сакал да го видам финалето меѓу нив се Тимчо и Кеј Џи, двајцата големи „пријатели“ и сигурно Топ 10 на сите времиња кога е позицијата на крилен центар во прашање. Нормално, ваквите муабети никогаш не се на одмет…

         In fact, Duncan hates Kevin Garnett. Hates him the way liberals hate Sean Hannity. This information comes from very reliable sources, who talk about how KG has made a career of trying to punk Duncan, baiting him and slapping him and whispering really weird smack into his ear. They talk about how funny this is, because the worst thing you can do as an opponent is piss off Duncan. Then, as Malik Rose says, “he f—— destroys you.” Duncan’s lifetime numbers versus Garnett’s teams, by the way: 19.4 points per game, 11.6 boards and a 44-17 record, including the postseason.

        Duncan is diplomatic about the topic. Asked if perhaps all those years battling Garnett have softened his feelings for the man, led to a Magic-Larry type of kinship, Duncan leans back on the couch in his hotel room and grins. There is a pause. A longer pause. Finally he says, “Define kinship.”

1 COMMENT

Чичко Тим

Posted by Karakash Under Видео, Грифиндор, Тимчо-Роботчо, Playoff '12 on Wednesday May 16, 2012

Спарси синоќа си ги згазија Клиперси, како што повеќето од нас очекуваа, а главна улога во убедливата победа за 1:0 ја имаше чичко Тим, кој доминираше во рекетот, одржувајќи му лекција на Блејк за ефективност без многу пување и летање по теренот.

За да дипломира на тоа школо, ако воопшто некогаш го стори тоа, на Блејк ќе му требаат доста положени плеј-оф испити, а она што не му треба е глумата, која (за жал) стана составен дел од неговата игра.

Чичко Тим синоќа се потруди набрзинка да му укаже на тоа дека глумењето не му е паметна работа ако сакаат да го сметаат за голем играч. Лекција која да се надеваме дека Блејк бргу ќе ја научи.

ADD COMMENTS

Manu e mano

Posted by Karakash Under Видео, Тимчо-Роботчо, Playoff '12 on Monday Apr 30, 2012

Серијава помеѓу Сан Антонио и Јута веројатно привлекува најмалку внимание од сите кои се играат во првата рунда. Тоа е уште еден доказ дека Спарси не се мејнстрим екипа, нешто што на нив совршено им одговара. Иако не беа во центарот на вниманието тие стигнаа до најдобриот скор на Западот, а вчера и поведоа со 1:0 против Јута.

Таа текма беше пример за важноста на Големото трио за евентуалниот успех на Спарси, како и важноста која Ману, и кога нема некои посебно атрактивни бројки, ја има врз играта на Сан Ан.

Видеото горе од утнатото положување/куцање некого дури и ќе залаже дека имал слаба вечер, исто како и неговите бројки, но Ману беше ѕвер вчера, а еден од ѕверските потези беше и оваа асистенција до Тимчо.

Никаква тајна не е дека Спарси ќе одат дотаму докаде ќе ги однесат Ману, Тимчо и Тончи. Ако тие останат здрави, тоа може да биде многу далеку во овој плеј-оф.

ADD COMMENTS

Мамузарење 2.0

Posted by Karakash Under Тимчо-Роботчо on Tuesday Apr 24, 2012

Доста луѓе прашуваа зошто не им посветувам малку повеќе внимание на Спарси, кои скоро цела сезона водеа битка за врвот на Западот со Тандер. Таа битка тимот на Поп ја доби и сега, втора сезона по ред во плеј-офот влегува како најдобар во својата конференција.

Е токму поради тоа што втора сезона по ред влегува како прв на Запад во разигрувањето и она што им се случи лани кога го имаа истиот статус не ми даваше, барем до сега, да пишувам за нив. Секоја чест на Поп за одлично завршената работа до сега, за лимитирањето на минутите на Тимчо, за играњето без повредениот Ману, за трансформацијата на Тончи во вистински плеј и за пронаоѓањето нови играчи секоја сезона кои даваат голем придонес во играта на тимот.

Сан Антонио, барем во последните десетина години, ми е една од најомилените НБА организации, сигурно најстабилна организација во последните скоро 15 години каде точно се знае кој е кој. Каде Поп и луѓето околу него ја имаат потребната слобода да градат плеј-оф и шампионски екипи.

Темелите останаа исти – Тимчо, Ману и Тончи, но ликовите околу нив постојано се менуваат. Дали оваа комбинација која сега ја има Поп може да дојде до финалето и да освои уште една титула? Не знам, а таа несигурност во нив е предизвикана од ланскиот плеј-оф и првата рунда во која Спарси станаа само четвртиот прворангиран тим кој бил исфрлен уште на стартот. Тогаш нивен крвник беа Гризлис, со кои можат евентуално да се сретнат во втората рунда, до која би требало да стигнат без поголеми проблеми.

Причина е тоа што во првата рунда овој пат нема да играат со екипа која има потенцијал да дојде до втората рунда, а и тоа што, за прв пат по 2008-ма, Големото трио е здраво во пресрет на плеј-офот. Тука лежи клучот за успехот во кој сите во Аламо се надеваат.

Обезбедувањето на првото место значи и дека триото оваа недела ќе добие некој слободен ден плус од Поп пред стартот на разигрувањето, кое посебно на Западот треба да биде крајно интересно. Нормалниот тек на плеј-офот, за разлика од брканицава од регуларна сезона, ќе им биде од корист на Спарси, кои ќе имаат време да се одморат и подготват за секој следен натпревар.

Дали тоа ќе биде доволно за ново финале во ерата на Тимчо Роботчо ќе дознаеме во следните нецели два месеци, можеби и побрзо.

ПС: Ако се следи историјата, освојувањето на Западот ќе биде потешко за Сан Антонио во споредба со освојувањето на титулата. Секогаш кога тие успевале да ја освојат својата конференција, момците на Поп потоа без некое поголемо мачење успеале да ја освојат и титулата.

ADD COMMENTS

Дедо Данкан

Posted by Karakash Under Бизаро, Тимчо-Роботчо on Monday Mar 26, 2012

Синоќа против Филаделфија, која Спарси ја добија без проблеми, за Сан Антонио не настапи Тимчо, кој доби одмор од страна на Поп по серијата текми во последниот период.

Данкан не е баш во цутот на младоста, па сосема е разбирлива оваа одлука на најдобриот тренер во лигата. Е сега, за тој еден ден одмор Тимчо мораше да истрпи еден мал ремет од страна на Поп, кој покрај причината зошто овој не може да настапи едноставно ставил – OLD.

Не му е прв пат на Поп да прави вакви работи, му се случуваше да им го прави истото и на Бери и Хори, а само по себе е уште еден доказ за уникатноста на Поп како тренер од старата школа какви што има се’ помалку во НБА.

ADD COMMENTS

ADD COMMENTS