Рендом фотка посветена на првиот и последниот човек кој сум го видел како поместува цела конструкција на кош со своето куцање. Шек синоќа беше минат од другар му Коби на петтото место на вечната листа НБА стрелци, листа на која тој, доколку знаеше да погоди слободно, доколку знаеше како да остане здрав (а не да се тови) и да се мотивира како ветеран, можеше се уште да биде пред Кобстерот. Сепак, човекот знаеше да прави нешто како никој друг во НБА. Конструкциите на кошевите си знаат.

ADD COMMENTS

Познавајќи го фанатизмот на Коби, сигурен сум дека ќе игра се’ додека може да го престигне Мајкл. Вилт е достижен, посебно ако продолжи да игра како оваа и во следната сезона. Карим и Поштарот се во друга галаксија, нешто за што можат да им се заблагодарат на своите долги кариери без некои посериозни повреди кои засекогаш би ги изреметиле (и нивната големина како играчи и како стрелци, нормално).

ADD COMMENTS

Рики, Коби и Пау

Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница on Friday Feb 3, 2012

Пак Коби, овој пат пред некој ден, а не пред 15 и пол години како претходниот пост.

Пау и Рики онака, лагано, шпански, си прават муабет во кој Кобстерот се убацува со прашање дали зборуваат за ОИ во Лондон оваа година. Рики трештокерот му порачува да се надева на сребро во Лондон, на што Коби искрено му кажува што мисли. Спремен е да прави и кладба со Рики, кој изгледа не го знае добро човекот со кој се зеза.

Колку и да е шега, Коби секогаш ќе сфати дел од тоа лично и ќе си најде причина да се мотивира дополнително кога пак ќе се видите на теренот.

ADD COMMENTS

Зелениот Коби

Posted by Karakash Under Бизаро, Кобиџилница on Friday Feb 3, 2012

Година – 1996-та.

Месец – јуни.

Место – Бостон или околината на Бостон.

Играч – Коби, во опремата на Селтикси, во друштво на покојниот Денис Џонсон.

Последица – Очобол за сите фанови на Лејкерси (а можеби и на Селтикси).

Страшно реткиве фотки, кои ете, се тазе и 15 и пол години откако биле шкрапнати ги ископа од некаде BobbyOnealGibbs

ADD COMMENTS

Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.

ADD COMMENTS

Шек конечно кажува кој заслужува после него да се нарекува Супермен, Баркли го коментира куцањето на Блејк преку Грифин, Шек му дава необично висока оценка на истото куцање и екипата на ТНТ ги соопштува ол-стар стартерите на Западот. Без изненадувања и со очекувани ликови, со оглед на тоа дека се работи за атракција (во тој случај можеше и Деандре наместо Бајнам, но ќе беше премногу)

ADD COMMENTS

„Хејтерот“ Дурентула

Posted by Karakash Under Грифиндор, Дурентула on Thursday Feb 2, 2012

“I have no appreciation for it at all. It was a layup, I think. He threw the ball in and got fouled and made his free throw, so it was three points at the end of the day, no matter how it happened, how it went in the basket. I really wasn’t impressed. He finished it. So what? We’ve moved on.

Еден од оние кои не беа импресионирани од куцањето на Грифиндор преку Мргудот беше и Дурент, кој по поразот искрено си кажа што си мисли, без да врти некој спортски коректен муабет. Некои, а такви ги има многу, би го нарекле човекот хејтер само поради тоа што искажува свој став кој не се совпаѓа со нивните погледи.

Сепак, Дурентула тука не прави никаква грешка. Човекот си има право на свое мислење за потегот кој многумина го нарекоа Куцање на годината, иако реално не беше тоа. Освен ако не е подобро од она на Лебронтије преку Лукас и освен ако тоа „на годината“ не значи на 2012. година, која брои само еден месец до сега.

Но, муабетот сега не ми е за тоа дали куцањето на Блејк беше страшно и најдобро годинава (2012-та), туку за начинот на кој Дурентула се однесува цела своја кариера, а тоа е искрено, без глума или некое тешко филмање, во какво што влегуваат голем број НБА ѕвезди. Можеби малце го претера со ранецон на секој прес, па и на некои шутерски тренинзи, ама ќе му прогледаме низ прсти за тоа.

Она што е најбитно, на Кевин не му е битно дали некој ќе го нарече хејтер. Тој ќе си каже што мисли и нема да го тапка по рамо противникот затоа што му ја закуцал во фаца на неговиот центар. Ликови како него, олд-скул, и фалат на денешната НБА.

ПС: А и факат, куцање без да пипнеш обрач не може да биде најатрактивно куцање на годината. Може да биде најатрактивен потег, ама куцање … Ц … (Сега јас ќе испаднам хејтер).

2 COMMENTS