Кај сум у дилема дали сите ние живееме у иста држава, исто така апсолутно неам појма кој ќе биде 1. пик на утрешниот драфт. Нешто у што не сум единствен, а веројатно ни самиот Брајан Коланџело до последен момент нема да знае кого ќе избере, откако изјави дека се уште се мисли меѓу двајца момци.
Барем за сега типот вика дека нема никаква намера да го трампа својот прв пик, за кој па и нема некој посебен интерес со однос на тоа дека на овој драфт нема играч како на некои претходно кој уште у првата своја сезона може да направи голема разлика.
Коланџело веројатно се мисли меѓу Андреа Барњани и Ламаркус Олдриџ, иако не би ме изненадило на крајот да се одлучи и за Адам “Бркот” Морисон.
Од одлуката на Торонто целосно ќе зависи дали драфтот ќе продужи по текот кој другите екипи го посакуваат или пак Репторси ќе започнат домино-ефект у кој секој ќе мора да бира не според претходните планови, туку според тоа што ќе им остане на масата.
Така, ако Коланџело не го лапне Барњани, онда шпагетата може слободно да падне до 5. или 6. пик, пред се поради тоа што после Коланџело нема многу Џи-Ем-овци кои се убедени дека ќе биде играч од момакот од Рим.
Ја лично баш Андреа го имам најмногу гледано од овие момци кои се топ фаци на драфтот, додека другите ги имам фатено чат-пат, недоволно да видам што се крие у нив. Од она што го слушам, најкомплетен играч е Морисон, кој уште сега е спремен за НБА, што не може да се каже за другите момци.
“Бркот” има факат страшен шут и одлично се движи без топка, плус на тоа тој од мал се мучи со дијабетисот што секако ќе го направи класична палома-шмрк прича за Америте.
По вкус на скаутите им е и Ламаркус Олдриџ, кој многу потсеќа на својот ментор Крис Бош, иако у сите најави го споредуваат со Џермејн О’Нил. Ја пред некое време читав интервју со Олдриџ у кое се гледа дека момакот е скромен тип од Тексас кој располага со голем потенцијал да стане играчиште, што не би требало да биде проблем со оглед на одличниот ворк етик.
Иначе, мок-шмок драфтови не правиме.
Остатокот од момците се мистерија и од нив може, ама па и многу лесно може да не биде играчи. Ништо чудно овој да биде еден од оние драфтови на кои пик избран од 10-30 место да постигне многу повеќе од поголемиот дел од играчите избрани пред него.У продолжение следи најава на Топ 5-те талентите на овој драфт, која утре ќе се појави и у весник:
1. Ламаркус Олдриџ
Роден на 19.07.1985 год. во Далас
210 см., 106 кг.
Универзитет: Тексас
Го споредуваат со: Џермејн О’Нил
Олдриџ располага со сите физички предиспозиции кои се бараат во од еден висок играч во НБА. Тој и покрај својата височина е екстремно брз и подвижен
и во зависнот од потребите може да игра и на “четворка” и на центар. Покрај тоа Олдриџ е одлично кошаркарски поткован, нешто што ретко се гледа денес меѓу младите играчи, а освен во нападот знае да одигра одлично и во одбраната каде главна карактеристика му се атрактивните блокади. Веројатно најголем потенцијал на драфтот.
2. Андреа Барњани
Роден на 27.10.1985 во Рим, Италија
213 см., 102 кг.
Клуб: Бенетон (Тревизо)
Го споредуваат со: Дирк Новицки
Барњани е типичен европски играч за кој сонуваат НБА скаутите. Тој е висок, подвижен, има брз прв чекор и одличен шут за играч со својата височина. Во негов прилог оди и тоа што за разлика од другите европски играчи Андреа игра нетипично добра одбрана. Плус е чувството за тимска игра изградено во системот на Еторе Месина. Она за што му се забележува е недоволната мускулна маса за да се бори во рекетот со НБА ѕверовите, иако и Дирк кога дојде во лигата ја имаше сличната градба.
3. Адам Морисон
Роден на 20.07.1984 во Спокејн
202 см., 90 кг.
Универзитет: Гонзага
Го споредуваат со: Ричард Хамилтон
НЦАА лигата одамна немаше видено играч со такво чувство за игра како Морисон, кој е по вкусот на речиси секој НБА тренер. Главна карактеристика на Адам е тоа што тој е одличен стрелец, но покрај тоа него го красат и многу други работи, како брзиот прв чекор кој во комбинација со шутот го прави екстра тежок за чување. Не е загарантирано дека тој еден ден ќе стане голема НБА ѕвезда, но сигурно дека во вистинскиот систем ќе биде Ол-стар играч.
4. Тајрус Томас
Роден на 17.08.1986 во Батон Руж
203 см., 98 кг.
Универзитет: ЛСУ
Го споредуваат со: Тајсон Чендлер
Доколку се погледнат физичките способности и височината во НБА има малку играчи кои можат да му парираат на Томас. Покрај тоа што има еден од најголемите одрази воопшто во САД, Тајрус се движи како бек и е многу подобра верзија на Тајсон Чендлер и Стромајл Свифт. Главна негова карактерстика се атрактвните забивања и блокади. Како минус му се наведува тоа што доцна почнал да игра организирано кошарка, како и се уште неизградениот шут.
5. Брендон Рој
Роден на 25.07.1984 во Сиетл
198 см., 94 кг.
Универзитет: Вашингтон
Го споредуваат со: Ману Џинобили
Рој отсекогаш бил на листата на најталентирани млади играчи, но дури на последната година на колеџ тој целосно го покажа својот потенцијал на еден од најкомплетните млади играчи. Главно оружје на Рој е влезот за кој колеџ екипите немаа решение, а има и одличен шут од дистанца.
Како плус му се наведува и добриот преглед на теренот и малиот број на загубени топки. Од тоа дали ќе успее да се префрли на плеј во многу ќе зависи кој тим ќе го избере и дали ќе успее во НБА.
Факат е дека драфтот знае да биде и место каде се прават тешки грешки, а галеријава на Ес-Ај ни покажува дел од глупостите на Џи-Ем-овите. (Обратете внимание на Тод Фулер и момците кои беа избрани после него).
* * * * *
Е сеа, дилемата, т.е. трилемата да биде комплетна, НБА денеска лансираше промо материјал во кој само се кажува дека утре ќе биде отворена Црната кутија во која се содржани доста ствари кои ќе изненадат многумина. Мене прво на памет ми падна крајот на Seven, само што можда сега ќе ја видиме внатре главата на Ајзеа. А?
* * * * *
Коа сме кај Ајзеа, ако главата не му се најде у кутијата, онда типот има рок од една година да го среди хаосот кој сам си го направи во Њујорк или стварно ќе му лета главата, ама фигуративно.
Газдата на Никси, Џејмс Долан конечно се разбуди од неколку годишната кома и му даде ултиматум од 365 дена на Томас. Или ќе ги среди работите или ќе лета. Поштено.
Ја типувам дека нов надимак на Ајзеа ќе биде Брдмен, може и Чучулига, ако се побуни другар ни Андерсен.
* * * * *
Знам дека има еден куп драфт деј дубари кои се спомнуваат у моментов, а у нив ништо помалце па имињата на Ајверсон, Гарнет, Џермејн, Мерион, Луис, Бузер и Шцјасдбасбукијак. Мислам дека нема ништо од сите најави, барем не утре вечер, иако се погласен е муабетот дека деновите на Ален у Фила се одбројани, само уште да му најдат екипа у која би го трампале.
Ќе видиме, сите тие иде-не иде муабети ми се ептен мрски, онакви, као за у мало на клупа.
* * * * *
Знам дека реков дека више нема да пишуваме за финалето, ама ќе беше штета на го ѕирневте клипов. Толку.