Nov 12
Како почнаа да ги прават дневните Топ 10 листи на НБА ТВ, доста поинтересни се дневните прегледи на кои има и по некој поатрактивен потег од тие кои се на Топ 10. Плус, она што ич не ми се свиѓа на Топ 10 е тоа што ретко било кој потег го покажуваат два пати, од друг агол или успорено. Така, во зависност од тоа што е подобро, некои денови ќе оди прегледот, а некои Топ 10.
Има уште неколку ствари за кои мислев да пишувам, ама ај тоа нека биде покасно. Заедно со нашата група за ЕП.
Nov 11
Ако се суди според листава, било доста атрактивно на Бостон-Торонто.
ПС: Гледам никој не ја коментираше групата во која се паднавме за ЕП во Полска догодина. Ај покасно ќе се фрлиме и на тоа.
Nov 08
Две до четири недели е она што сабајлево го слушнаа со не баш големо воодушевување во Сан Антонио и Атланта. Посебно разочарување имаше во Аламо каде кај го загубија својот најдобар играч сезонава, него и загубија од не баш јакиот Мајами за продолжување на мизерниот старт. Сега без Ману и Тончи стварно не знам кого ќе победат Спарси. Тимчо е робот, но не е робокап.
Во Атланта на ист период го загубија Џош Смит, ама барем убедливо ги победија Канадиенси. Џош е битен фактор во Хоукси, но не е клучен, а посебно сезонава (до сега) ме импресионираа резервите Мо Еванс и Флип Мареј, кои не самл што целосно го надокнадија ефектот на Афрото гладно за гиро, него и им дадоа нова димензија на Хоукси. Можеби ќе биде малце потешко без Џош и сигурно нема уште долго да бидат без пораз, ама и тоа како има знаци за оптимизам во Џорџија, каде и арената почна да се полни.
Еве го и Топ 10 од синоќа, кој барем според мене е конечно првиот стварно добар и комплетен Топ 10 оваа сезона. Иако како и секогаш, во зависност од вкусот, некои позиции би биле сменети на листата
Nov 06
За старт Топ 10. Покасно за “Ноќта на стрелците“.
Nov 05
Некако со целава работа со трејдов на Билапс во Денвер и Ајверсон во Детроит вчера заборавив да го спомнам Џамал Тинсли, кој веројатно е најпогоден од овој дил. До пред некоја недела Тинсли беше најблиску до трејд во Денвер, но Нагетси се мислеа и мислеа, и на крајот видовме што смислија, донесувајќи далеку подобра одлука.
Сега Тинсли останува практично без екипа, зошто Пејсерси не го сакаат и тој не ни тренира со нив, а пак останува врзан за нив со договор до 2011. година. Индијана не ни размислува да му ја учини таа услуга да му го откупи договорот, што го остава во небрано. На неколку екипи во лигата, како на пример Мајами, Голден Стејт, Њујорк…им е потребен плеј, но не верувам дека Мајами ќе се одлучи на трејд за Тинсли со оглед на неколкуте солидни млади плејмејкери кои ги има, а тука игра улога и договорот на Џамал. Никси веќе си имаат еден преплатен плеј кој не е дел од екипата и со кој не знаат што да прават, додека не верувам дека Бирд би го земал пак Ал Херингтон во Индијана.
* * * * * * * *
Кампањата “Кевин Џонсон
за градоначалник“, конечно успеа и некогашниот плеј на Феникс и официјално е новиот градоначалник на Сакраменто. Колку тоа ќе им користи на Кингси, не знам, но знам дека им е очајно потребна нова арена со оглед на староста и малиот капацитет за денешната НБА на Арко. Тоа што Кеј-Џеј е добар пријател со Малуфите секако дека не е на одмет.
* * * * * * * *
Шек Деди!!!
* * * * * * * * *
Сан Антонио за прв пат откако клубот е дел од НБА, односно за прв пат по 35 години, има стартен скор од 0-3. Изгледа Ману им недостига повеќе отколку што можеме да замислиме. Ако не се оправат изгледа ништо од правилото на Непарна година.
Nov 04
Барем го има Шеп на листава. За Ајверсон малце покасно.
Nov 01
Со оглед на тоа дека кај нас, на нашиве “екстра“ телевизии, нема шанса да се види било што поврзано со НБА, од денеска ќе гледам секое сабајле да го постирам Топ 10 на НБА ТВ од претходната вечер. Да не ви ја расипувам листата, ама покрај шутот за победа на Руди Геј, како меч вреден за гледање со едно чудо атрактивни потези делува тој одигран во Торонто, додека потег кој мене ми е најдобар ми е тројката на Рој со сирената за полувреме за 0-2 старт на Спарси.