90040758ND016_HEAT_WIZ

Само што заврши НБА маратонот. На брзина по нешто од секој меч кој целосно или делумно го изгледав:

- Рон Артест отсега на МакНБА ќе го среќавате под прекарот ДИБЕК.

- Рокетси се екипиште, во вистинска смисла на зборот. Нема индивидуалци и сите млади момци (во основа млади) се 100% посветени на системот на Аделман. И без Јаоза, и без Ти-Мек, па и без Дибекот, Хјустон е подобар тим од лани, посебно од ментален аспект.

- Коби ги игра најдобрите години од својата кариера.

- Фишер не може да чува ни дупло побавни плејмејкери од Брукс.

- Хејс, Лендри, Скола, Батие – прави борци.

- Визардси никако немаат среќа со повреди. Вчера им се повреди и Мајк Милер, кој со неколку потези и тоа што играше со повредено рамо докажа дека не е Мишел Милер.

- Вејд, по кој знае кој пат, покажа дека е дел од НБА елитата. Знам дека многумина го спомнуваат Коби во иста реченица со Мајкл, но начинот на кој Вејд се движи, посебно откако ќе даде кош, е жива копија на Мајкл. Не пораснал џабе Двејн во Чикаго.

- Аринас се врати, барем во играчки смисол. Но, делува доста поианков, а најчудно е што скоро ич да не зборува кога е на теренот или за време на тајм-аут.

- Гарнет се испопали што Селтикси победија, едвај, против слабите Вулфси.

- Џони Флин од Минесота и Тајрик Еванс од Кингси се интересни дебитанти.

- Олексеј Печеров!

- Пирс не се одлепува од земја.

- Возраста на крај може да биде фактор кога се во прашање Селтикси.

- Рајан Андерсон од чиста додавка за да се пополни трејдот на Винс, стана доста битен играч за Орландо.

- Нешто слабо блокади годинава за Двајт.

- Пол е играчиште. Штета што е во Хорнетси.

- Диркулес после она против Јута, се посра во Њу Орлеанс.

2 COMMENTS

90040708AB009_MAVS_LAKERS

Дури сега седнувам на Нет по синоќешниот/сабајлечкиот маратон со неколку средби.

На кратко, ги изгледав Хоукси и Визардси, и иако мислев дека Хибачито ќе биде проблем за Атланта, момците на Вудсон покажаа зрелост плус која ја немаа ланската сезона. Со Крафорд и Џо Смит се дефинитивно појаки од лани и можеби, ама само можеби, ќе се убацат во трка за трето место на Истокот. Но, се уште е рано за така храбри прогнози.

Визардси пак, исто така ќе бидат незгодни сезонава за секого, што е нормално ако се знае дека за разлика од лани се посилни за Аринас, Оберто, Мишел Милер, Хејвуд и Ренди Фој. Синоќа им се повреди, не многу сериозно, Батлер, а кога ќе се к0мплетираат и со Џејмисон, се сигурен плејоф тим.

Бобкетси и Никси одиграа резултатски интересен меч со дупли овертајм во кој само стана уште појасно дека и едните и другите можат само да сонуваат плејоф оваа сезона.

Продолжив на Детроит и Оклахома Сити каде дружбата на Дурантула само му покажа на Думарс дека требаше да почне тотален ремонт или да чува пари за следното лето. Вака, нема пари за нови играчи, а има тим кој не може подалеку од 1. рунда, а и тоа е под голем знак прашалник.

Малце ги ѕирнав и Лејкерси и Мавси, и за разлика од Шеп, мене не ми сметаа дресовите на Далас. Но, веројатно им сметаа на шампионите кои беа бедни. Неиграњето на Пау-Пау не е никакво оправдување за поразот, а се надевам дека слабата игра ќе им продолжи и утревечер со Хоукси.

Барем Шенон Браун го имачше куцањето на вечерта.

Ги загледав и Бостон и Чикаго каде Селтикси покажаа дека ќе бидат опасни оваа сезона и ако останат здрави тешко дека некој ќе ги спречи да си ја вратат титулата. Но, како што реков погоре, уште е рано многу рано.

ПС: Нештињо подели 20 асистенции.

1 COMMENT

Равенствата од насловот прозилегоа од синоќешниот интересен репертоар од 9 утакмици во кои Cleveland ги збришаа Dallas, а Енко ме доби во меѓусебниот дуел. Успеав да ги „закачам“ со мали прекини поради „нормалниот“ net тие две, плус Toronto – Chicago, па следува мал осврт на тоа што се случуваше, хронолошки.

Photobucket

Dallas во дуелот започнаа страшно и се доби впечаток во втората четвртина дека враќањето на Kidd, и покрај back 2 back лошата шутерска вечер на Dirk, ќе ја направи разликата во однос на претходниот дуел со Denver. Но, се покажа дека Cavs се повеќе од само Lebron и не само што направија пресврт туку и си го избришаа паркетот во Quicken Loans арената со Mavs-и, со што направија сигурен исчекор кон освојување на предност на домашен терен низ целиот playoff, како и добивањето на MVP титулата за нивниот лидер.

Правилото од лани дека MVP на сезоната треба да биде најдобриот играч во најдобриот тим во подобрата конференција, овојпат не верувам дека ќе важи заради тоа што Cleveland веќе срушија неколку клупски рекорди, а и направија поголем напредок од Lakers во однос на минатата сезона.

Но. тоа ништо нема да значи за Lebron & Co. ако не ја земат титулата или ако испаднат рано од playoff-oт, а искрено според игрите што ги прикажуват сезонава, во кои многу се трудат по секоја цена да ја добијат секоја можна утакмица, многу наликуваат токму на Dallas од 2007 година кога со убедливо најдобар скор испаднаа од you know who.

Не верувам дека тоа ќе се случи во прво коло пред се поради квалитетот на екипите од истокот кои се пониско рангирани на playoff листата, но во второ коло може да налетаат на многу незгодните Miami или Atlanta, која синоќа и стави крај на успешната серија на гостувањата на Lakers.

Lakers (се уште најдобриот тим на гостински терен во лигата) сами си се криви што се ставија 2 победи позади Cavs поради летаргичните игри кои ги прикажуваа против многу послаби противници, поготово на домашен терен (сетете се само на Charlotte и Philadelphia), додека со поразот синоќа нивниот импресивен гостински поход воопшто не губи од сјајот, едноставно се поклопија многу работи (лош процент на шут од поле на речиси сите освен Gasol, катастрофална прва четвртина, MIKEdon BIBBYnelson-, …), а и Atlanta не е воопшто наивен тим како претходно спомнатите. Подоцна зенот даде изјава дека веќе дигнале раце од трката за 1st overall, и дека ќе гледаат да ја темпираат формата за playoff, но никогаш не се знае until the fat lady sings.

Шутот на Bibby бетер од оној на Don Nelson од финалето 1969

Најинтересно беше во Торонто каде Raptors си дозволија продолжение против Чикаго. Констатацијата дека „си дозволија“, е потполно на место бидејќи синоќа личеше дека Toronto е екипата која не сака да го пушти осмото место на западот, а противникот е оној кој има само минимални теоретски шанси + некое чудо да се случи па да влезе меѓу најдобрите осум на истокот.

Ако се погледне вчерашниот дуел (изземајќи го колапсот на одбраната во последната четвртина кога им подарија OT на Bulls), и ако се потсетиме на стартот на сезоната, тогаш просто е неверојатно дека Raptors нема да ги гледаме во постсезоната на разводнетиот исток. Но повредите на Bosh, Bargnani (и покрај повредите, многу напредна во играта сезонава), Calderon (22 – 19 синоќа) и лошото водење од клупата си го сторија своето.

Сепак ако ги задржат овие тројца, плус матриксот, кој одлично се вклопи после екскурзијата во Miami, а и „носачите на цигли“ како Mensah – Bonsu (испошкртав додека да го погодам името), кој ме воодушеви со борбеноста иако нема многу кошаркарско знаење, можат да бидат многу опасни догодина.

Момент што не го сконтав од утакмицата, а и не видов убаво на кого се однесува заради азиските коментатори и нејасната слика, беше кога на некоја „ѕвезда“ од првиот ред, обезбедувањето му ја одзеде кесата, пардон, вреќата со пуканки. Не знам по која основа, најверојатно била преголема за да седи на прв ред :D

Рикеп Toronto – Chicago

Од останатите утакмици за издвојување се победата на осакатените но жилави Hornets против Spurs, каде ни Ману не успеа да го спречи дозамрсувањето на борбата од втората до седмата позиција на западот, како и дефинитивното закопување на надежите на Shaq дека ќе ја избегне својата прва сезона без учество во playoff-от, од страна на најслабиот тим во NBA.

9 COMMENTS

Е тоа ти е. Откако од Стејплс со насолзени очи си заминаа Спарси, Лебронси и Селтикси, Лејкерс најдоа да губат од Шарлот Бобкетс. Поразот се деси после 2 изиграни продолженија, во кои уште на стартот на првото беше исклучен Коби. Фил Џексон во изјава го измрчи Гасол.

“Pau probably had the worst night he’s had as a Laker,” Jackson said.

Рејмонд Фелтон и Борис Диaо – обајцата за малце трипл-дабл.

Од другите вести: Марбери најави дека контактирал со Бостон, ама дека Њујорк не му давале да си го откупи договорот од инат да не освои титула. Стив Френсис за кој ја појма немав дека се мафтал у ростерот на Мемфис, деновиве шутнат без заиграна минута. Овие двајца се најдобар показател за успехот на Ајзеа ко оперативец во Њујорк. Ај шо го еба тимот, сотре двајца битни играчи (океј тапа карактери, ама и двајцата своевремено беа на корици на NBA Live). Не сум сигурен дека било кога ќе се вратат.

Од другите вести, нешто што е тешко за верување, е дека Селтикси се озбилно заинтересирани и за Реџи Милер. Док Риверс и Дени Ејнџ викаат дека у нивниот клуб имало место за уште по некој ветеран. Сумњиво.

Досадно е. Кај да е ќе почнат пак муабети за трампи ко што се наближува дедлајнот и ќе биде поинтересно.

1 COMMENT

Веќе во неколку коментари на претходниот пост се разврза муабет за синоќешната утакмица помеѓу двата тима од ЛА, во кој Лејкерси излегоа ко победници.

Така се роди голема љубов меѓу двајца млади и надежни центри – А.Б и Д.Џ., видно запотени после доброто рвање под кошевите
Лејкерс-Клиперс е мрска утакмица, одувек и била, но она што е важно чисто да се одбележи е учинокот на Бајнам од 42 поена и 15 скока за 36 минути игра, со тоа што стана првиот играч на Лејкерси после Шекил 2003 да постигне преку 40 поена, а да не се вика Коби. Последноспоменатиов пак, забележа одново трипл-дабл со 18 поена, 10 скока, 12 асистенции и мизерен шут од поле. Единствена светла точка кај Клиперс Шмиперс беше нивниот центар ДиАндре Џордан со феноменален ко за него достиг од 23 и 12.

Нешто што ми е непријатно за коментирање е масакрот на Мавси од страна на Милвоки, со 34 разлика (стално ми е непријатно коа некој тим губи со толку разлика). Ме радува само фактот што Чарли Вилануева (ако памтите многу го воспевав у времињата коа бев активен на МакНБА а он сеуште во НЦАА), со учинок 32 и 10 бил мен оф д меч. Сепак дечкото никако да стане елитен играч, оваа сезона си е просек, иако има некој напредок од лани.

Од Грција, освен што немирите продолжуваат, стига веста дека по повредата на Чилдрес, Олимпијакос е ептен заинтересиран за ангажирање на Стефон Марбери. Управата на Њујорк размислува да го пушти детето да се истрча малце на европски паркет само под услов ако се откаже од 10ина проценти од годишната плата што му е предвидена (а пошто зима 20 миљона, таа скромна десетинка би била 2 и нешто милиони). Ај да видиме ба баш.
Инаку вечер, 2 од најдобрите тимови у Лигата ќе си ги одмерат силите (каков епски израз бај Златко Калински). Во Орландо ќе гостува актуелниот шампион, Бостан Селтикс. Орландо има серија од 7 победи по ред, Селтикс 6. Бостанци синоќа го тепаа другиот тим од Флорида, Мајами. Орландо не биле волку јаки од времето на Пени и Шек. Утакмицава ќе биде од големо значење пошто е привју на полуфиналето или финалето на Исток. Ова е нивно второ соочување, у првото Бостон газеше, па сеа Орландовци се желни за одмазда. Башка, у питање е домашен терен у плејоф. Иначе ако Орландо победи, ќе биде број еден на ниво на цела НБА. Каков Коби, Леброн.. Двајт е човекот (со ненормална јака поддршка од Хидајет, Рашард и Џамир).

3 COMMENTS

Нетси да ти биле лекот. Туку, Тревис Аутло во Булси?!?!?!

8 COMMENTS

Како почнаа да ги прават дневните Топ 10 листи на НБА ТВ, доста поинтересни се дневните прегледи на кои има и по некој поатрактивен потег од тие кои се на Топ 10. Плус, она што ич не ми се свиѓа на Топ 10 е тоа што ретко било кој потег го покажуваат два пати, од друг агол или успорено. Така, во зависност од тоа што е подобро, некои денови ќе оди прегледот, а некои Топ 10.

Има уште неколку ствари за кои мислев да пишувам, ама ај тоа нека биде покасно. Заедно со нашата група за ЕП.

3 COMMENTS