Фотка на неделата 109 – Таџ!
Posted by Karakash Under Вејдара, Фотка на неделата, Playoff '11 on Thursday May 19, 2011Едно од најдобрите, ако не и најдоброто куцање кое го видовме овој плеј-оф се деси на првата текма кога Таџ Гибсон си направи убав постер од Вејд. Двејн обично се наоѓа во спротивната улога при вакви постери, но на секој може да му се случи да биде постеризиран (освен Шек). Она што е најдобро во целата работа е што самиот Вејд еден ден по куцањето самиот си се пошегува на своја сметка. Нешто што голем број други НБА ѕвезди никогаш не би го направиле.
Некои да можат би ги заплениле сите слики и видеа од куцањето. Но, не и Вејд, кој секогаш бил фер играч кој пружал рака на противникот.
Инаку, Таџ со својата игра во овој плеј-оф често го ставаше Бузер во подредена позиција, па така беше и во последната четвртина синоќа. Сепак, неговата енергија не беше доволна да ги спаси Булси од напалениот Леброн и решените момци од Мајами да изедначат на 1:1.
Фотка на неделата 107 и 108 – Судбина
Posted by Karakash Under Кобиџилница, Лебронџилница, Фотка на неделата, Playoff '11 on Friday May 13, 2011Лејкерси и Селтикси се судбински поврзани клубови, а тоа го докажаа и во овој плеј-оф, во кој искомбинираа една победа во полуфиналето на своите конференции. Само една година по меѓусебното големо финале.
Фотка на неделата 105 & 106 – Мамба и Лебронтије
Posted by Karakash Under Кобиџилница, Лебронџилница, Фотка на неделата, Playoff '11 on Friday Apr 29, 2011Како по обичај, ги подзаборавив Фотките на неделата, иако откако почна плеј-офот се изнагледав одлични фотки.
Изборот падна на Коби и Леброн, пред се поради одличните фотки. Првата е обработена од куцањето на Кобстерот преку Емека во петтата текма и е во солидна големина и за принтање на постер. Втората е половина секунда по едно куцање на Лебронтије против Сиксерси, додека момакот е уште во лет.
Инаку, Коби и Лејкерси синоќа во шест ја завршија серијата која требаше да трае максимални пет текми. Во последните две конечно одиграа како што се очекува од нив и со будењето на високите момци и будењето на одбраната станаа непобедливи за Њу Орлеанс.
И лани тие после првите четири имаа 2:2 против Тандер, па тепаа со конечни 4:2 во прва рунда. Сега останува да се види дали оваа серија ќе го има истиот ефект на будење како таа лани. Противник им е Далас, кој иако е квалитетна екипа, по обичај е редовен пациент на Зенот и на Коби.
Лебронтије и Мајами пак, работата ја завршија во пет, но Сиксерси, на некои средби, пружија посилен отпор од очекуваниот. Некако работите во Мајами како да кликаат во вистински момент, односно тројцата главни играчи како да научија да играат заедно без еден од нив да прави мргуд фаца зошто не го играат. Ултимејт тест за нив ќе биде серијата со Бостон.
Фотка на неделата 103 и 104 – Thunder Up, Thunder Down
Posted by Karakash Under Вејдара, Фотка на неделата on Tuesday Mar 29, 2011Нешто ја подзаборавив Фотката на неделата, па така еве две топ фотки одеднаш. И на двете во обид да блокираат куцање се играчи на Оклахома Сити, но не им поаѓа тоа од рака и на двајцата. Всушност, гледајќи ја вторава слика, не знам како не остана без рака Табо Сефолоша, кој успеа да го изблокира Робин Лопез.
Перк пак, ја немаше таа среќа. Иако е подобар блокер од Табо, Перк убаво го попи на ова постерче од Вејд, Куцање кое го имавме на МакНБА и како видео. You can’t get them all, Perk, you can’t get them all.
PS: Коригирано
Фотка на неделата 102 – Мајкл и Скоти
Posted by Karakash Under Легенди, Фотка на неделата, MJ23 on Wednesday Feb 16, 2011Последните две фотки на неделата му се посветени на Мајкл, но за разлика од минатата, во која MJ се најде во “весела“ поза, овој пат фотката е од синоќешниот дуел на Булс и Бобкетс.
Како ретко кога до сега, барем во улогата на пензионери, еден покрај друг до теренот се најдоа Скоти и Мајкл. МакНБА како _____ (пополни го празното место) не постоеше додека овие двајца владееја низ Лигата, но затоа тие кои стојат зад МакНБА многу добро се сеќаваат на тоа време.
Некои од нив (мхм) се сеќаваат и кога, како што пишав во претходниот пост, Мајкл и Скоти се мачеа да ја прескокнат планината наречена “Детроит Пистонс“. Но, кога тоа им појде од рака, само првото повлекување на Мајкл можеше да ги спречи Булси.
Фотка на неделата 101 – Дрво!
Posted by Karakash Under Легенди, Фотка на неделата, MJ23 on Thursday Feb 3, 2011Фотка на неделата 100 – 81!
Posted by Karakash Under Кобиџилница, Фотка на неделата on Monday Jan 24, 2011Знам дека идеална комбинација за 100. издание на Фотка на неделата ќе беше Вилт со неговите 100 поени, рекорд кој по се изгледа уште долго, ако не и засекогаш, ќе остане недостижен.
Но, со Вилт и со таа ера во НБА и во кошарката воопшто, ретко дека било кој од нас има нешто заедничко.
Така, Фотка на неделата е монтажата на Шеп по историската вечер на Коби против Репторси, вечер од која пред два дена се вадеа точно пет години и партија која, на многу начини, е партијата на Вилт на модерната ера на НБА.
Двата линка од пред пет години на МакНБА.














