Во два дена ги добивме двете најдобри куцања оваа сезона, нешто со што некој веројатно нема да се согласи. Сепак, Леброн и Блејк дефинитивно ги имаат двете најдобри куцања сезонава од страна на една голема НБА ѕвезда. Башка, двете се преку човек, првото буквално ПРЕКУ човек и второто преку Мргудот Перк, кој се гордее со својата одбрана и кој беше фатен на прошетка во рекетот од Блејк.

Веројатно е неблагодарна работа да се бира поубавото куцање од двете (имате видеа од нив подоле на МакНБА), но ако се гледаат фоткиве, ова на Лебронтије делува поимпресивно. Сепак, факт е дека за ниедно од двете куцања не беше доделена НБА титулата за оваа сезона. За тоа и на Лебронтије и на Грифиндор ќе им треба многу повеќе во мај и јуни оваа година.

ADD COMMENTS

Видеото од тројкава на Кевин го постирав кога се случи, но не и фотката. Причина, покрај поените за победа, е самиот Лав, кој сезонава има просек од 24.1 поени и 14.1  скокови и кој, барем за мене, е најдобра „четворка“ во НБА оваа сезона. Има повеќе попознати аци од него кои играат на таа позиција, но никој нема такви бројки и такво влијание на играта на својот тим како Кевин. Башка, Вулфси конечно мрднаа маку нагоре и дава плод граењето на тимот околу Лав.

Нормално, не е само тој заслужен за напредокот на Минесота, но без него тоа не би било можно. Човекот со цел да ја подобри својата игра и симна некое килце во текот на летото, а тоа се одразува и врз неговата тројка. Уште да го поправи процентот на реализација, како за два, така и за три (кои треба поретко да ги шутира), и ќе биде навистина страшен. Не дека сега не е, но така ќе влезе во конкуренција за еден од надобрите играчи во НБА.

Можеби сега не ми текнува на некој друг белец (не го заборавив Лејтнер), но Лав ми е најдобриот белец роден во САД уште од Џон Стоктон.

3 COMMENTS

Колку е беден тимот на Нетси и нивниот старт на сезоната показател е и оваа фотка, на која Шелден Вилијамс, кој за некое чудо добива минутажа, и кога куца, тоа си го прави сам себе во фаца.

И они сакаат со таа група граѓани да го привлечат Двајт во екипа. Пореално ми е Дерон да им кидне следното лето отколку Двајт да им дојде. После ќе се чешаат Прохоров и Џеј-Зи во Бруклин.

ADD COMMENTS

ADD COMMENTS

Едно од најдобрите, ако не и најдоброто куцање кое го видовме овој плеј-оф се деси на првата текма кога Таџ Гибсон си направи убав постер од Вејд. Двејн обично се наоѓа во спротивната улога при вакви постери, но на секој може да му се случи да биде постеризиран (освен Шек). Она што е најдобро во целата работа е што самиот Вејд еден ден по куцањето самиот си се пошегува на своја сметка. Нешто што голем број други НБА ѕвезди никогаш не би го направиле.

Некои да можат би ги заплениле сите слики и видеа од куцањето. Но, не и Вејд, кој секогаш бил фер играч кој пружал рака на противникот.

Инаку, Таџ со својата игра во овој плеј-оф често го ставаше Бузер во подредена позиција, па така беше и во последната четвртина синоќа. Сепак, неговата енергија не беше доволна да ги спаси Булси од напалениот Леброн и решените момци од Мајами да изедначат на 1:1.

ADD COMMENTS

Лејкерси и Селтикси се судбински поврзани клубови, а тоа го докажаа и во овој плеј-оф, во кој искомбинираа една победа во полуфиналето на своите конференции. Само една година по меѓусебното големо финале.

ADD COMMENTS

Како по обичај, ги подзаборавив Фотките на неделата, иако откако почна плеј-офот се изнагледав одлични фотки.

Изборот падна на Коби и Леброн, пред се поради одличните фотки. Првата е обработена од куцањето на Кобстерот преку Емека во петтата текма и е во солидна големина и за принтање на постер. Втората е половина секунда по едно куцање на Лебронтије против Сиксерси, додека момакот е уште во лет.

Инаку, Коби и Лејкерси синоќа во шест ја завршија серијата која требаше да трае максимални пет текми. Во последните две конечно одиграа како што се очекува од нив и со будењето на високите момци и будењето на одбраната станаа непобедливи за Њу Орлеанс.

И лани тие после првите четири имаа 2:2 против Тандер, па тепаа со конечни 4:2 во прва рунда. Сега останува да се види дали оваа серија ќе го има истиот ефект на будење како таа лани. Противник им е Далас, кој иако е квалитетна екипа, по обичај е редовен пациент на Зенот и на Коби.

Лебронтије и Мајами пак, работата ја завршија во пет, но Сиксерси, на некои средби, пружија посилен отпор од очекуваниот. Некако работите во Мајами како да кликаат во вистински момент, односно тројцата главни играчи како да научија да играат заедно без еден од нив да прави мргуд фаца зошто не го играат. Ултимејт тест за нив ќе биде серијата со Бостон.

ADD COMMENTS