Ај скрим, ју скрим, ви ол скрим фор ајскрим.

ADD COMMENTS

Пред текмите синоќа јасно беше дека единствена која вреди да се гледа беше таа во Солт Лејк Сити, каде Јута и Феникс директно одлучуваа за тоа која од двете екипи ќе биде осма на Западот. Санси мораа да победат за да го одржат плеј-оф сонот во живот, а за разигрување ќе им требаше триумф и во Сан Антонио вечерва, нешто што делуваше веројатно со оглед на тоа дека Поп им даде слободно на главните ѕвезди.

Јута мораше да победи за да ги елиминира Санси и да обезбеди самата камбек во плеј-офот. На крајот токму тоа и се случи, а гледајќи ја текмата, момците на Тај Корбин сосема заслужено обезбедија мегдан со Спарси во првата рунда.

Јута игра несебична кошарка во која акцентот се става на рекетот и на Биг Ал Џеферсон и Пол Милсеп, додека Хејворд и Херис помагаат однадвор. Дерик Фејворс беше одличен синоќа, и веројатно ќе му се појавува ова лето во ноќните мори на Марчин Гортат, кого го залепи барем четири пати.

Иако сакав уште еден плеј-оф за Нештињо и Грент Хил, мерак ми се направи што Биг Ал после седум години пауза пак е дел од едно разигрување. Прв пат како играч на Јута и прв пат како играчиште од кого зависи се во неговата екипа.

Башка, мислам дека Јута може да одигра поинтересна серија со Сан Антонио. Можеби нема да може да направи изненадување ала-Мемфис лани, но секако може да претставува проблем за Спарси, посебно во рекетот каде оперираат Биг Ал и неговата десна рака Милсеп.

ADD COMMENTS

1 COMMENT

Само што завршив со нешто повеќе од 4 саати гледање баскет без прекин, од Мајами-Далас до Лејкерс-Тандер, така да искрено не ми се пишува некој дооолг пост за сето она што се случуваше синоќа на Флорида и во Калифорнија.

Во куси црти, Мајами пак го победи Далас сезонава, овој пат дома, каде доминираат до сега. Арно ама, ако сакаат да освојат титула ќе мораат да се поправат на гости, каде не импресионираа до сега. На Лебронтије како да му фали агресивност во играта на последните текми, а Бошко игра многу подобро дома, отколку на гости. Вејд им е константа без разлика каде играат, а Клингонецот е поквалитетна опција во рекет од Питмен, чии минути ги лапна.

За Далас, иако изгубија и сезонава не се баш најсјајни, ми делуваат како екипа која може да биде ептен опасна во плеј-оф. Џим Кери како да го чува Диркулес за плеј-оф, а најголемо засилување може да им биде Одом, кој како конечно да почнува да заличува на себе. Одбраната во рекетот им е најголем проблем, и тоа ќе мораат да го поправат.

Тандер по Мајами, си ги тепаа и Лејкерси, овој пат Дурентула и Вестбрук како да имаа променети улоги, а високите момци пак одлично си ја вршеа работата во рекетот. Фишке беше тој кој го разбуди во втора четвртина, а одбраната и Вестбрук тие кои им донесоа победа во второто полувреме.

Со таков Расел ко синоќа во Ел-Еј, Тандер се фаворити на Запад дефинитивно, кога на него ќе се додадат Дурентула, Ибака, Мргудот, Брадата и одбраната на Табо, заедно со искуството на Фишке и предноста на домашниот терен, сосема е јасно зошто се во пол-позиција за титула на Западот. Спарси, Лејкерси, Мавси и можеби уште понекој ќе сака нешто да каже на таа тема, но засега си грми, и тоа силно на Западот.

За Лејкерси, си почнаа одлично синоќа, но по првата четвртина почнаа да паѓаат за на крај тотално да паднат во второ полувреме. Тоа се случува кога немате квалитетни опции од клупата, како и кога Гасолина никако да заигра машки во рекет. Кобстерот силуваше синоќа, и тоа на велико, водејќи некоја лична војна со противникот, а Бајнам, со уште малку интелигенција, ќе стане прва опција во напад. Самото тоа што ги имаат Коби, Пау и Бајнам не дозволува човек да ги отпише, но ќе треба некој да истапи, и тоа квалитетно, за да се надеваат на успешен плеј-оф.

ADD COMMENTS

ADD COMMENTS

Во два дена ги добивме двете најдобри куцања оваа сезона, нешто со што некој веројатно нема да се согласи. Сепак, Леброн и Блејк дефинитивно ги имаат двете најдобри куцања сезонава од страна на една голема НБА ѕвезда. Башка, двете се преку човек, првото буквално ПРЕКУ човек и второто преку Мргудот Перк, кој се гордее со својата одбрана и кој беше фатен на прошетка во рекетот од Блејк.

Веројатно е неблагодарна работа да се бира поубавото куцање од двете (имате видеа од нив подоле на МакНБА), но ако се гледаат фоткиве, ова на Лебронтије делува поимпресивно. Сепак, факт е дека за ниедно од двете куцања не беше доделена НБА титулата за оваа сезона. За тоа и на Лебронтије и на Грифиндор ќе им треба многу повеќе во мај и јуни оваа година.

ADD COMMENTS

Видеото од тројкава на Кевин го постирав кога се случи, но не и фотката. Причина, покрај поените за победа, е самиот Лав, кој сезонава има просек од 24.1 поени и 14.1  скокови и кој, барем за мене, е најдобра „четворка“ во НБА оваа сезона. Има повеќе попознати аци од него кои играат на таа позиција, но никој нема такви бројки и такво влијание на играта на својот тим како Кевин. Башка, Вулфси конечно мрднаа маку нагоре и дава плод граењето на тимот околу Лав.

Нормално, не е само тој заслужен за напредокот на Минесота, но без него тоа не би било можно. Човекот со цел да ја подобри својата игра и симна некое килце во текот на летото, а тоа се одразува и врз неговата тројка. Уште да го поправи процентот на реализација, како за два, така и за три (кои треба поретко да ги шутира), и ќе биде навистина страшен. Не дека сега не е, но така ќе влезе во конкуренција за еден од надобрите играчи во НБА.

Можеби сега не ми текнува на некој друг белец (не го заборавив Лејтнер), но Лав ми е најдобриот белец роден во САД уште од Џон Стоктон.

3 COMMENTS

Колку е беден тимот на Нетси и нивниот старт на сезоната показател е и оваа фотка, на која Шелден Вилијамс, кој за некое чудо добива минутажа, и кога куца, тоа си го прави сам себе во фаца.

И они сакаат со таа група граѓани да го привлечат Двајт во екипа. Пореално ми е Дерон да им кидне следното лето отколку Двајт да им дојде. После ќе се чешаат Прохоров и Џеј-Зи во Бруклин.

ADD COMMENTS