Во претходниот пост спомнав нешто за она што ми сметаше кај Клиперси, а пред се кај Пол и Блејк, вчера против Мемфис. На истата тема во текот на мечот се произнесе и Вебер, кој многу добро се снаоѓа во улогата на ко-коментатор и кој во својата кариера имал можност да игра против и со играчи кои претеруваат во својата глума на теренот.
Блејк би можел малку да го послуша Крис и да престане самиот да си штети на својот имиџ со непотребната глума на теренот.
Серијава помеѓу Сан Антонио и Јута веројатно привлекува најмалку внимание од сите кои се играат во првата рунда. Тоа е уште еден доказ дека Спарси не се мејнстрим екипа, нешто што на нив совршено им одговара. Иако не беа во центарот на вниманието тие стигнаа до најдобриот скор на Западот, а вчера и поведоа со 1:0 против Јута.
Таа текма беше пример за важноста на Големото трио за евентуалниот успех на Спарси, како и важноста која Ману, и кога нема некои посебно атрактивни бројки, ја има врз играта на Сан Ан.
Видеото горе од утнатото положување/куцање некого дури и ќе залаже дека имал слаба вечер, исто како и неговите бројки, но Ману беше ѕвер вчера, а еден од ѕверските потези беше и оваа асистенција до Тимчо.
Никаква тајна не е дека Спарси ќе одат дотаму докаде ќе ги однесат Ману, Тимчо и Тончи. Ако тие останат здрави, тоа може да биде многу далеку во овој плеј-оф.
Posted by Karakash Under Видео, Playoff '12 on Monday Apr 30, 2012
Рекордот на склекови оваа сезона за Зеко.
Се зезам. Колку ли само и олесна на публиката во Мемфис кога видоа дека не му е ништо на Зеко, кој во минатото беше склон на повреди. По она што му се случи на Роуз (и на Шамперт), фановите на другите екипи се молат колената на некој од нивните главни играчи да не откажат во текот на овој плеј-оф, или па да не им се случи некоја друга повреда.
Како што покажа Зеко, него не му беше ништо, но им беше на Гризлис, кои беа сотрени од Клиперси и нивната серија од 28:3 за камбек победа за историја и крадење на предноста на домашниот терен на Мемфис. Уште некој склек добро ќе му дојде на Зеко во битката во рекет со Блејк, која ветува дека ќе биде интересна до крај.
Posted by Karakash Under Видео, Пол on Monday Apr 30, 2012
Серијава помеѓу Гризлис и Клиперс делуваше тешка за типување. По она синоќа во Мемфис, таа задача делува уште потешка. Гризлис си газеа, имаа предност и од 27 поени, 21 поен на старт на поледната четвртина. И на крај пак изгубија. Клиперси направија неверојатен пресврт со серија од 28:3 за победа од 99:98 и покажаа дека се екипа која нема туку-така да се предаде.
За тоа најзаслужен е Пол, кој е вистински лидер на оваа екипа, и кој не им даде да легнат и да ги остават да ги газат на своите соиграчи. Серијава само што стана кандидат за најдобра на Западот, заедно со онаа помеѓу Тандер и Далас.
ПС: Видеото е од целата серија на Клиперси од 28:3 со која ги комплетираа камбекот и големата победа.