The Missing LINk

Posted by Karakash Under Видео on Monday Feb 6, 2012

Да продолжиме со Никси, кога веќе Бето повлече нога со претходниот пост, негов прв на МакНБА …

Азиски-Американец + Харвард некако не ми делува дека може да биде = на НБА.  Токму поради тоа Џереми Лин е интересен лик од првиот ден кога стана дел од НБА екипа, преклани кога го драфтуваше Голден Стејт.  Сепак, момакот не доби некоја посебна шанса во Оукленд и на крајот некако заврши во Њујорк. А таму светот не дозна за него се до саботата навечер , кога момакот на сите во MSG и на Дерон и Нетси им покажа за што е способен.

Е сега, нормално, ова е само една текма, башка е против бедотијата наречена Нетс. Плус, тука е и офанзивниот систем на Бркот, кој ако си плеј кој е малку попаметен, може од тебе да направи опасен играч, без да мораш многу да се потиш во одбрана.

Сепак, зборуваме за момак кој до сега не ја добил вистинската шанса во НБА, кој беше ангажиран да пополни место во ростер, кој е прв Азиски-Американец во НБА по 1947. година и кој барем за една вечер, ги стави во втор план Мело, Амари и компанија и целосно го надигра Дерон Вилијамс.

Не е мала работа да ја освоиш публиката во Њујорк, која пред крајот на текмата го скандираше неговото име. Многумина се нашле пред светлата на MSG, а малкумина од нив успеале вистински да ја освојат таа публика. Уште поретки се тие кои го направија тоа во стилот на Лин од саботата.

Е сега, дали е навистина д мисинг линк, ќе видиме во следниот период. По оваа негова партија за очекување е да се мачи, посебно кога Никси ќе играат на гости, но сепак, по ова што го покажа во саботата, тој е најдобриот плеј кој Њујорк го има во моментов.

Момакот си ја заслужи својата шанса, а мене искрено, целиов клип ми делува како трејлер за некој нов филм, сите елементи за холивудско сценарио се тука, од аутсајдер до ѕвезда на една од најголемите светски сцени.

Само уште да има хепиенд целата приказна и се ќе биде супер.

ADD COMMENTS

Ел Класико

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Saturday Feb 4, 2012

Некако ни тргна со Шпанциве. Сега во главна улога е Руди, кој и во НБА ги покажува актерските квалитети на шпанските спортисти и на оние кои барем некогаш играле во Шпанија. На Мет Барнс ништо не му е јасно, човекот никогаш не ја гледал претставата наречена „Ел Класико“. Но, кармата е опасна работа, па џабе му беше на Руди и фолирање и се’ кога неговите Нагетси изгубија дома, и тоа откако Ал Херингтон не погоди тројка за победа.

ADD COMMENTS

Рики, Коби и Пау

Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница on Friday Feb 3, 2012

Пак Коби, овој пат пред некој ден, а не пред 15 и пол години како претходниот пост.

Пау и Рики онака, лагано, шпански, си прават муабет во кој Кобстерот се убацува со прашање дали зборуваат за ОИ во Лондон оваа година. Рики трештокерот му порачува да се надева на сребро во Лондон, на што Коби искрено му кажува што мисли. Спремен е да прави и кладба со Рики, кој изгледа не го знае добро човекот со кој се зеза.

Колку и да е шега, Коби секогаш ќе сфати дел од тоа лично и ќе си најде причина да се мотивира дополнително кога пак ќе се видите на теренот.

ADD COMMENTS

Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.

ADD COMMENTS

Шек конечно кажува кој заслужува после него да се нарекува Супермен, Баркли го коментира куцањето на Блејк преку Грифин, Шек му дава необично висока оценка на истото куцање и екипата на ТНТ ги соопштува ол-стар стартерите на Западот. Без изненадувања и со очекувани ликови, со оглед на тоа дека се работи за атракција (во тој случај можеше и Деандре наместо Бајнам, но ќе беше премногу)

ADD COMMENTS

Cable Guy, Y U SO MAD?

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Thursday Feb 2, 2012

Џим Кери синоќа против Тандер реши да покаже дел од своите фудбалски таленти, кои веднаш потоа продолжи да ги увежбува во соблекувалната на Далас. Кога веќе неговиот тим не може да тепа, нека се издува човекот малце. На никого не би му било лесно да мора да го игра Махинми во рекет.

ADD COMMENTS

BIG

Posted by Karakash Under Видео, Диркулес on Tuesday Jan 31, 2012

ADD COMMENTS