Мело – на тебе је ред

Posted by Karakash Under Бит Пазар Лето 2010 on Tuesday Aug 17, 2010

- “И викаш не е од Љуботен?“ – Мело во Чаир. На Бостан стрит.

Полека прашањето “Дали Кармело ќе си замине од Денвер?“ се претвара во “Кога Кармело ќе си замине од Денвер?“

Според некои извори, дури и да потпише продолжување на договорот, Ентони тоа ќе го направи само доколку Нагетси му гарантираат трејд. Или пак едноствано ќе ја играа оваа сезона (последна од договорот) по што следното лето како слободен ќе си одбере нов клуб.

Нормално, како и лани со Леброн, Вејд итн. како прва опција се спомнуваат Никси. Единствената разлика е што во овој случај таа опција делува реално.

2 COMMENTS

Она што во моментов делува како тотално неитересен трејд, посебно за тие кои не се фанови на Њу Џерси, Индијана, Њу Орлеанс или Хјустон, би можело за некоја година да биде потег на кој ќе се навраќаме како клучен за некои од овие екипи.

Тоа пред се се однесува на Пејсерси кои не избрзаа во својата потрага по млад и талентиран плеј и откажувајќи се од последната година на Трој Марфи го добија Дарен Колисон. Момак кој во својата руки сезона со Хорнетси покажа дека има доволно потенцијал да стане уште еден од низата одлични млади плејмејкери кои последниве години се појавија во Лигата. Кога лани Крис Пол беше повреден, фановите на Хорнетси се уверија во квалитетите на Колисон, а кога летово се појавија шпекулациите за иднината на Пол сите беа убедени дека и да се деси Пол да биде трампан, Колисон ќе може солидно да го замени.

Сега кога Колисон е дел од Индијана, станува јасно дека Пол нема да биде трампан затоа што Дарен беше негова единствена алтернатива.

Во Колисон Пејсерси го добија третиот дел од младото трио Гренџер-Хиберт-Колисон. Трио кое Бирд сакаше да го состави како темел за градење на новите Пејсерси. Проект кој самиот тој изјави дека ќе трае три години.

Сега веќе нивниот екс-крилен центар Марфи е одлично засилување за Нетси и би можел да биде одличен во комбинација со Брук Лопез во рекетот. Посебно поради својот добар шут однадвор, но и скокачките способности. Ако пак експериментот не тргне според планиранотот, Трој е во последната година од договорот.

Ејвори Џонсон е тренер кој знае да работи со подвижни крилни центри со добар шут (Дирк), а во комбинација со Херис, Лопез и новите фаци како Мороу и Аутло, има млад тим кој секако дека ќе има повече победи од ланските 12. Достигнување кое и не е некој предизвик.

На крај за Хорнетси и Рокетси, кои делуваат како да добија најмалку во целиов дил. Хјустон покрај олеснувањето на селари-капот, кој беше оптеретен по задржувањето на Лаури и Скола и ангажманот на Бред Милер, добива алтернатива во Кевин Мартин на двојка. Кортни Ли им е добо познат на сите од времето кога како руки беше дел од Орландо, а е тип на играч кој е по вкус на Рокетси веќе некое време.

Во исто време овој трејд значи дека Рокетси го признаваат неуспехот на експериментот Ариза како прво офанзивно оружје однадвор. Не дека Тревор не се снајде во Хјустон, но сепак со доаѓањето на Мартин и одбранбените квалитети на Батие, не е незаменлив. Плус, Ли би можел добро да се снајде кај искусен тренер и покрај квалитетни соиграчи.

Хорнетси делуваат како најголеми губитници, пред се поради губењето на Колисон. Ариза би требал да биде поопасен играјќи покрај асистент од типот на Крис Пол, а вака испаѓа и дека Хорнетси го заменија договорот на Џејмс Поузи со тој на помладиот Ариза.

Кога сме кај Поузи, тој исто како и Колисон заврши во Индијана, но веднаш се појавија гласини дека Пејсерси ќе го откупат неговиот договор по што овој би станал слободен играч. Како најверојатна дестинација за него се спомнува Бостон.

1 COMMENT

Совршен пар

Posted by Karakash Under Бизаро, Бит Пазар Лето 2010 on Wednesday Aug 11, 2010

Кога пред крајот на минатата сезона почна на големо во Њујорк да се зборува за можноста во текот на летото тимот да го добие бингото наречено Леброн Џејмс, втората премија во Двејн Вејд или пак утешната награда во Амари Стадемаер/Крис Бош плус Џо Џонсон, веднаш почна да се шири муабетот за иднината на Трејси Мекгрејди во Никси.

Не дека ликот е некој фактор, но самиот факт дека му истекуваше сезоната вредна 22 милиони, а со самото тоа и договорот, многумина се прашуваа дали би бил корисен во ремонтиран тим како опција од клупата која би потпишала за минималец.

На тоа Трејси одговори дека никогаш нема да потпише за минималец, ниту пак дека чуствува потреба да се докажува некому, да се бори за место во било кој тим. Ти-Мек беше убеден дека ова лето ќе има неколку екипи кои ќе се тепаат за него.

Неколку месеци подоцна и соништата, како и зборовите на Трејси паднаа во вода. Кај потпиша за едногодипен минималец со Детроит, типот уште и помина неколку проби како тие кај Клиперси и Булси, со цел да докаже дека уште има нешто во него.

Но, ни Чикаго, ни Клиперси не сакаа да си имаат работа со него или пак со неговите колена. Никси да не ги ни спомнувам. Мајк Д’Антони уште по самиот финиш на сезоната се откажа од Трејси како опција за новиот тим на Никси.

Детроит на крај испадна неговата единствена опција, иако е нејасно зошто Думарс се одлучи на ваков потег. Точно е дека нема некој финансиски ризик, но позициите на двојка и тројка се добро пополнети кај Пистонси, така да неминовно се наметнува претпоставката дека некој ќе биде трампан.

Од друга страна, веројатно не треба да се бара многу логика во потезите на некој како Думарс кој не така одамна го трампаше Билапс за Ајверсон, лани во пакет ги донесе Вилануева и Гордон за скоро 60 милиони долари, а летово потпиша нов договор со Бен Волас. Драфтувањето на Дарк-О не го ни спомнувам.

1 COMMENT

Ако ви текнува, пред некои три недели и кусур, ја спомнав желбата на Крис Пол следната сезона на себе да има ганц нов дрес на кој нема да пишува Хорнетс.

Е сега, во истиот пост беше спомната алтернативата да игра покрај Леброн, и иако тоа не се исполни сепак останува фактот дека Пол сака покрај себе да има барем еден суперстар. Не би му паднало лошо да има и две големи ѕвезди покрај себе, разбира се.

Последното инфо е дека Пол од управата на Њу Орлеанс побарал да го трампаат, ама со оглед на тоа дека за јавно искажување на таква желба следува казна од страна на комишот, тој тоа го направил во тајност.

Нормално, јавно барање за трејд со себе носи и осуда од еден дел од фановите и медиумите, а тоа на лик како Пол без дамка на своето досие, не му е потребна.

Е сеа, во целата приказна барањето трејд не е најинтересниот дел. Интригантна е наводната Топ 3 листа на тимови во кои Пол би сакал да заврши пред стартот на новата сезона.

Станува збор за Орландо, Њујорк (да, Њујорк) и…Лејкерси!

За сево ова е виновен неговиот најдобар пријател во НБА, Лебронтије, кој повлече нога со својот потег.

He wants out,” said the person, who has been briefed on Paul’s strategy but spoke on condition of anonymity because he was not authorized to discuss it publicly. “He wants to play with another superstar. He wants to follow LeBron’s model of teaming up with other great players.”

Па, каде би можел да заврши Пол?

ЊУЈОРК:

Дел од трампањето на Дејвид Ли за неколку играчи, донесувањето на Фелтон и оставањето простор во селари-капот по пропаѓањето на Планот А и Планот Б ова лето, делумно е и поради идејата и желбата да ангажираат ол-стар плеј. Една алтернатива е Тони Паркер кој следното е слободен, а другата е токму Пол.

Проблемот во целата ситуација е фактот дека евентуален дил за Пол не би можел да биде спроведен во дело до 15 декември, што значи дека Крис би морал сезоната да ја започне во Хорнетси, што и не му е некоја желба. Пол на свадбата на Кармело изјави дека би сакал да формира свое големо трио со Мело и Амари, но тоа е многу полесно да се каже, отколку да се спроведе во дело.

Сепак, надежта е нешто што секогаш живее во Њујорк.

ОРЛАНДО:

Двајт сака да игра со суперстар, Пол го сака истото. Тоа е добра основа за трејд во Дизниленд. Плус, Орландо може на Њу Орлеанс да му понуди плеј на местот на Пол во Џамир Нелсон и богат договор кој нема многу до својот крај во Винс Картер. Ова може да биде добар дил за двете страни, само останува мала дилема за тоа како Пол ќе се вклопи во системот на Стен Ван Ганди со многу пасови, малку тупење со топката во раце и многу шутеви за тројка. За играта два на два со Двајт немам дилеми дека ќе успее.

ЛЕЈКЕРСИ:

Лејкерси со Пол, Коби и Гасол би биле вистински противодговор за Вејд, Леброн и Бош. Можеби Триаголникот на Зенот никогаш не трпел суперстар плеј, но можам само да замислам како би делувал тандемот Пау-Пол, со Коби како killer ако нешто не тргне според планираното. Со ваков дил сигурен сум дека уште повеќе би се зголемил бројот на хејтери на Лејкерси кои ќе имаат добра база за шампионски тим во следните 3-4 сезони. Најмалку.

Мал проблем е тоа што за да стигнат до Пол би морале да се откажат од Бајнам, но ако во евентуален дил го добијат Емека како замена во рекетот, мислам дека нема да му падне лошо на никого во Ел-Еј.

Јас би додал уште некој тим на оваа листа, како на пример Портланд и Атланта.

ПОРТЛАНД:

Пол, Рој, Ламаркус Олдриџ плус Оден (што е голем прашалник). Звучи убаво. Сепак, е тешко за остварување. Не дека немаат Блејзерси средства (играчи) за ваков потег, туку од аспект на тоа дека за да се одлучат за плаќање на договорот на Пол, плус тој на своите ѕвезди ќе треба да имаат многу други средства (пари) и да го надминат прагот за данок на луксуз. Газдата Пол Ален е способен за такво нешто, а ако навистина им успее тогаш ќе добиеме легитимен предизвикувач за тронот на Лејкерси на Западот.

АТЛАНТА:

Мојата неостварена желба, Кога веќе не беа толку способни да го драфтуваат Пол (или Дерон) со 2. пик на драфтот 2005 година, Хоукси веројатно не ни го заслужуваат Крис сега. Сепак, Атланта е добар, во основа млад тим на кој му фали само малку за да биде вистински кандидат за титула. Тоа малку е вистински плеј и центар, а и двете можат да се добијат во дил со Хорнетси. Посебно делот со плејот.

За таков дил тие би требале да се откажат од Мајк Биби, Џош Смит и Марвин Вилијамс (или Крафорд), но и во тој случај прашање е дали Хорнетси се подготвени да загризат. Во целата ситуација за Хоукси е битно да не го загубат Ал Хорфорд. Петорка со Пол, Џонсон, Вилијамс (ако не го сакаат во Њу Орлеанс), Хорфорд и Емека делува страшно опасно. Како и со фановите на Никси, надежта е нешто што никогаш не умира и кај многу помалубројните фанови на Хоукси.

Што и да се случи, мислам дека нема да биде некој огромен шок. Посебно не откако за неверојатни работи на пазарот ова лето не навикнаа Леброн и Мајами

11 COMMENTS

Кога земјата се отвори за сите во Кливленд и кога Мајами ја состави најзвучната тројка во НБА, следното прашање кое логично се наметна е како волшебникот Рајли ќе успее во селари-капот да ги уфрли останатите деветмина играчи кои во првиот тим ќе им прават дружба на Вејд, Леброн и Бош (по тој ред).

Од тогаш па во последниве десет дена Рајли не само што не седеше мирен, туку и го состави тимот покрај Големата тројка многу подобро од очекуваното. Единствен под договор со Мајами за следната сезона пред да им се падне бингото беше Марио Чалмерс. Солиден плеј кој сепак не е материјал за стартер. Но, како резерва во таков тим како Мајами може да биде доста корисен.

Следен беше Јудонис Хаслем, кој ги одби побогатите понуди од Далас и Денвер за да остане како дел од  новиот експеримент на Рајли во градот во кој е роден и во кој е цела своја кариера. Ако некој во целава ситуација покажа дека е подготвен да игра и за помала плата само за да се бори за шампионската титула, тоа е Хаслем кој можеше да инкасира плус десет милиони ако се одлучеше за Мавси или Нагетси. Вака, ќе земе 20, кои не се малце и ќе игра покрај Вејд, Леброн и Бош.

Добро е познато што им носи Јудонис на Мајами, посебно во рекетот.

По Хаслем на Флорида одлучија да останат и Џоел Ентони и Џејмс Џонс, а на пат за Флорида кај своето другарче од Кливленд се спакува и Илгаускас, кој веројатно ќе му биде резерва на помладиот и поподвижниот Ентони, носејќи им искуство од клупата. Џонс е добар шутер кој претходната сезона и не се снајде баш во Мајами, но кога нема повреди може да биде опасен за три.

Сликата ја надополни веројатно најзвучното и најскапото засилување по главното трио, Мајк Милер кој би требал да биде Икс-факторот на овој тим.

Тоа се, заедно со рукито Декстер Питмен, девет играчи. Останува само да им се додаде и Карлос Аројо и ветераните Џуан Хауард, Џејсон Вилијамс и Џамал Меглор, кои би го комплетирале тимот кој следната сезона ќе биде во центарот на вниманието на сите НБА фанови, не само на тие од Саут Бич.

Ако успеат во намерите да го донесат и Мет Барнс, тогаш стварно Рајли ја  заслужува наградата за прв оперативец која многумина уште сега му ја врачуваат.

2 COMMENTS

По страшниот шопинг кој неколку екипи од Истокот го направија изминативе денови, редно време беше и некој од Западот да се активира на пазарот, па макар и тој шопинг бил посветен на онаа втора класа играчи на пазарот ова лето.

Така, Денвер ја доби битката со Далас за Ал Херингтон, кој е новиот соиграч на Кармело и Чонси. Со оглед на тоа дека Ал е во најзрели играчки години (30) плус повредите на Кенјон Мартин и Крис Андерсен, кои би требало да го пропуштат стартот на сезоната, ова е добар потег на Нагетси. Плус, Ал е тип на играч кој се вклопува во стилот на игра на Џорџ Карл. Доколку успеат да го донесат и Луис Амундсон да се бори во рекетот, Нагетси можат пак да бидат интересни следната сезона.

Далас се утеши со Тајсон Чендлер, кој во комбинација со Брендан Хејвуд би требал да ги направи конкурентни во рекетот против Лејкерси, кои сите на Западот ги бркаат. За да дојдат до Чендлер, Мавси се откажаа од Ерик(а) Дампие, како и од Мет Керол и Нахера. Всушност, од сите тројца дигнаа раце уште пред некое време само ја чекаа вистинската понуда да ги трампаат. Керол така си се враќа во Шарлот, Дампие веројатно нема ни да заигра за Бобкетси, а Нахера би можеле да го искористат како аргат од клупата. Заедно со Чендлер Мавси мораа да го земат и Алекс Аџинка, кој сигурно нема да се изнаигра.

Клучот на овој дил е секако здравјето на Тајсон, кој кога не се мачи со повреди, а тоа е реткост, знае да биде одличен дефанзивец во рекетот. Во комбинација со Хејвуд можат да бидат страшни. Ова секако е подмладување за Мавси кои се надеваат дека со оглед на ослабувањето на неколку директни конкуренти, ќе можат да им бидат прв ривал на Лејкерси.

Исто така ова значи и дека Далас, и покрај бројните шпекулации, нема да биде новиот клуб на Шек, кој иако има 38 години се уште е интересен за неколку екипи. Една од нив не е Мајами, иако се зборува за тоа, пред се затоа што Мајами веќе го донесе својот ветеран на центар, другарчето на Леброн, Зидрунас Илгаускас. Покрај тоа планираат да го задржат и ланскиот резервен центар Џоел Ентони. Тоа значи дека нема место за Шек, но и значи дека со таков тандем во рекет + Бош мака ќе мачат да го задржат Двајт Хауард.

А кога сме кај ликови кои се презиваат Хауард, Џош Хауард е на мета на Чикаго и Бостон. Доколку Орландо одлучи да го задржи Редик, тогаш скоро сигурно е дека Булси ќе го потпишат Хауард, Бостон ќе чека да види како тоа ќе се одигра за потоа да се обиде со некаков трејд да стигне до Хауард кој би бил и тоа каков upgrade za Тони Ален кој одлета во Мемфис.

За крај, назад на Западот, Спарси, онака, тивко и во нивен стил, го донесоа Тиаго Сплитер, кој може да им се покаже многу корисен следната сезона.

Лејкерси пак, како што веќе сигурно сите знаат го задржаа Дерек Фишер, а го пуштија Џордан Фармар да се спакува за Њу Џерси. Покрај тоа, денес би требало на маса да седнат Коби и Раџа Бел, некогашните непријатели со цел Коби да го убеди ветеранот да потпише за шампионот. Звучи чудно некој да мора да се убедува да биде дел од шампионски тим.

ПС: Изминативе неколку дена Тајсон Чендлер беше два пати “трампан“. Откако речиси се беше договорено со Торонто, Мајкл Џордан во последен миг го блокираше трејдот во Канада, за само еден ден подоцна да го испрати во Далас. Изгледа исто како им кога беше играч, Мајкл знае целосно да ги сврти работите во последната секунда. Дали ќе биде во негова корист, ќе видиме.

ADD COMMENTS

Ако некогаш ве прашаат дали Минесота се уште има НБА тим, никој нема да ви замери ако одговорите со – Не. Кога на таков начин се однесува управата на еден клуб, како што се однесува таа на Вулфси изминативе неколку сезони (во најмала рака), сосема е нормално Вулфси целосно да потонат во заборав. Без средби на ТВ, без некое звучно име, без никаква перспектива, а со очајни сезони, очајна посетеност и очајни дресови.

И како врв на тоа генерален менаџер кој очигледно залутал во тие води. Како инаку да се објасни еден куп потези кои само ја уназадуваат екипата која и онака е заглавена во длабок минус. Па дури и кога ќе направи нешто  што делува паметно, како трејдот за Мајкл Бизли минатата недела, Дејвид Кан успева се да растури со следниот негов потег.

Потег кој само ве тера да се запрашате што се случува со човеков и дали во Минесота воопшто сакаат да имаат еден ден тим кој нема само да служи за потсмев на остатокот од Лигата. Кога и Клиперси ти се смеат, тогаш навистина нешто не е во ред со тебе.

А на последниот потег на Кан никој не може да остане рамнодушен. Типот го трампаше својот единствен докажан играч, својот најталентиран играч и лик кој со 25 години зад себе веќе има две 20-10 сезони и потенцијал да напредува во Јута во размена за два идни пика од првата рунда. Толку. Ал Џеферсон за два идни драфт избори.

Така, без никаква конкретна жртва Јута ја доби својата замена за Бузер. Помлада, повисока и попотентна замена за Бузер. Можеби Џеферсон ќе треба да поработи на прегледноста на играта и на навреените додавања, но за тоа е тука Џери Слоун, а за да го разигра тука е Дерон Вилијамс. Токму Дерон пред неколку дена јавно го изрази своето незадоволство од заминувањето во Чикаго на Бузер и Корвер и само неколку дена подоцна го добива Џеферсон за соиграч. Ако се земе во предвид дека во Јута веројатно ќе се врати и Рони Бруер, летово и нема да биде воопшто лошо за Јута.

Нешто што за сега не може да се каже за Минесота која сега нема играч со плата поголема од 5 милиони долари, но и нема перспектива за некоја подобра иднина. Иднина која ќе им се базира врз Дарк-О, Лав, Флин и веројатно Бизли. Плус соништа за тоа кого се можеа да изберат на драфтот да имаа некој способен ген. менаџер. Всушност, сега само тоа и им останува – драфтот и надежта дека ќе успеат преку него да изградат респектибилна екипа.

Ако воопшто тоа им е и цел.

ADD COMMENTS