Една од најбизарните работи кои сте ги виделе оваа сезона, а со неа никаква врска да немаат Светомир и Џавел. Очигледно Бајнам си мислеше дека со оглед на одличната скокачка вечер од 30 скокови во победата сред Сан Антонио (без Коби) заслужува да пуцне една тројка за крај. Неговиот дефинитивно омилен шут.
По тие 30 скокови Бајнам имаше и можност да го покаже својот богат вокабулар, по што веднаш уследи гасење на тонот од страна на реализаторот на преносот.
Петар вчера спомна дека му е мило што Светомир веќе не е прв дибек на мета на МакНБА. Но, иако Џавел е шупелка која одлично ги следи стапките на Свето, не може да се заборави на оригиналниот дибек, кој самиот синоќа во Њу Орлеанс се потруди да не потсети кој е оригиналот. Уште Смит да очекуваше ваква глупост од Светомир и да дадеше кош, ќе беа „весели“ реакциите на фановите на Лејкерси.
Чудни работи се случуваат во Орландо. Стен веќе некое време е освежување во НБА со својата искреност, но на крај на сезоната веројатно ни тоа, како ни неговите квалитети, нема да го спаси од отказ.
Можеби подобро ќе им беше да го трампаа Двајт, зашто ми делува без разлика на тоа што ќе се случи, тој на крај пак ќе најде начин да си отиде од Орландо. А и ќе ја немаа сева оваа драма која е околу нив.





