Ел Класико

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Saturday Feb 4, 2012

Некако ни тргна со Шпанциве. Сега во главна улога е Руди, кој и во НБА ги покажува актерските квалитети на шпанските спортисти и на оние кои барем некогаш играле во Шпанија. На Мет Барнс ништо не му е јасно, човекот никогаш не ја гледал претставата наречена „Ел Класико“. Но, кармата е опасна работа, па џабе му беше на Руди и фолирање и се’ кога неговите Нагетси изгубија дома, и тоа откако Ал Херингтон не погоди тројка за победа.

ADD COMMENTS

Зелениот Коби

Posted by Karakash Under Бизаро, Кобиџилница on Friday Feb 3, 2012

Година – 1996-та.

Месец – јуни.

Место – Бостон или околината на Бостон.

Играч – Коби, во опремата на Селтикси, во друштво на покојниот Денис Џонсон.

Последица – Очобол за сите фанови на Лејкерси (а можеби и на Селтикси).

Страшно реткиве фотки, кои ете, се тазе и 15 и пол години откако биле шкрапнати ги ископа од некаде BobbyOnealGibbs

ADD COMMENTS

Cable Guy, Y U SO MAD?

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Thursday Feb 2, 2012

Џим Кери синоќа против Тандер реши да покаже дел од своите фудбалски таленти, кои веднаш потоа продолжи да ги увежбува во соблекувалната на Далас. Кога веќе неговиот тим не може да тепа, нека се издува човекот малце. На никого не би му било лесно да мора да го игра Махинми во рекет.

ADD COMMENTS

Саката сезона

Posted by Karakash Under Бизаро on Friday Jan 20, 2012

Рондо, Ричардсон, Картер, Пол, Џ.Хауард, Кемби, Вејд, Барњани, Хорфорд, С.Кари, Бизли, Роуз, Вилануева, Кид, Магети, Гордон, Хејс, Рендолф, Џинобили … сите овие фаци имаат нешто заедничко. Тоа е дека се повредија после нецели месец дена од новата сезона. Некои од нив, како Ману, Зеко и Хорфорд на подолго време нема да бидат дел од своите екипи, а на листава повредени играчи можат да се додадат уште толку имиња кои не се толку познати, но нивните повреди ги реметат нивните екипи.

За оваа тема сакав да пишам уште по повредата на Хорфорд, кој најверојатно нема да заигра пак до плеј-офот, до кој Хоукси можат да дотуркаат и без него. Не шкртнав ништо, а после гледам на Клиперси не им игра Пол, на Мајами не им игра Вејд, на Хорнетси не им игра Гордон, на Далас Кид, Булси се без Дерик Роуз … итн … Некои се вратија или пак ќе се вратат на терен, но до тогаш, како тргнало, ќе се повреди некој друг.

Сево ова е цена која играчите ја плаќаат од немање нормален тренинг-камп и нормална претсезона. Откако се стави крај на бизарнион локаут, сите екипи набрзина почнаа да составуваат ростери и да се спремаат за новата сезона. Се почна на ура, а згуснатиот распоред никому не му ја олесни работата.

Од сезона во која екипите со најмногу старци требаше да бидат најизложени на повреди, скратенава сезона се претвори во минско поле за сите екипи, без разлика на младо и старо. Нешто што е нормално кога играте седум пати во девет дена, како што се случај со доста екипи. Колку и да си физички подготвен, ризикот некаде нешто да пукне, кога мораат да те товарат со 30-40 минути секоја вечер, е голем. Не се сите фанатици ко Коби па да играат со повреди, мада и него го дели еден незгоден пад на зглобот на десната рака од долга пауза.

Токму поради сево ова, а и поради безвезниот распоред, гледаме чудни работи на табелите во двете конференции. Екипите кои некако ќе успеат да имаат што помалку повреди на најбитните играчи, ќе стигнат далеку. Плеј-офот никој нема да го достигне со свежи нозе, а посебно не екипите полни со ветерани. Токму поради тоа може да не очекуваат големи изненадувања во оваа, саката сезона. Слични на оние од претходната скратена пред 13 години – најсакатата сезона во историјата на НБА.

ADD COMMENTS

Гледате некое познато име на фоткава? Тоа е our own Петар Серафимовски, чиј твит-коментар за селекцијата на Диркулес како петти најдобар играч во НБА според ЕСПН стигна до страната на тој американски медиум посветена на изборот на Новицки како петти.

Аргументот на Петар си е на место, нешто што не може да се каже за листата на ЕСПН, која можете да ја ѕирнете на овој линк - NBA Rank.

Токму поради вакви работи, од продукт кој е на крајот целиот за никаде, никогаш не сакав да составувам листи на најдообри играчите на сите времиња, најдобри актуелни играчи и сл. Во тоа дека ЕСПН се способни да ја утнат работата во целост никогаш не сум се сомневал, но оваа нивна листа, посебно првите 15 места, ги надминува сите (не)очекувања од нив, колку и да се толкувањата индивидуални.

2 COMMENTS

Неко меџу нама није наш

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Wednesday Jan 11, 2012

Вистинска финта ќе беше Џим Кери да ги ставеше во игра.

Шега на страна, иако делува дека двајцава дрипци се на клупата на Мавси, тие сепак седат на удобнине седишта што се наоѓаат веднаш зад клупата на Далас. Е сега, што бара Картер на истите тие седишта, а не на клупата, и зошто коментаторите не приметија дека тие всушност не се на клупата, туку зад неа, не знам. Изгледа спелилото од викендов со она 6 на 5 видео се проширило накај Детроит.

Како и да е, не се само коментаторите во заблуда, видеово збуни многумина, а имаше некои кои мислеа и дека е монтажа. Мислам, Винс седи на клупа без абер да влезе во игра, како тоа може да биде монтажа?

(Шала мала фанови на Винсентије, не го заборавајте ОВА)

ADD COMMENTS

Слепци

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Saturday Jan 7, 2012

Приметувате нешто необично?

Ако одговорот е Да, тогаш браво за вас, зошто слепциве на текмава, од судии, до играчи, тренери и коментатори очигледно се тешки дебили.

ПС: За каков дебилизам се работи зборува и податокот дека грешкава е приметена дури по прегледувањето на ТВ снимката

1 COMMENT