
Ги имаме Ол-Стар петорките за во Далас следниот месец и до некаде поголемиот број НБА фанови, барема оние пореалните при гласањето, односно оние кои погледнале барем една средба оваа сезона, се задоволни од тоа како на крајот испаднаа работите.
Како во многу случаи, имаме една добра, една лоша и една онака, зезната вест.
Добрата секако е фактот дека Нештињо успеа на крај да го претрка Мекгрејди и да спаси голем срам (или пак комишот замижил на едно око) срам за НБА лик кој цела сезона има изиграно 45 минути да биде стартер.
Лошата е нереалноста при гласањето и тоа што наместо оние кои заслужуваат, како Џо Џонсон или Рондо, во првите пет на Истокот е лик кого на старт од сезоната го избркаа од Мемфис, каде беше резерва, кој после тоа изјави дека ќе се пензионира, за на крај да заигра за Филаделфија која и не процвета со него. Старата слава си го направи своето и Ајверсон се најде меѓу стартерите на Истокот.

Остатокот од петорките е прилично реален.
А да, заебаната вест. Штета за Дирк кој долго време беше второ крило на Западот. Но, некако Тимчо успеа да го претрка во фото-финиш. Така, Амари кој не игра центар ќе биде стартен центар на Западот, а на крило ќе игра Тимчо кој за својот тим игра на центар. Знам, заебано, посебно за Диркулес, кој игра одлична сезона со своите Мавси.
Некој може да се побуни и дека има место и за Дурент, но тешко дека би го убацил некој место Кармело, Тимчо, па и Дирк. Сепак, иднината е во рацете на Дурент кој е вистински лидер на изненадувањето од Оклахома сити.
Јас лично би го ставил Бош во први пет на Исток на местото на истрошениот и сезонава пак повредениот Кеј-Џи. Бош игра далеку подобра сезона, како и лани, од Гарнет и местото му е првата петорка, но како и во случајот со Ајверсон, старата слава си го направи своето, иако Гарнет вреди многу повеќе од Ален.
Резервите ќе бидат познати за недела дена, а до тогаш ќе имаме време за муабет кој треба, а кој не треба да се најде во Далас.