Или во превод: “Ми се игра баскет.” Би кажал и повеќе, но толку од мојот лимитиран ќинесќи
Ова е пост кој го одамна го ветував (едно шес месеци), но никако не седнав да го напишам.
Баскет е многу популарен спорт у Ќина, игра и старо и младо, и шуто и рогато. Колку знаат да играат, е дискутабилно. Се игра четири на четири на еден кош. Се чека со саати за да се дое на ред. На убав ден, пораз е недозволив ако сакаш да играш пак. Моеш да чекаш на соседниот терен (нарочито, кај мене на факултет игралиштето има 8 терени еден до друг шо имаат обрач), но тешко изводливо е дека набрзо ќе дочекаш утакмица.
Тоа е затоа што сите милијарда и четрсто милиони Ќинези чекаат бољи пар на твојот терен. Ок, лажам, ама замислете си ја глетката. 8 х 2 х 4 = 64 луѓе играат у секој момент, и уште минимум толку чекаат бољи пар. У Скопје баскет три на три се договара две недели унапред и се чува еден чеок за “резерва” пошто стално некој откажува.
На баскет у Ќина, као висок белец имаш приоритет у драфт, ама си поизложен на ќотек у рекет. Милост нема. Сите се пожртвувани. У малкуте партии што ги иам изиграно иам видено повеќе паѓање на глава, виткање зглобови и раскрварени колена него ли за цел живот. Но, нема расправање за фаул. Пошто има поише фаули од кошеви. Се игра до шест најчесто.
Предноста на драфт ти се зголемува повеќекратно кога ќе кажеш дека си од Југославија. Океј, моеш да кажеш дека си од Маќедонија, но сем некој студент по историја или некој заинтересиран во опскурни работи, сите ќе те гледаат со незнаење. Не би ги судел. Само дистриктот во кој живеам е 2,5 милиони луѓе; Пеќинг е можеби и 20, ако ги вклучиме и мигрантите. Во учебниците тешко и да ја има Маќедонија, а на вести сигурно има побитни работи да се гледаат.
Плус, по што да ја знаат Маќедонија, што им значи нешто? Првото прашање е “која е најразвиена индустрија?” Второто прашање е “што извезувате?” Третото прашање е “кој е најзначаен ресурс?” Муабетот секако завршува кај “колку народ живее таму?” Дури и јас имам проблем да ги одговорам овие работи. Да им кажам “Европа,” не иде. Па затоа им викам “Југославија.” Знаат за Тито, Бата Живојиновиќ, Дражен Петровиќ и Дивац.
Баскет вештини се особено важни и надвор од секојдневниот живот. Од особено големо значење е способноста за градење простор. Во земја со милијарда и четрсто милиони луѓе, простор е луксуз. Тоа особено важи за јавен превоз. Кога сите милијарда и четрсто милиони (што не знаат да чекаат во редица) баш сакаат да влезат во твојот вагон во метро и се спремни да се гураат до смрт, многу е важно да се блокира ногата на противникот и да се загради со лакт.
Но, ко крупен белец со брада кој изглеа накурчено, си помалку изложен на гурање пошто, кој би сакал да се гура со крупен белец со брада кој изглеа накурчено.
Дека басќет е од особена важност у Ќина човек се уверува на секојдневна база. На пример, минатата недела потпретседателот и наследник на претседателот и генерален секретар на Комунистичката Партија Ху, господинот Шји Џинпин, беше во посета на САД. Неговата последна станица беше Стејплс Центар, каде човекот се појави на полувреме на утакмицата Лејкерс-Феникс и седеше во ложата до четвртата четвртина.
Неговиот омилен кошаркар Коби (сметан за најпопуларен Американец во Ќина) кој пред утакмицата му остави на господинот Шји патики со автограм, за тој период постигна 18 поени. На Шји му беше врачен и автентичен жуто-љиљаков дрес со неговото име од страна на градоначалникот на ЛА чие име е премногу тешко за изговарање, Меџик Џонсон и Дејвид Бекам (кој патем, не се ни помачи да се дотера за дочекот на така битниот гостин). За да биде вечерта поспектакуларна, Ентони Гаудлок на своите патики имаше напишана порака на ќинесќи: Добредојде потпретседателе Шји!
Ќина е најголемиот пазар на НБА, и воедно, НБА е најпопуларна бранша од западната култура која е дозволена во Ќина. Додека на пример, владата се уште дозволува само по 20 холивудски филмови годишно во кино-салите, и интензивно го “филтирира” Интернетот, НБА утакмици се гледаат секој ден (тука се од сабајле), се носат дресови и патики, а НБА играчите се најпознати странски селебритис (затоа идат секое лето нели).
Влегувањето на Јао во НБА го зацементира статусот на Лигата и кошарката ко спорт како најважна споредна работа во земјата. Кога сме кај Јао, човекот сега е бизнисмен (недвижнини, сопственик на Шангхаи Шаркс, отвори и винарија, активист за животински права), и студент на Џјао Тонг (тој универзитет шо ги праи рангирањата).
Сепак, Ќина се стреми да создаде и домашна басќет сцена. Има своја професионална лига, која станува се поквалитетна од година од година. Една причина за тоа е и најмувањето на ислужени, или потценети НБА играчи. Стефон Марбери си го најде својот дом тука, и во моментов растура со пеќиншќите Патки. Особено јака сезона има Вилсон Чендлер кој игра за Џ’џианг Гуанша.
Лани убедливо доминантен беше Квинси Дуби (ѕвер во НЦАА, никој и нишчо во Сакраменто и Торонто) кој ќе беше МВП да не беше правилото дека странец не може да биде МВП у Ќина. Особено јака сезона оваа година имаше и Џеј-Ар Смит, кој имаше во просек преку 34 поени, 7 скока и 4 асистенции за 32 минути игра ко резерва поголем дел од сезоната, кој последните две утакмици (пред 2-3 недели) се истури со 60 и 41 поени соодветно.
Но, за жал на ќинесќите фанови, не се појави на Ол-Стар натпреварот, затоа што штом неговата сезона заврши (тимот му од Џ’Џианг, не се Гуанша на Чендлер, но не можам да го изговорам името), човекот се најде на авион за Њујорк, каде им се придружи на Њујорк Линсенити.
Тоа пак не води, погодувате, до Џереми Лин.
Во отсуство на Јао, Лин во Ќина улета ко ќец на десетка. Сега, претпоставувам за многумина е конфузно зошто Ќинезите би биле екстатични за Лин, кога типот и самиот се декларира ко Тајванец по потекло.
Епа, Гоце Делчев шо бил, Маќедонец или Българин? Александар шо бил, Маќедонец или Грк?
Е така и Лин. Сепак, Лин е многу поприсутен во медиумите преку Тајванскиот проток. Таму национализмот, разбирливо е многу пожесток отколку во континентална Ќина. Имав можност да погледам малку тајванска телевизија, и нема да ве излажам ако речам дека можеби 50% од вестите беа во врска со Линсенити.
Дури неговиот подем го поврзуваат со економски текови, климатски промени, хороскопи (он е Змеј, и почна да доминира баш кога започна годината на Змејот – музичето од Зона Сумрака), космички сили и секако, супериорноста на Тајванците. Прогласен е за најпосакуван ерген и личност на годината (иако е февруари).
Властите во Пеќинг, сепак, имаат и други причини да бидат претпазливи со култот на Лин. Освен што е по потекло тајвански Ќинез, тој е пред се Американец, растен, образован и формиран ко личност и кошаркар во САД.
Пострашно е што тој е фанатичен рисјанин, кој секоја прилика во медиумите ја користи (да не речам злоупотребува) за ширење на верата, и препишување на неговиот успех на наводната божја волја. Во крстоноштвото има сојузник во Лендри Филдс – на пример, она што многумина го доживуваат ко Nerd Shake (Каракаш го постираше овој инфографик), всушност е читање на библијата (коа покажуваат нагоре покажуваат кон небото каде Ѓорѓи Колозов небаре седи и игра НБА Лајв со семоќен џоистик).
Рисјанството не е многу пожелно, а е се’ попопуларно во Ќина, па така не е баш од интерес на Партијата Џереми Лин да вежба за поп пред нивната јавност (инаку самиот Лин најави дека по завршувањето на кошаркарската кариера ќе биде свештено лице). На крајот, Лин претставува во одредена мера и пораз за Ќина ко кошаркарска сила. По некоја случајност, семејството на Лин да не пребегало прво на Тајван а потоа да мигрира во САД, Џереми никогаш не би бил кошаркар.
Прво, во Ќина све што е испод два метра, нема теоретска шанса да успее у басќет (системот на тренирање и селектирање играчи им е сличен на рускиот). Сите познати кошаркари од Ќина впрочем – Ванг, Јао, И, се стапови од 2.20, или бар 2.10 – и тоа е идеалот за баскет ѕвезда у Ќина.
Второ, ако некому му иде математика до таа мера за да заврши на Харвард, никад нема да му биде дозволено да стане од книга и да игра басќет.
Трето, од милиони кошаркари у Ќина, никој освен гореспоменатите стапови не стигнал до нивото на Лин – во смисла на вештина и упорност. Токму затоа, весникот Глобал Тајмс (во една или друга форма гласило на официјален Пеќинг како и повеќето медиуми), го повика ќинесќиот народ да го бодри Лин, но не заради потеклото, туку заради тоа што е јак кошаркар.
Иначе ќинеското име на Џереми Лин е 林书豪 (Лин Шухао). Лин е шума (карактерот е дуплирано дрво, 木), шу значи книга, а хао напишано ко што е вака веројатно значи голем и јак (а може да сум и ја у грешка).
Немам поента, само се разбацавам со новостекнатите знаења и вештини






February 21st, 2012 at 21:52
Друже ме бендиса постов
Само сакам да те прашам како си завршил на студии во Пекинг? И баш ме интересира каков е животот таму, мислам настрана од кошаркарскава прича
February 21st, 2012 at 21:52
И дали си играл некад кошарка за она горе што спомна со бољи пар ??
February 22nd, 2012 at 21:52
Пофалби за постот, звучи како приказна од друга планета!
February 22nd, 2012 at 21:52
@George: сеуште сум само студент тука. животот е океј, малце е погрубо и покруто отколку што сум навикнат. јас сум сепак во горе-доле изолирана заедница на странски студенти, и иам лимитиран поглед во животот на обичните луѓе. вака од досегашна обзервација, најголеми општествени проблеми, што го засегаат просечниот граѓанин се пренаселеност (види слика горе), корупција (маќедонија е мало дете во тој поглед), загаденост и економско раслојување (моеш да налеташ на 2 кафани една до друга, у едната пивото 50 денари, у другата 800 денари, вака грубо кажано – и се разбира, глеаш две сосема различни групи муштерии, едните без вода у очи, другите без една брчка на костумот)
@биџеј: дали сум играл овде? да, не секој ден, и не толку многу, но да. или ме прашуваш за у живот генерално?
@alx: фала, ептен е друга планета. културните шокови се неизмерно големи понекад. јазичната бариера го праи искуството уште повпечатливо.
February 22nd, 2012 at 21:52
добар пост …
February 22nd, 2012 at 21:52
Ти бе, уште си жив? Мислеф те изеле до сеа
Ајде некои приказни за шоковите, да знаеме што не чека сите у скора иднина
February 22nd, 2012 at 21:52
Шеп, на милијарда и пол луѓе, и ти отиде таму гужва да им праиш… шала на страна, многу добар текст.
February 23rd, 2012 at 21:52
коментар прв дел
А бре луѓе!Многу сте ми очајни кога гледам како пишувате иако тоа го правите со голем ентузијазам и со голема љубов кон кошарката особено кон американската професионална лига NBA.Не сум тука хејтер како некои луѓе што ги има на нет да коментираат негативно без разлика дали содржината на некои текстови е квалитетна туку сакам да ти дадам еден критички осврт на тоа што ми се бендисува во текстот а што не.
Како прво приказната е прекрасна освен за кошарката и се' околу неа имаш напишено и податоци за животот во Кина,ама како прво многу е смешно некој интелектуалец кога не го познава својот јазик.Јас и порано на Каракаш му имам коментирано да пишува на литературен македонски јазик така ем ќе изгледате по професионално а не сељачки,замислете си некои деца што знам се уредници на портали на нет и не пишуваат на струмички иако се од Струмица и баш професионално изгледат.Ај што не пишуваш литератуено македонски туку не пишуваш и правилно, тоест правописно.Замисли си смешен си со Кина ја пишуваш какп Ќина,Кинез како Ќинез,кинески како ќинески,Македонија како Маќедонија,македонски како маќедонски.
February 23rd, 2012 at 21:52
коментар втор дел
Ај остај го тоа ме нервира што немаш познавање од Историја.Како прво Гоце Делчев исто како Александар Македонски имат изјавено дека се Македонци.Види на јутјуб кога Гоце Делчев има оставено завет неговите посмртни останки да се однесат во Македонија кога еден од трите дела ќе се осамостојат,па затоа кога Бугарија била во добри односи со Македонија под водство на Георги Димитров била признаена и македонската нација и народ во Пиринска Македонија.За Александар што да ти расправам земи кога прочитај или види видеа на јутјуб кога самиот Грк Демостен ги вреѓа не Грците.
Остај тоа што ги бркаш историски поимите,ти ги бркаш и етнички.Како прво нема тајпешка нација кога сите тие се Кинези,единствено по што се разликуваат од Кинезите(тие што се од копнениот дел) е по идеолошкото видување на опшеството,Тајпежаните се капиталисти а другите комунисти.Исто е и со Северна и Јужна Кореја,првоте се Корејци комунисти,другите капиталисти.Така беше и со Источна(комунистичка) и Западна Германија.Сите тие се ист народ во две држави различни по опшествен систем.
Како трето не разграничуваш нација од религија.Значи Лин е христијанин,Кинез,ама пак е Кинез.Не верувам дека Кинезите не го сакаат оти е рисјан.Доколку некој Македонец муслиман или протестант игра во НБА сигурен дека и ние што сме православни ке се радуваме.
February 23rd, 2012 at 21:52
коментар трет дел
Се надевам дека сите ови мои критики нема да створат омраза кон тебе и кон сите вас кои што пишувате на овој блог ама потрудете се да пишувате на литературно македонски и правописно,така ќе изгледате по зрело,по интелектуално и по академски,а и ние од другите краеви на Македонија по лесно ќе ве разбереме што пишувате,ем така ќе ви биде по читан блогот и од другите места на Македонија а не само од Скопје.Замислете доколку ви пишав на струмички дијалект,џабе што сум пишал толку текст кога нема да ме разберете и кога нема да ја доловам суштината на муабетот.
И за крај кога зборуваш за Македонија не се страми не се плаши да се кажеш Македонци јас низ цела Европа па и на Азијатите и велев за Александар Македонски и сите знаеја или имаа до некаде претстава која е и каде е Македонија.Сега се разбира на некои прости како ќутуци Жабари(Италијанци) и велев кунг фу Пандев,и дека со него сме од ист град,сите беа воодушевени
))) а најмногу беам воодушевени Наполитанците
))
Поздрав и продолжи да пишуваш (на македонски литературен и правописно а не Маќедонски
)) )
February 23rd, 2012 at 21:52
谢谢!навистина ѓи ценам твоите суѓестии!
February 24th, 2012 at 21:52
хахахаха само пак продолжуваш со ѓи и суѓестии освен ако не го пишуваш тоа иронично
))
February 25th, 2012 at 21:52
Овој Илија је врло проницљив дечко
February 27th, 2012 at 21:52
Проницљив?????? Збори маќедонсќи да те разбере цел свет