Фотка на неделата 112 – Gimme some Love
Posted by Karakash on Monday Jan 23, 2012 Under Фотка на неделатаВидеото од тројкава на Кевин го постирав кога се случи, но не и фотката. Причина, покрај поените за победа, е самиот Лав, кој сезонава има просек од 24.1 поени и 14.1 скокови и кој, барем за мене, е најдобра „четворка“ во НБА оваа сезона. Има повеќе попознати аци од него кои играат на таа позиција, но никој нема такви бројки и такво влијание на играта на својот тим како Кевин. Башка, Вулфси конечно мрднаа маку нагоре и дава плод граењето на тимот околу Лав.
Нормално, не е само тој заслужен за напредокот на Минесота, но без него тоа не би било можно. Човекот со цел да ја подобри својата игра и симна некое килце во текот на летото, а тоа се одразува и врз неговата тројка. Уште да го поправи процентот на реализација, како за два, така и за три (кои треба поретко да ги шутира), и ќе биде навистина страшен. Не дека сега не е, но така ќе влезе во конкуренција за еден од надобрите играчи во НБА.
Можеби сега не ми текнува на некој друг белец (не го заборавив Лејтнер), но Лав ми е најдобриот белец роден во САД уште од Џон Стоктон.



January 23rd, 2012 at 6:01 pm
А настрана од сите (заслужено или не) извикани фаци го имаме Пол Милсап кој од натпревар во натпревар е се подобар и е и тоа како заслужен за успесите на Јута сезонава. Не ги следев толку другите резултати минатата недела но навистина ќе се изненадам ако не го изберат за најдобар играч на запад
January 24th, 2012 at 3:07 pm
лејтнер е роден у ангола :Р
January 24th, 2012 at 3:21 pm
Трол еден .) За ова се јавуваш од Ќина, а?