Вчера не стигнав, така да денеска на брзинка ќе направиме рикеп на се што се дешаваше во НБА во петок и сабота. Денес не се игра ништо. Крисмс е.

Photobucket - Video and Image Hosting

Во петокот, како веројатно сите кои имаа Орбит ЕСПН, ја гледав Лејкерси-Нетси, средба која како што беше доказ за ненадејната зрелост во играта на Коби и големината на Фил Џексон, така беше и доказ дека во Њу Џерси појма немаат што прават. Скинатите лигаменти на Ненад Крстиќ секако дека нема да им помогнат да мрднат нагоре во Титаник дивизијата. Нено ќе биде во аут до крај на сезона, така да за очекување е Нетси да тгрнат по некој квалитетен висок играч, само што нема многу такви достапни. Можеби Гарнет во трејд за Картер?

Гилберт Аринас уште еднаш стана единствен играш покрај Вилт Чембрлен кој постигнал најмногу поени против еден тим. По 60-та против Лејкерси, Жилберто им бапна 54 на Санси за крај на нивната серија од 15 победи по ред. Само Вилт дал повеќе против Санси – 66 – во сезона.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сиксерси конечно победија искористувајѓи го неиграњето на Пол Пирс за Селтикси, кои се послаб тим без Пирс, отколку што е Филаделфија без Ајверсон. Игудала со рекорд на кариера од 31 поени…Во исто време во Денвер, Ајверсон го имаше своето деби и и покрај поразот од Кингси имаше одличен настап од 22 поени и десет асистенции. А и добро му стои новиот дрес.

Photobucket - Video and Image Hosting

Ако Нетси не знаат што да прават по повредата на Крстиќ, тогап со глава во ѕид, и тоа Кинески, се маваат во Хјустон. Јаоза, кој играше МВП сезона е вистински баксуз за повреди и тоа го потврди и против Клиперси синоќа кога скрши коска во потколеницата поради која нема да игра најмалку до рседината на февруари. Ауч. А и � окетси можат да си го сменат името во дежа-Ву. Ви текиња на лани?

One Response to “Малер викенд за Јаоза и Нено, ѕверо Гилберт, Сиксерси се омрсија…”

  1. beto Says:

    Па сеа околу трансферот на ален во редовите на денвер.Па мислам дека и 2та тима си го добија своето со оглед дека 76ките едвај чекаа да се ослободат од него а пак на денвер и е потребен квалитетен играц по суспензиите на мело и Џеј-ар.сите знаеме дека сеа денвер и тоа како ке биде еден од најголемите кандидати за прстенот а особено по враканјето на мело!!!

Leave a Reply