Кога некого ќе прашаат за Нов Зеланд (од кошаркарски аспект) сигурен сум дека само две работи ќе бидат заеднички за секој одговор – Перо Камерон и Хака. Синоќа и едното и другото по последен пат ги видовме на СП во Турција, а можеби по последен пат заедно воопшто, со оглед на годините на Перо. Но, во Ноз Зеланд нема за што да жалат, затоа што успех е самиот пласман во осминафиналето, кој реално гледано е и максимумот на овој состав.

Не треба да жалат ни за Перо, ако навистина одлучи да стави крај на кариерата, затоа што токму тој, заедно со Хаката, ги направи препознатливи и миленици на голем број на фанови последниве десетина години. Ако се во некој “Велингтон 2014“ или пак “Оукленд 2014“ филм, можеби ќе му дигнат и споменик. Со исто толкава количина бронза веројатно можат да направат и лав како нашиве лепотани кои што ги плашат децата на “Гоце Делчев“, но Перо е нивниот лав. И повеќе од тоа.

Русите, кои после едно трапаво полувреме ги пратија дома Перо и компанија, задутре ќе се сретнат со Америте, дуел кој на времето беше историски и кој почесто го добиваа Русите (или поточно Советите). Но, тогаш за САД играа аматери од колеџ, а за тогашниот СССР момци од кои добар дел можеа комотно да се борат за место во некоја НБА екипа. Од 1992 па навака работите драстично се сменија, па така, Американец и ја донесе првата европска титула на самостојна Русија, а на нивната клупа веќе неколку години седи Американец. И тоа американски евреин. Што е за пофалба со оглед на тоа дека евреите и не се баш наклонети кон Русија после тоа што им се случуваше таму во Втората Св. војна.

Но, историјата на страна, дуелот помеѓу Русија и САД има потенцијал да биде интересен. Пред се токму поради Дејвид Блат, но и поради предноста во височина на Русите. Доколку тоа не успеат да го искористат, не им се пишува добро, иако не верувам дека можат да бидат згазени како кутрата Ангола, која залута во последните 16.

Leave a Reply