FIBA – Where “Believe It or Not” Happens
Posted by Karakash on Monday Sep 6, 2010 Under Бизаро, Еуробаскет 2011Денеска FIBA ја донесе следнава одлука. Со тоа сите средби кои се одиграа и пред се средства кои се потрошија во циклусот на квалификации за Еуробаскетот 2011 во Литванија биле само трошење пари и шетање по Европа заради играње пријателски средби на година дена пред стартот на ЕП.
До сега во неколку наврати FIBA донесувала во најмала рака чудни одлуки, посебно кога се во поглед казни или суспензии, но ова е дефинитивно најсмешната и најчуданата од сите нив. Така, со една одлука турнирот кој требаше да има 16 учеснички се зголеми на 24. Не знам чив интерес се штити со оваа одлука, но знам дека Италијаните ќе бидат посебно среќни, пред се затоа што тие беа единственото звучно име кое не успеа да се пласира на ЕП.
Покрај нив, ќе се радуваат и во БИХ, Бугарија, Грузија, Полска, Латвија и пацерите од Украина, кои на двапати ги тепавме во нашата група. За да биде квалитетот на ЕП уште победен, на него ќе се најде и една од трите најслаби репрезентации во “квалификациите“ – Португалија, Финска или Унгарија.



September 8th, 2010 at 21:52
Sramota…